жени триесети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 May 2019 11:15:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жени триесети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најчестите замки во кои запаѓаат жените во нивните 30-ти https://arhiva.vistina.com.mk/najchestite-zamki-vo-koi-zapagjaat-zenite-vo-nivnite-30-ti/ Wed, 15 May 2019 11:45:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88047

Триесеттите се можеби најдобрите години од животот, па треба да бидете свесни за вашата сила, младост и безбројните можности. Целиот живот е пред вас и токму во овој момент можете да живеете со полна пареа. Триесеттите се период на многу важни избори за жените – прашањата за кариерата и семејството почнуваат да се судираат, па многу од жените запаѓаат во некои од следниве замки. 1. Секој нов партнер е потенцијален татко на вашето дете Ова е начин да не губите време со некој којшто не го сака истото што и вас, како на пример сериозна врска, семејство или брак. Но ова е и притисок кој не ви овозможува да се опуштите и да уживате во врската, а истовремено не ви дава ни време да видите каде ќе ве однесе целото искуство. Можно е да се откажете од навистина добар партнер, само затоа што во тој момент не сакал деца. Најчесто ќе ги донесете најважните животни одлуки доколку не размислувате премногу од нив и ако одвреме-навреме му дозволите на универзумот да си го заврши своето. 2. Верувате дека сте се пронашле себеси Можеби ова е вистина, но времето на експериментирање и нови искуства воопшто не е зад вас. Се вели дека до 40-тите би требало да знаете кои сте, да знаете што е што и да ја откриете смислата на вашиот живот. Но вие ќе се откривате себеси и после 40-тите, и после 50-тите, односно, сè додека сте живи. Она што најверојатно го очекувате од себе и од животот е да следите некој пат, а разните глупости да ги оставите зад вас и да постапувате мудро и достоинствено. Но, луѓето прават глупости на секоја возраст, па ако бидете отворени за експериментирање ќе бидете свесни за вашите постапки и ќе бидете одговорни за нивните последици. Понекогаш можеби ќе ги избегнете глупостите, освен ако тоа не е нешто што навистина го сакате. 3. Почнувате врска со личност што добро ја познавате Оваа врска не е бидејќи ви се допаѓа личноста, туку бидејќи знаете на што сте со неа. Ја познавате и свесни сте дека ќе нема непријатни изненадувања и ризици. Правите компромис во љубовта бидејќи верувате дека така треба да постапуваат возрасните и зрели личности. Но, вие сте сè уште млади и имате време да ги воочите вашите грешки, па дури и да платите за вашите избори како секоја одговорна и зрела личност. 4. Почнувате врска со колега Ова е можеби интересно искуство и е замка во која запаѓаат многу жени. Доколку веќе неколку години работите на исто место, ги гледате колегите како второ семејство. Сепак, со нив минувате најголем дел од времето. А доколку со некој колега имате некаква хемија, лесно е да му се препуштите на искушението. Некои од овие врски стануваат бракови, но некои се само лекции кои ќе ве научат дека не треба да го правите тоа. 5. Се чувствувате посилно и поспособно од машките Најверојатно ова чувство е објективно. Во триесеттите, кога прв пат ќе го почувствувате ова, ќе почнете да се прашувате зошто воопшто ви е потребен маж во животот. Штом еднаш ќе западнете во оваа замка, можно е никогаш да не излезете од неа бидејќи ќе стане ваша животна вистина. Доколку си го поставувате прашањето дали воопшто ви е потребен маж, одговорете си искрено, без цинизам и горчина. извор:кафепауза.мк]]>