жешко столче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:53:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жешко столче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миро Кацаров од „Златниот тепих“ директно на „Жешко столче“: Од ‘Бекстејџ’ си заминав зашто од некој што е пилот на авион сакаа да ме сведат на шофер на комбе!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-katsarov-od-zlatniot-tepih-direktno-na-zheshko-stolche-od-bekstejdh-si-zaminav-zashto-od-nekoj-shto-e-pilot-na-avion-sakaa-da-me-svedat-na-shofer-na-kombe-video/ Wed, 27 Dec 2023 07:01:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332594

Роден штипјанец, кој веќе две децении живее и работи во македонската престолнина. Пошироката јавност го запозна уште на самите почетоци како водител и новинар на најгледаниот ТВ магазин „Бекстејџ“ во кој беше една од алките на првата екипа. Подоцна замина, за одново да им се врати по нивниот “ривајвал“, каде со Миа Костова беа главните ТВ ликови во ТВ магазинот „од зад сцената“. Но, не издржа долго и овој пат, па желбата за сопствена продукција и своја емисија очигледно беше посилна од „излог на ТВ магазинот“  да се биде само „уште една цигла во Бекстејџ ѕидот“, па Мирослав Кацаров или како што сите го знаат како Миро си замина и набргу застана пред камерите на сопствениот „Златен тепих“ - емисијата која како една од ретките од естрадно - забавен карактер и со такви содржини и ден денес оди во македонскиот телевизиски етер. За „штипјанчето“ во Скопје, за заканите, растежите и падовите во кариерата, за тоа кого никогаш не би поканил во емисија и кој  има одбиено да му гостува, дали и колку тазе сопругата Ивана му го сменила животот, како и каде ја запознал, како ја прифатил нејзината ќеркичка од првиот брак која со нив живее и дали работи на семејна принова, за свадбената забава која несомнено била гала, ама дали и „гага“... Како и за многу други помалку познати или сосема незнаени нешта,  Миро ја отвора душата пред камерата на Никола Трпковски и неговите „жешки прашања“ на „Жешко-то столче“. Што се' кажа Миро Кацаров, кого се' прозва и во какво беше ставен искушение, проследете од видото во продолжение: ]]>

Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/urednikot-na-vistina-antonio-dimitrievski-na-zheshko-stolche-nie-sme-tabloid-no-imeto-dovolno-kazhuva-dali-objavuvame-lazhni-vesti-video/ Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331390

Некогашен музичар кој свирел на тапани во неколку значајни македонски рок групи, меѓу кои најпозната е секако „Меморија“ со која го снима и првиот нивни албум „Оган под ѕвездите“. Речиси три и пол децении во новинарскиот еснаф. Новинар, уредник, ТВ и радио водител, која работел во сите можни медиуми. И електронските и печатените и овие кои се онлајн. Од Млад борец и Фокус, преку МРТВ и Радио Слободна Македонија, до Вистина... Од извршен продуцент и сопственик на „Премиер продукција“ до проект менаџер една цела деценија на „Универзална сала“. Од „Пулсирања“, „Шоуто мора да продолжи“, „Мислам дека имаме хит“, „Хит на месецот“, „Евтини приказни“, до „5 минути Вистина на РСМ“ и „Ништо лично“ на Слободен печат... Автор и организатор на две клучни манифестации кои ја вреднуваа, валоризираа и наградуваа македонската музика и нејзините автори и изведувачи на најрелевантен начин уште во почетокот на 90-те... „12 Величествени“ како и „Македонскиот радиски фестивал - МАкедонската Радио Селекција - МАРС“ кој ги наградуваше најслушаните песни во годината по избор на македонските радиостаници, официјален ПР на последниот „Макфест 2023“... Последните десет години основач новинар и уредник на порталот за култура, забава, естрада, мода, музика... Вистина.ком.мк - Антонио Димитриевски на гости кај младиот водител Никола  Трпковски, седнат на „Жешко столче“ во неговиот истоимен подкаст одговараше на скокотливите прашања за македонската естрада, нејзините ѕвезди и оние кои тоа би сакале да бидат, за оние кои тоа не се, а мислат дека се, за соработката и релациите со нив и нивните менаџери, за порталот во кого е новинар и уредник последнава деценија,  за новинарството и т.н. онлајн новинарство, за односот со колегите од другите медиуми, за паралелите помеѓу популарните од регионот и домашните изведувачи, за Министерството за култура, медиумите, прајм тајмот, забавата... За многу нешта за кои другите не можат, не смеат или не сакаат да зборуваат или немаат што да кажат... Сето ова во видеото кое можете да го погледнете во продолжение... ]]>

Перо Антиќ: „Кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а не да има уште сто попатни луѓе во таа врска“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-antik-koga-ke-si-so-nekoj-vo-vrska-treba-da-ste-vie-dvajtsa-a-ne-da-ima-ushte-sto-popatni-luge-vo-taa-vrska-video/ Sat, 21 Oct 2023 07:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322208

Тој е еден од најдобрите и најпознатите македонски кошаркари на сите времиња. Некогашен играч на „Работнички“, „Црвена Ѕвезда“, „АЕК“,  „Олимпијакос“, „Фенербахче“... подоцна првата македонска НБА ѕвезда како играч на тимот на „Атланта Хоукс“. Во моментов Перо Антиќ е се' уште и актуелен претседател на КФМ - Кошаркарската федерација на Македонија. Градски урбан лик, кој никогаш не престанал да биде актуелен и ексклузивен. Скапите коли и убавите жени велет, отсекогаш му биле слабост. По разводот со неговата сопруга Ружица, неговиот приватен живот е постојано во фокусот на јавноста. Сите сакаат да дознаат со кого Перо ги дели емоциите и интимата, која градска позната или непозната девојка му е во прегратки. Интересот за неговата приватност особено порасна за време на врската со светски познатата македонска манекенка и модел, Катарина Ивановска, која во меѓувреме исто така се разведе, односно го напушти заедничкото живеење со својот невенчан сопруг. На почетокот од годината таа и Перо ја раскина врскатаа за тоа нешто Антиќ говори малку повеќе од вообичаеното: „Секој прави грешки во животот, така што треба да се учи од грешките... За мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца и да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Но, ништо не е грешка во животот, се е школа. Ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка“ -  вели Антиќ и потврдува дека е повторно заљубен и во врска, но не откри со кого, иако јавноста веќе некое време шпекулира дека негова нова девојка е . За кариерата и кошарката во Македонија, за својот приватен живот и неговите растежи и падови, за промашените и успешните врски... Перо Антиќ говори одговарајќи на прашања, седнат на „Жешко столче“ во  уште еден подкаст на неговиот домаќин и наш Интернет соработник, Никола Трпковски. ]]>

Откако Марија Луиса ги извади гаќичките среде емисија, а жените „ја распнаа“ на социјалните мрежи, за да не креваат џабе ѓурултија, пејачката им возврати со среден прст и нова голотија: „Им го разубавив денот на моралните теткици“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-marija-luisa-gi-izvadi-gakichkite-srede-emisija-a-zhenite-ja-raspnaa-na-sotsijalnite-mrezhi-za-da-ne-krevaat-dhabe-gurultija-pejachkata-im-vozvrati-so-sreden-prst-i-nova-golotija-im-go-razubavi/ Wed, 18 Oct 2023 11:05:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322728

Без Марија Луиса Тодоровска дефтивно нема забава... И кога пее на сцена, ама и кога микрофонот и е „паркиран во лер“, фолкерката мора да смисли нешто што ќе ја распамети јавноста. Или барем дел од неа, како што тоа го направи со последното нејзино гостување седната на „Жешко - то  столче“. Не само што „без влакна на јазикот“ пејачката одговараше на незгодните прашања, туку „око да не и трепне“, тврдењата ги поткрепи и со факти и докази... Како на пример во одговорот на прашањето дали навистина на настапи не носи гаќички? За да нема дилеми, претпоставки, нагаѓања и недоумици, Марија од чантата извади и ги покажа нејзините „специјални гаќички“  кои се наменети и за специјални прилики... Најмногу за настапи, на кои кажа дека секогаш ги носи, а истите се лепат однапред и одзади, па изгледа како да ги нема, иако секогаш на себе ги има. Фолкерката дури истите и ги подари на некоја дама од гледачите на емисијата... Арно ама гледачките или поточно читателките на социјалните мрежи, барем дел од оние оние  повозрасните или потрадиционалните, не само  што не и се заблагодарија, туку пејачката само што не ја „распнаа“! Коментарите „кој од кој - дабетер“ па Марија Луиса не можеше да премолчи и за да „не остане покуса“, веднаш им возврати. До душа најпрвин  објави дел од коментарите „на нејзина сметка“, посебно именувајќи секоја тетка, па напиша:  „Им го разубавив денот на моралните теткици“! А, за да не креваат џабе ѓурултија, пејачката им возврати со високо кренат среден прст и нова голотија?! Така барем изгледа или може да се протолкува дел од новата еротска фотосесија на Марија, чии сегменти пејачката ги споделила. Топлес поза и високо кренат прст со порака до оние, на кои баш не им се допаѓа нејзиното однесување: „Бакнеж за мразачите“! Патем тоа не е се'... Марија Луиса не би била македонската Северина, ако нема што што да  (по)каже и тоа многу повеќе од другите... А, има!  И тоа уште нешто најново, по се' изгледа истото повторно како одговор на хејтерите, да им е наменето!? Истиот тој среден прст, само од задна песрпектива... Па сега вие видете дали зад прстот пејачката нема гаќички... Или сепак ги има? Фото: Јутјуб/Zesko Stolce/Инстаграм/luisa.todorovska/Драган Ристовскаи - D.R.D._media        ]]>

Ламбе Алабакоски: „Со тоа што го направив не се прославив, но луѓето разбраа зошто тоа го сторив, за што и ден – денес добивам закани“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lambe-alabakoski-so-toa-shto-go-napraviv-ne-se-proslaviv-no-lugeto-razbraa-zoshto-toa-go-storiv-za-shto-i-den-denes-dobivam-zakani-video/ Mon, 09 Oct 2023 09:12:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321630

Некогашното талентирано момче кое произлезе од музичкото натпреварување „Потрага по ѕвезди“ за кусо време и самиот се вивна меѓу нив. Ламбе Алабакоски беше пејач кого младите го обожаваа, имаше хитови, дуети, настапи... И кога сите очекуваа дека ќе го направи финалниот чекор да го освои музичкиот трон и суверено да завладее со него, тој направи еден друг, сосема неочекуван чекор. Се ожени за Македонка која веќе живееше во Америка и заедно со неа замина за САД. оформи семејство, се родија дечиња, работеше и живееше преку големата бара се додека еден ден македонската јавност одново „прку ноќ“ не ја изненади со нова одлука - се вратил засекогаш во татковината. Не помина долго, името на  пејачот од Љубојно одново се најде во фокусот на јавноста... Но, овој пат не заради песните и музиката, туку заради нешто сосема друго и неочекувано, нешто заради кое од многумина беше прогласен за „македонски патриот на д патриотите, современ гемиџија со храбро срце“, од некои други за пироман, откако ја запали вратата на бугарскиот клуб со фашистичко име во Битола. За сите горливи теми и горчини, за животот во Америка и враќањето во Македонија, за патриотизмот и заканите, за музиката и заработувачката, очекувањата и разочарувањата, за сите животни премрежја и оние приватните и професионалните, Ламбе Алабакоски говори одговарајќи на прашања, седнат на „Жешко столче“ во  подкастот кај неговиот домаќин Никола Трпковски. Што кажа и раскажа популарниот пејач, проследете од видеото подолу: ]]>

Иван Јованов реши да отвори душа и јавно се исповеда: Пејачот раскажа за односот со Антониа, се’ за новата девојка, идниот брак и бебето што доаѓа… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-jovanov-reshi-da-otvori-dusha-i-javno-se-ispoveda-pejachot-raskazha-za-odnosot-so-antonia-se-za-novata-devojka-idniot-brak-i-bebeto-shto-doaga-video/ Fri, 29 Sep 2023 07:33:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320307

По турбулентната година во која беше многу повеќе приватно отколку професионално во фокусот на јавноста, по се' што му се случуваше во пропаднатата врска со сега веќе бившата девојка Антониа Гиговска, пејачот на „Либеро бенд“, харизматичниот Иван Јованов неодамна одново ја шокираше јавноста. И тоа повторно со сегмети од приватниот живот, но овој пат во вид на пријатни вести кога од нигде - никаде, како „гром од ведро небо“ обзнани  дека наскоро ќе стане татко. Ја претстави во јавноста и својата нова избраничка, охриѓанката Ивана Зимбо, а обајцата и јавно открија дека очекуваат женско дете, односно ќе станат родители на ќеркичка. Иван, со исклучок не едно интервју за „Бекстејџ“, за она што му се случуваше малку сакаше да зборува во јавноста и досега, но сега реши да седне на „жешкото столче“, да ја отвори душата и на некој начин јавно да се исповеда. Пејачот во старт призна дека во вакум периодот меѓу двете сериозни  врски- онаа со Антониа и оваа, која би требала да заврши со брак со Ивана, скршил многу женски срца. За идната животна сопатничака пејачот вели: “Ивана е девојка која не беше експонирана во јавноста и мислам дека така и ќе остане. Приватноста овој пат ќе ја зачуваме за себе. Од најблиските пријатели, семејството не криев дека сме заедно, но повеќе бевме во Охрид, каде нашето опкружување се дружеше со нас и знеше за нашата врска...“ - раскажува пејачот. Тој вели дека му се исполнила желбата за обете нешета - и да има дете и тоа да биде женско, зашто поскавул ќерка, но второто би сакал да биде машко, зашто смета дека девојките се позрели додека растат, па сестричката ќе го учи помалото братче. Името на ќеркичката се' уште не го открива, иако вели дека не мрази ниту едно име, но сепак не ги преферира баш оние старите, како и имињата кои се некекво клише и често употребувани. „Она што најважно, јас сум веќе оддамна подготвен за улогата татко и знам да чувам деца“ - порачува Иван.  Што се однесува до свадба... Ќе направиме венчавка со матично, а свадбата ќе почека најпрвин да се роди девојчето, па потоа може да направиме голема свадба“ - додава тој. Кога е неговата приватност од блиското минато во прашање, Иван вели дека по разделбата со Антониа Гиговска само еднаш и тоа случајно се сретнале во еден скопски мол на поминување и толку. Никаква комуникација понатму не постоела меѓу нив, ни непосредно пред, ниту по породувањето на пејачката. За конкуренцијата и плановите со „Либеро бенд“, настапите дома и во дијаспората, трачевите за себе и односот на медиумите, дали ќе се пресели да биде „охидски (дома)зет“, дали и' ја честитал на бивашата девојка приновата, дали се плаши дека некој „ нов другар“ би можел да му ја „украде“ идната сопруга Ивана или сега научил да ги бира и другарите и девојките... во разговорот подолу на „Жешкото столче“ на кое Иван Јованов седна да разговара со неговиот домаќин Никола Трпковски. ]]>

 Дијана Оу – Џи меѓудругото и отворено проговори за своите „Only Fans“ услуги: „Најбизарното нешто што ми го побарале е да им продадам свој и*мет и у*ина за 500 евра“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dhi-megudrugoto-i-otvoreno-progovori-za-svoite-only-fans-uslugi-najbizarnoto-neshto-shto-mi-go-pobarale-e-da-im-prodadam-svoj-i-met-i-u-ina-za-500-evra-video/ Fri, 22 Sep 2023 07:53:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319156

 Дијана Оу - Џи седната на “жешко столче“ јавно обзнани дека решила да се одјави... од македонската музичка сцена. Скромно тврди:  „Нема место за голема ѕвезда како мене под ова небо... Моите хоризонти се проширија. Успехот овде не може премногу да се уновчи, не мо може да ги задоволи моите апетити, а тие многу пораснаа. Мојата нова мисија е пробив на српската сцена, план кој полека почнав да го остварувам“. Дијана за прв пат ја пофали и Луна, нејзината колешка која и го презема поранешното момче - проуцентот Тракер, како и нејзината нова песна, за која вели дека уште пред 6 месеци ја имала во нејзиниот компјутер, и се допаднала, но... како и Тракер и песната завршила кај конкурентката. Пејачката потврди и дека ги слуша и следи и останатите домашни артисти: „Таско ми е како и секогаш млитав, а Пајак е супер... Го слушаат и горе, во Србија“ - вели Дијана. Траперката кажа што мисли за учеството во ријалити, па откри дали се исплати да заработуваш преку релно шоу и дали и  ги исплатиле парите од „Задруга“. „Тоа не е  за реален и толку искрен човек како мене. Моментално работам и заработувам како келнерка и шанкерка, ја работам и мојата „Онли фенс“ страница и правам музика. Да има денот повеќе од 24 часа би можела да работам уште три работи“ - вели динамичната скопска убавица со привремена белградска адреса на живеење. „'Онли фенс' е мојот прв  'in com' за пари... До душа сум добивала се' и се'што од понуди и барања, но сепак... има пари“. „Најбизарното нешто што ми го побарале?  Да им продадам свој измет и урина за 500 евра!!! Во денешно време ништо не е нормално иако секој има свој фетиш и начин како се задоволува... Па, ако е тоа она што ги задоволува моите купци... јас сум тука да ги услужам“!
@iamdijanaog #zatebestranabalkan #dijanaog #foryou ♬ GoodFellas - Jala Brat & Buba Corelli & FT Kings
И покрај тоа, кога е љубовта во прашање, Дија Оу Џи потврди дека сега е најзаљубена на целиот свет: „Сега сум во врска и тоа не е 'врска без врска', зашто мојот партнер многу ме почитува во се' што правам и не му пречи ниту мојот „Оnly fans“, дури доаѓа со мене кога снимам, ме слика и ми помагаа, се е супер... Цветаат рози“ - вели Дијана. За пријтелите и непријателите, за среќата и парите, обожавателите и хејтерите, барањата и желбите... И за многу други нешта што ги кажа, раскажа и обзнани македонската траперка и горда  „Оnly fans“ сопственичка  Дијана Оу Џи, седната на „Жешкото столче“  кај нејзиниот домаќин Никола Трпковски,  ќе дознаете ако го проследите комплетниот разговор во видеото во продолжение: ]]>

Дијана Оу-Џи по излегувањето од најгледаното ријалити: „Во ‘Задруга’ не може да биде чисто кога таму живее стока, а старлетите се многу повалкани од мажите“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dhi-po-izleguvaneto-od-najgledanoto-rijaliti-vo-zadruga-ne-mozhe-da-bide-chisto-koga-tamu-zhivee-stoka-a-starletite-se-mnogu-povalkani-od-mazhite-video/ Mon, 06 Feb 2023 07:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287467

Откако и заврши учеството во најпопуларното регионално ријалити „Задруга“, македонската поетеса и (т)раперка Дијана Дурлевиќ, позната под естрадниот прекар Дијана  Оу-Џи    ( Diana OG)  реши  малку да одмори од се што таму и се случуваше иако ова ново искуство за неа како да беше добродојдено. Уште додека беше во „Задруга“ таа му гостуваше на колегата Фокс во неговата нова песна и видеото насловени „Недостајеш“, која постигна прилично забалежителен успех, а сега Дијана подготвува нешто сосема свое и ново работејќи во своето новоотворено домашно студио, кое би требало да го промовира наскоро. Во меѓувреме русокосата скопјанка ја смени и својата адреса, па сега всушност живее на реалација Скопје-Белград, зашто, како што самата вели, Скопје и Македонија и се во срцето, ама Белград и Србија се многу подобри за работа и правење кариера. За тоа како си помина, што доби и доживеа, што виде и што научи во „Задруга“, за тоа колку српските старлети се чисти, а колку дрски, за идните планови во кариерата, за љубовта, сексот и идните врски во најава, за тоа дали дефинитивно се сели во Белград или во српската престолнина ќе има само чести екскурзии, затоа од што подобро се живее од музика или разголување на најзината„Онли фанс“ страница за возрасни, за социјалните мрежи воопшто... ...И уште за многу други нешта што некој друг можеби и би ги премолчел, Дијана Оу-Џи ги раскажа откако седна на „Жешкото столче“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Мартија Станојковиќ седна на „жешко столче“ па одоговараше на „незгодни“ прашања, меѓудругото и на она „најжешкото“: Дали и го „украде“ момчето на својата другарка Антониа Гиговска? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/martija-stanojkovikj-sedna-na-zeshko-stolche-pa-odogovarashe-na-nezgodni-prashanja-megjudrugoto-i-na-ona-najzeshkoto-dali-i-go-ukrade-momcheto-na-svojata-drugarka-antonia-gigovska-video/ Mon, 31 Oct 2022 09:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273454

Оние кои ги следат и подобро познаваат естрадните збиднувања на домашната естрада, па и голем дел од следбениците на социјалните мрежи, особено младите,  знаат дека двете ваеројатно најталентирани и најпопуларни пејачки од помладата генерација, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ  се не само колешки, туку меѓудругото ако не најдобри другарки, тогаш сигурно многу блиски пријателки. Тоа многупати го покажале и јавно, споделувајќи фоторафии и видеа на социјалните мрежи од нивните приватни дружења. По сите естрадно-кулоарски муабети, написи, објави... приказната за разделбата на Антониа Гиговска и нејзинот момче Иван Јованов стана  уште поскокотлива и позаплеткана, откако токму нејзината (нај)добра другарка Мартија заврши со бившотото момче на Антониа… До душа, само на иста сцена, откако во неколку наврати беше повикана да биде специјална гостинка на пејачот и неговите „Либеро бенд“ на нивните настапи. Оттаму веднаш почнаа да кружат и новите приказни, за наводната нова „естрадно-љубовна шема“...? Мартија  беше гостинка во Јутјуб емисијата „Жешко столче“ на водителот  Никола Трпковски кој ѝ постави низа непријатни прашање. Едно од тие беше во какви односи е со Иван, поранешното момче на Гиговска?Дали Мартија навистина и го „украде“ момчето на својата другарка Антониа? Што одговори Мартија и на какви сѐ други незгодни прашања одговораше младата кумановка седната на „жешкото столче“, погледнете во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  Фото и видео Јутјуб/ Zesko sloce и Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic  ]]>

Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-trpkovski-od-zeshko-stolche-na-muzichkata-scena-kako-ninne-so-sada-znam-video/ Wed, 09 Feb 2022 13:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238358

По три успешни сезони на забавната емисија „Жешко столче“ снимени во Скопје и во Белград, водителот на емисијата Никола Трпковски отвора ново поглавје, зачекорувајќи и на музичката сцена, овој пат како Ninne. Неговото прво музичко остварување со наслов „Сада знам“, имаше своја промоција и премиера во Intermezzo Music Bar на 08 февруари, вторник,  како и на каналот на „Жешко столче“ на You Tube. Интересна нумера испена истовремено и на српски и на македонски јазик, лесно прифатлив звук, модерен бит и ултрамодерен видео запис. Музиката е на фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов  и Деки, исто така член на групата, додека ‭стиховите ги напишала младата раперка, ‬Дијана‭ ‬ОГ. Иван Јованов и неговата девојка, Антонија Гиговска дадоа свој придонес и во целиот процес на пеење и се јавуваат како придружни вокали чии гласови ги слушате во позадина на снимката. Видеозаписот е потпишан од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле и од матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко столче“, а во спотот се појавува и моделот Сара. Како изгледа и звучи сето ова спакувано, проследете во видеото подолу: ]]>