зеница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:01:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зеница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Шерифовиќ со хуман гест: Ќе се потруди Мустафа, уличниот пејач – бездомник од Зеница да добие дом и со вратоврска да запее во „Ѕвездите на Гранд“? (ИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-so-human-gest-ke-se-potrudi-mustafa-ulichniot-pejach-bezdomnik-od-zenitsa-da-dobie-dom-i-so-vratovrska-da-zapee-vo-zvezdite-na-grand-ideo/ Wed, 07 Jun 2023 11:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305335

Иако Марија Шерифовиќ е бескрајно талентирана, а пејачката и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“ публиката не ја сака само поради добриот глас и големите хитови. Марија многупати им помогнала на луѓето и на многумина им дала добар пример со своите хумани постапки, кои ги прави и сега. Имено, пејачката била крајно потресена откако видела видео од талентираниот уличен пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој за жал останал без дом и сега живее на улица како бездомник. „Овој тип спие некаде во Зеница под мостот. Неговото име е Мустафа. Доколку некој од Зеница може и сака да го најде, ве молам да ме контактира. Мустафа нека добие дом! “ – сподели Марија преку социјалните мрежи. Инаку, на Јутјуб се појави видео на кое Мустафа си го разголи животот. „Бев под кирија и повеќе не можев да продолжам да плаќам. Секој месец морав да имам двесте марки, а каде е храната. Малку можев да заработам од пеење, ама дождот ме избрка, непрекинато врне месец и половина. Немам пријатели и роднини, немам ниту татко ниту мајка, никој свој. Јас сум без нив од седум години и цело време живеам на улица. Не можев да најдам работа, пишувам и не ми одговараат“ - рекол уличниот пејач од Зеница. Мустафа изразил голема желба да се појави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, но како што вели не е во можност. Мара токму тој дел го сподели на својот Инстаграм профил. „За таму треба да имаш пари. Можам да одам и да аплицирам, но како? Не можам да одам таму со 10 марки. Џабе... ти требаат пари за убаво да се облечеш, да имаш вратоврска. Треба да се претставите, од каде сте, име и презиме, колку години имате. Би се пријавил, но не можам“ – вели младиот човек на видеото, поради што Марија рекла дека ќе му помогне, а вратоврска лично ќе му подари. Во видеото подолу погледнете ја приказната за Мустафа од Зеница: Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda]]>

Таиб Сеферовиќ, „легендата“ од Зеница: Имал 49 жени, има 50 деца и 250 внуци… сега ја бара 50-тата да ја ожени (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/taib-seferovikj-legendata-od-zenica-imal-49-zeni-ima-50-deca-i-250-vnuci-sega-ja-bara-50-tata-da-ja-ozeni-foto/ Wed, 20 Feb 2019 12:44:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73828

Тој е вистинска легенда, чија животна приказна е повеќе од интересна и вистински раритет дури и во светски размери. Како и не би бил, кога Таиб Сеферовиќ од Зеница ја бара 50-тата жена за да ја ожени! „На 11 години се оженив за прв пат. На 13-годишна возраст, го добил своето прво дете. Во мојот живот имав 49 жени, 50 деца и 250 внуци. Бев во основно училиште од второ одделение кога за прв пат се оженив. Не се малку 50 деца, да ги створиш. Сè уште не ја најдов 50-тата жена, но ја барам. Жалам за мојата последна сопруга, таа почина. Ги сакав сите мои жени. Брзо се заљубувам, но брзо и се заситувам“- вели Таиб во смеа.
Тој бил спортист, боксер, хармоникаш, таксист. Патувал по целиот свет и правил деца каде и да стиге. "Ме знае цела Европа, а деца имам по целиот свет. Јас живеам нормален живот. Не пијам, не пушам. Во брак бев со која како: по еден месец или два, по една година, или 20 години. Сексот е од клучно значење. Можам по  15 пати во една ноќ. Мојот син не може повеќе од два пати.  Жените сакаат добар провод во креветот. Мора да бидеш со нив отворен. Ним малку им треба... малку секс и дружење. Сексот е закон. Не спиј со жена ти десет дена, и да видиш како потоа ќе се однесува“ - објаснува Таиб. Џемила ја сакал повеќе од сите други. Таа сега е во Германија,  омажена, но никогаш не ја заборавил. "Сега сум во потрага по 50-тата жена и нека се јават  сите кои се заинтересирани. Бев во Русија, Бугарија, Полска, Германија, Турција, таму имам две деца, па ако ова го видат, нека ми се јават. Знам можеби за 30 од моите деца, каде се, што се и што работат, за другите не знам ништо.
Дури и во Украина имам дете, како и во Србија, Хрватска, јас дури и не знам каде се не ги оставив своите потомци. Неодамна ме запре полиција, приоѓа едно момче во униформа до автомобилот и ми ги бара сообраќајната и возачката дозвола. Јас му ги дадов и чекам да ми ги врати, а тој никако да ми ги даде. Излегов од автомобилот, дојдов до него, го прашувам што е проблемот, каде сум згрешил. Тој свртен со грб, наеднаш се врти кон мене и ми вели: Ти си мојот татко, и почна да плаче“ - раскажува Сеферовиќ.      ]]>