жена за сто години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Mar 2020 13:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жена за сто години – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јордан Митев има – „Жена за сто години“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ima-zena-za-sto-godini-audio/ Thu, 05 Mar 2020 13:13:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137767

Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“, која како и сите останати песни е комплетно авторско дело на самиот пејач. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи на домашната естрада. За песната е најавено дека дополнително ќе се снима и видеоспот. Инаку, Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод во втората половина од 2020 година планира да одржи и голем солистички концерт како и концерти во неколку градови низ Македонија. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму во 2020-та. Во меѓувреме, треба да се појават уште четири нови песни кои ќе го заокружат албумот, а носечка песна на истиот ќе биде „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песната која веќе стана омилена на многу генерации. И додека чекаме да видиме како изгледа, слушнете како звучи неговата „Жена за сто години“, чиј комплетен автор како што споменавме е самиот тој (музика, текст, аранжман), а истата е снимена во студиото „Анастасија“ во Скопје, а како музички продуцент е потпишан Љупчо Павловски: ]]>