зет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 20:34:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Вељко Ражнатовиќ за првпат кажа што мисли за зетот Немања Гудељ: „Подобро што не се тука“ https://arhiva.vistina.com.mk/velko-razhnatovik-za-prvpat-kazha-shto-misli-za-zetot-nemana-gudel-podobro-shto-ne-se-tuka/ Fri, 23 Feb 2024 11:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339933

Боксерот и син на најпознатата српска пејачка Светлана Ражњатовиќ, Вељко Ражњатовиќ кажа во каков однос е со својата сестра Анастасија и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ. Вељко вели дека Гудељ е легенда, а откри и како се чуствува откако Анастасија ја напуштила семејната куќа и се пресели да живее во Шпанија. -Многу сум задоволен од нејзиниот избор, нејзиниот сопруг е легенда и многу подобро што одбра да живее во Шпанија отколку со нас, вели Вељко.
Инаку, Анастасија ја напушти семејната куќа во Белград и се пресели во Шпанија каде живее со спрскиот фудбалер Немања Гудељ кој игра за Севилја. фото:Instagram printscreen/ veljkoraznatovicfan10]]>

Ќерката на Саша Матиќ му соопшти убави вести: „Мамо, тато, ова е зетот! https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-sasha-matik-mu-soopshti-ubavi-vesti-mamo-tato-ova-e-zetot/ Thu, 15 Feb 2024 08:38:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338729

Музичарот Саша Матиќ никогаш не криел колку е горд на своите ќерки и дека има многу отворен однос со нив. Така еднаш открил дека ќерката Александра прво му кажала дека е заљубена и дека има момче. Нејзината врска е врска на далечина бидејќи потенцијалниот зет на пејачот живее во Црна Гора, но во нивниот случај километрите дефинитивно не се пречка. Постарата ќерка на Саша Матиќ никогаш не бегала да му каже на својот татко се’ што има, исто како и нејзината помала сестра Тара, а Саша во едно интервју откри дека неговата сопруга е построг родител.
- Со мене се’ е можно. Сопругата оди некаде на пат, остануваме тројцата и ќерката вели: „Тато, утре има забава“. Доаѓаат нивните пријатели, отворено разговарам со нив, ги прашувам дали им се допаѓам, разговараат со мене - изјави Саша во емисијата „Реална цена“. - Мислам дека се горди што сум им татко, но тоа никогаш не го потенцираа на училиште. Такви се и до ден денес. Еве, на пример, Александра сега оди во Црна Гора да се види со нејзиното момче, но никогаш не би ми се јавила кога ќе и дадам контакт за да ги олеснам работите на аеродром. Ниту едното ниту другото не е така - рекол Саша, откривајќи дека неговата ќерка е заљубена и дека често го поминува времето со своето момче во Црна Гора за кое вели дека им е потенцијалниот зет. фото:Instagram printscreen/ sasamatic_official]]>

Наум Петрески ја даде раката на втората ќерка: Ја однесе до зетот како на филмовите, а потоа му кажа два-три збора… (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-ja-dade-rakata-na-vtorata-kerka-ja-odnese-do-zetot-kako-na-filmovite-a-potoa-mu-kazha-dva-tri-zbora-foto/ Tue, 26 Sep 2023 07:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319619

За фолк пејачот Наум Петрески песната е секојдневие, а периодов и свадбените прослави. Но, овој пат една свадба имаше најголемо значење со многу емоции, свадбата на неговата средна ќерка Сања. Венчавката била модерна, па според она што го објави на својот Инстаграм, тато Наум му ја дал раката на ќерката Сања на зетот Алекс, движејќи се со неа кон олтарот пред големиот чин и судбоносното „да“. Токму кога му ја предаде невестата на зетот, тато Наум не остави без да му каже некој збор на зетко и тоа да му шепне на уво, така дискретно меѓу нив двајцата. Што имал да му каже, знаат само тие двајцата, а веројатно меѓу зборови стоело и потсртување да му ја чува миленичката. Како и секој татко, поврзаноста меѓу таткото и ќерката е силна, така што иако веќе искусен и претходно со мажачка на ќерка, за Наум ова сигурно беше силно емотивен момент со акцент дека треба да ја даде ќерката. Ова е биде втор зет на Наум, Сања и Алекс се свршија кон крајот на месец мај, а во 2018 година пејачот ја деде раката на ќерката Анастасија на пејачот Владимир Поповски со кого денес имаат две дечиња. За мажачка остана уште најмалата Македонка, а за Стефан кој сега средношколец, има време за да донесе снаа. фото:Инстаграм принтскрин/Наум Петрески]]>

Цеца се огласи за свршувачката на Анастасија и Гудељ: „Џебе се’…“ https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-se-oglasi-za-svrshuvachkata-na-anastasija-i-gudel-dhebe-se/ Thu, 03 Aug 2023 08:21:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312466

Цеца Ражнатовиќ за првпат проговори и откри како се чувствува за свршувачката на нејзината сакана ќерка. Цеца по настапот во Улцињ, застана пред камерите и откри дека за време на самиот настап не можела да дише. - Мислев дека во еден момент ќе престанам да дишам, имаше толку многу луѓе, што немаше воздух - рекла Цеца задишана. Кога станува збор за тоа дека нејзиниот зет, фудбалерот Немања Гудељ, ја сврши ќерката Анастасија , Цеца истакна дека трудот е многу важен и дека навистина покажува колку се грижи за нејзината наследничка. - Многу е важно кога некој се труди, а навистина се потрудил, кога ќе видите дека некој се труди околу вас, тоа ви покажува колку му е грижа. Вниманието е важно, се’ е за џабе, ако не ви се претстави убаво, на начин кој импресионира и угодува на една жена, а тоа е да почувствувате љубов - истакна пејачката и се осврна на односот со внуците: - Што се однесува до моите внуци, ги третирам како да се мои деца - изјави пејачката. фото:Инстаграм принтскрин/Shutter stock promo/Informer.rs]]>

Немања Гудељ не ја остави со празни раце славеничката Цеца: Зетот со еден гест покажа колку ја сака (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nemana-gudel-ne-ja-ostavi-so-prazni-ratse-slavenichkata-tsetsa-zetot-so-eden-gest-pokazha-kolku-ja-saka-foto/ Fri, 16 Jun 2023 09:42:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306573

Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот јубилеен 50-ти роденден. Иако планирала голема забава и за неа се подготвувала со месеци, фолк ѕвездата решила да има нешто поинтимно. Никој во семејството во моментов не е расположен за прослави поради тоа што неодамна и се случи на нејзината ќерка Анастасија. Тешко е да се опорави по ваква трагедија, но - животот мора да продолжи. И покрај тоа, Цеца 14 јуни го помина на малку поинаков, потивок начин, во својата вила на Дедиње, во кругот на најблиските пријатели. Покрај обожавателите и колегите, честитки за прекрасниот ден и упатија и нејзината снаа Богдана и идниот зет Немања Гудељ. „Среќен роденден на оваа неверојатна жена! Цеци моја!“, напиша фудбалерот покрај фотографијата на која го гледаме во прегратка со популарната пејачка. Љубовната слика вреди илјада зборови. Анастасија и нејзиниот избраник неодамна дојдоа во Белград од Севиља, каде што живеат во последните неколку месеци. По загубата на бебето дефинитивно беше неопходна удобноста на најблиските, а покрај тоа Гудељ има обврски и со репрезентацијата. Деновиве тој е во карантин поради претстојните натпревари. Цеца има само пофални зборови за успешниот фудбалер. Неодамна на прашањето дали и недостига ќерката која љубовта ја однесе во Шпанија, таа призна дека и е тешко да биде во друга земја, но и дека се е простено затоа што направила добар избор. - Се одлучи за одлична дестинација, а најмногу ми се допаѓа момчето кое го запозна. Немања е одлично момче! Тие се многу среќни, уживаат во љубовта. Целото наше семејство ги поддржува. Им посакуваме се најдобро. Цеца пред неколку дена му честиташе на Немања за големиот успех што го постигна со својот тим, кога Севиља ја освои Лигата на Европа. - Добро сторено! Најдобриот зет на светот! фото:Инстаграм принтскрин]]>

Наум Петрески има нов зет: Помалата ќерка Сања кажа „да“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/naum-petreski-ima-nov-zet-pomalata-kerka-sana-kazha-da-foto/ Fri, 26 May 2023 10:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303681

Во домот на фолк пејачот Наум Петрески доаѓаат денови за песна, оро и здравица. Неговата средна ќерка Сања Петреска му кажа „да“ на своето момче, а сега веќе и иден сопруг Алекс Антевски. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзината сестра, пејачката Анастасија Петреска која ги објави младите додека Сања го држи кутивчето со прстенот во рака. За разлика од Анастасија, другите две ќерки на Наум, Македонка и Сања не многу се експонираат јавно, така што за нив многу малку се знае, бидејќи и самите не така често се активни на социјалните мрежи. Но кога има убав повод за славење, тогаш заедничките фотографии не изостануваат, па Анастасија и тато Наум како ултра познати ќе покажат нешто од приватноста и за останатите членови од семејството. Кај Наум и Зуица ќе се пее и пие, а овој пат за Сања и Алекс. Ова ќе биде втор зет на Наум откако во 2018 година ја деде раката на ќерката Анастасија на пејачот Владимир Поповски со кого денес имаат две дечиња. За мажачка остана уште најмалата Македонка, а за Стефан кој сега е полуматурант, има време за да донесе снаа.]]>

Тончи Хулиќ открива како се однесува Петар Грашо со неговата ќерка зад затворени врати: „Тој е лош пример“ https://arhiva.vistina.com.mk/tonchi-hulik-otkriva-kako-se-odnesuva-petar-grasho-so-negovata-kerka-zad-zatvoreni-vrati-toj-e-losh-primer/ Wed, 19 Apr 2023 09:45:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298607

Петар Грашо и Хана Хуљиќ не сакаат да зборуваат за својот приватен живот, но затоа нивните постапки често даваат материјал за приказни и шпекулации. На пример, кога на 17 февруари ја крстија својата ќерка Алба, под фотографиите на Хана како сама го носи малото девојче, можеше да се прочита: „Кутра Ханица, вистинска самохрана мајка! Кутрата Алба, нема тато да ја извади од болница, или да ја носи на крштевка! Емотивно се сиромашни!“, беа дел од коментартите на социјалните мрежи. Во последните изјави кои ги даде за медиумите, Грашо не го поштеди ниту таткото на Хана, Тончи Хуљиќ.
- Во моментов сум горд, па и малку загрижен каква мајка е Хана. Затоа што од мало девојче се претвори во грижлива мајка која ја спречуваме нејзината ќерка да ја изеде цела... Тој инстинкт е навистина неверојатен, таа сакаше да биде мајка и и се оствари. Навистина уживаме во тоа дете и во најмала рака е специфично - изјави Тончи за „Ин Магазин“. На прашањето дали има совет за неговиот зет Петар Грашо, тој одговори: - Тој е лош пример за сите сопрузи, човек кој е толку брилијантен во куќата, што сите пријатели што ги одведов таму со нивните сопруги ми рекоа повеќе да не ги носам да го гледаат. Човекот готви дека тоа е неверојатно. Значи, нема потреба да му давам совети, и нема ништо полошо од тоа кога бабите и дедовците премногу се плеткаат. Вмешајте се колку што бараат - заклучил музичарот. фото:Profimedia/Instagram printscreen]]>

Сале – Рокер е на пат да стане ѕвезда во Јужна Кореја: Македонскиот музичар и пејач го бараат да направи концерт во азискиот економски џин (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-roker-e-na-pat-da-stane-zvezda-vo-juzhna-koreja-makedonskiot-muzichar-i-pejach-go-baraat-da-napravi-kontsert-vo-aziskiot-ekonomski-dhin-video/ Fri, 31 Mar 2023 07:34:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295910

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, неодамна ја промовираше својата нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар се претстави со рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни ( Бора-Чорба, „Амадеус бенд“, Ален Исламовиќ...) и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект - легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“Зеле Липовача  кој ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат. Во меѓувреме, Сале јавноста ја изненади со уште едена вест. Верувале или не, скопскиот рокер го бараат да има свој концерт ни помалку, ни повеќе, туку во азискиот економски џин - Јужна Кореја. Целата приказна започнува откако неговата внука од брат, Наташа која живее и работи во Јужна Кореа и е мажена за Кореанецот Бјонг До Ли, со својот избраник ќе дојде на посета во Македонија. Во истата семејна куќа живее и нејзиниот татко, но и нејзиниот чичко - Сале Рокер, па Наташа и корејскиот зет доаѓаат на кафе и... Кореанецот открива каков музичар е чичкото на неговата сакана, кој за нивна душа ќе им презентира дел од својот репертоар и новата песна,чија промоција во живо пред гостите наместо со турско кафе заврши со... македонска ракија. Неговата внука се распрашуваше како настанала песната, ќе има ли видео, ќе ја стави ли Сале на Јутјуб...? Патем Наташа му откри на чичко и дека во видеата која таа со својот сакан ги прави и прикачува на Јутјуб има многу позитивни коментари за музиката на нејзиниот чичко и дека Корејците се интересираат за него, сакаат да ги слушнат песните на неговиот Јутјуб канал. Подоцна, Наташа му јавила дека Јужнокорејците се и тоа како заинтересирани и го канат нејзиниот чичко Сале-Рокер да одржи концерти во нивната земја. За да им го направи ќефот, Сале Рокер и неговата внука симнаа една популарна корејска песна од Јутјуб, а македонскиот музичар и пејач иако не знае ниту збор корејски, а песната прв пат ја слушнал, се обиде „од прва да ја симне“, односно да го отсвири и отпее рефренот на нивниот јазик. По ова атмосферата прерасна во мала семејна журка, каде Сале Рокер на своите гости им свиреше и пееше репертоар песни од неговите, познати македонски и Екс-ЈУ хитови, а веселата семејна дружина фантастично се забавуваше. Особено зетот од јужна Кореја, која запеа, заигра, па во целиот занес и расположение, дури и се обиде да засвири...Макар тоа било на плејбек. Како изгледаше целата приказна, може да проследите од видеото во продолжение кое осамна и во јужнокорејскиот интернет етер и има повеќе од половина милион прегледи (КЛИКНИ ТУКА): На крајот, среќната љубовна македонско - јужно корејска двојка заврши и во видеоспотот за новата песна на Сале - СРВ, на кој ве потсетуваме во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Цеца за првпат проговори за идниот зет: „Таса го најде вистинскиот“ https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-za-prvpat-progovori-za-idniot-zet-tasa-go-najde-vistinskiot/ Tue, 21 Feb 2023 12:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289875

Единствено што и пречи на пејачката е што не може да ја види саканата кога сака, бидејќи Таса често е во Шпанија поради врската со фудбалерот на Севиља. -Ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко да биде во друга земја. Ми недостасува! Но, се’ е простено затоа што избрала одлична дестинација, а најмногу ми се допаѓа момчето кое го запознала. Немања е одлично момче! Тие се многу среќни, уживаат во љубовта. Целото наше семејство ги поддржува. Им посакуваме се најдобро - вели Цеца и додава дека еден ден би сакала да ја види ќерка си во среќен брак:
- Знам дека на многу луѓе денес не им е важна хартијата, но мислам дека е важно да се биде во брак, за брачните другари и нивните деца да имаат исто презиме. Тоа, меѓу другото, прави едно семејство. Подобро е да си во брак поради децата. Но, секој има право на свој избор. И додека Анастасија е во Шпанија, каде средува документи за постојан престој во таа земја, Вељко ужива во Тител, каде што си го нашол својот мир. - Не го сака градот и гужвите, преферира помирни места. Ја сака природата и спортот. Цел ден тренира и вози четворка. Среќен е, а тоа ми е најважно - ја заклучува приказната Цеца. фото:Инстаграм принтскрин]]>