женски хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Aug 2021 12:53:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png женски хор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Женскиот хор „Менада“ вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/zenskiot-hor-menada-vecherva-na-ohridsko-leto/ Tue, 17 Aug 2021 12:53:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215698

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ настап на женскиот хор „Менада“ под диригенската палка на маестро Ивица Зориќ. Хорот МЕНАДА е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија и Европа меѓу кои награди на натпреварите во Добрич, Цеље, Литомишл, Бад Ишл, Превеза, Нерпелт, Краков и Римини. За квалитетот на хорот сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи и тоа во: Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Косово. Ивица Зориќ дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв Доктор од областа на интерпретација во Република Македонија. Во 1977 година го основа детскиот хор „Лале”, а во 1981 година го основа и женскиот младински хор „Менада” во Тетово. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 500 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале” и „Менада” има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде освојува бројни награди и признанија вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година. Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО”. Иницијатор е и основач на Балканскиот Хорски Форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од Р. Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија.  Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Р. Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива „19 Ноемвриската” награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ”, во 2005 највисоката државна награда на Р. Македонија „11 Октомври” и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за „Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија”. Настапот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.]]>

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ https://arhiva.vistina.com.mk/tradicionalen-bozikjen-koncert-na-horot-sv-zlata-meglenska/ Sun, 07 Jan 2018 08:23:45 +0000 http://vistina.mk/?p=9021

Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ вечер ќе го одржи традиционалниот концерт „Божиќ – Слава“ по повод празникот Христово раѓање – Божиќ. На концертот на хорот „Св. Злата Мегленска“, кој го води диригентката Летка Димовска-Полизова, ќе гостуваат мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје. Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија. Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот. 
]]>