земјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 13:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Земјотрес“ во МКЦ по 12-ти пат: Фестивал на свежа, домашна и независна музика https://arhiva.vistina.com.mk/zemjotres-vo-mkts-po-12-ti-pat-festival-na-svezha-domashna-i-nezavisna-muzika/ Wed, 24 Jan 2024 13:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336142

Се тресеме. Сите заедно. Се тресеме од студ, се тресеме од неизвесност…. се тресеме од извесност. Се тресеме од туѓите избори, од памет не вадат нашите избори. Се тресеме 12 години со нашиот „Земјотрес“, се тресеме елегантно, ма прекрасно се тресеме. Скопје е трусно подрачје, совршена сцена за урбана зомби апокалипса во континуитет. Па се тресеме во континуитет. Се тресеме во ритмот на музиката, кожи наежени, младост подготвена да експлодира низ конзервата на ебеното примитивно општество. Се тресеме од општеството, а би сакал ние да го треснеме посред глупата му фаца.
Земјотресно Скопје. Дојдете да се тресеме заедно по 12-ти пат во МКЦ, а и МКЦ се тресе. Ладно му е. Додете да го гушнеме. Дојдете да се видиме, прегрнеме.
Настапуваат:  Ади Имери трио, Андреја Салпе, ATA, Damage Control, Добрила и Дориан дуо, Donplaya, Gargara, Искра,  Кенопсија, Културно Уметнички Работници, Lincoln Letter,  Luke Levin, MC Kain, Meggy, Мирко Попов, Новиот почеток, ОВЦ Колектив, Tengri, The Ooz, Trendkill, Visionary...
„Зeмјотрес“ e nајголем фестивал на свежа, домашна и независна музика
Сабота, 3-ти февруари 2023, почеток: 19:00, крај: 04:00
 Локација: Младински Културен Центар Влезници во претпродажба на bileti.mkc.mk + билетара на МКЦ
]]>

26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив… по втор пат! https://arhiva.vistina.com.mk/26-ti-juli-1963-denot-koga-skopje-se-razbudi-vo-uzhas-a-jas-se-rodiv-po-vtor-pat/ Wed, 26 Jul 2023 08:56:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311554

Роден сум на денот кога Скопје се разбуди во ужас... Всушност, роден сум малку порано, но  тој ден се родив по втор пат... Како речиси тримесечно бебе на кое  26 јули 1963 за малку можеше да му биде датум кој се испишува после онаа цртичка пред датумот на раѓање... За среќа, фала му на Бога,  се’ се завршило поинаку. Скопје, населба Пролет, зграда број 9, влез трети, втори кат... Тоа утро мајка ми Добрила станала рано, за да ми подготви храна. Мене, на нејзиното првороденче. Во тесното станче од 50-ина квадрати, четири генерации... Прадедо ми Теодосија, неговиот син – дедо ми Драган со баба ми Илина,  вујко ми Филип – се’ уште ерген, мајка ми и татко ми Трајче, тогаш се’ уште студент и секако јас, мало бебенце, прва радост во семејството. Најстариот, речиси 90 годишен, склеротичен, некогашен белградски печалбар „у време краља“ прашува: „Зашто ова дете плаче, чије е?“ – а мајка ми онака смирено: „Па мое е дедо, наше е... внуче ти е“. „Па зошто плаче, што га не смириш? – прашува стариот, а мајка ми: „Па, гладно е, затоа, еве му подготвувам јадење“. „Не, није тачно... Ти не умеш да го чуваш... Ако не умеш  да га чуваш, поклони га држави... Она ќе да се стара о њему“ – со полусрпски, полумакедонски враќа стариот и тогаш одненадеш чуден татнеж и старотен потрес . Плафонот почнува да пука, подот да се тресе, ѕидовите се лулаат како клацкалка, малтерот се рони, неподнослива бучава... Чиниш светот се превртува наопаку.  Тресењето трае, тапа заглушлива бучава и прашаина насекаде. Метежот во паника да се спаси главата инстинктивно се претвора во хистерија... „Симнувајте се, бегајте, сите надвор, земјотрес“...! Паѓа потпорниот ѕид  што го дели станот од соседите, се урива дел од скалите во влезот... Семејството за миг е надвор... Но, не сите. Минува нецела минута од шокот, кога мајка ми спискува: „Бебето, каде ми е бебето“? Го нема и најстариот, (пра)дедото... Шокот се претвора во паника, додека надвор тлото се’ уште повремено се потресува, а наоколу се слушаат пискотници, викотници, плач, лелек, довикувања, општа хистерија... Вујко ми Филип, тогаш студент, младо и силно момче, фудбалер на Вардар и подоцна негов долгогодише претседател, без двоумење онака, бос се стрчува назад кон влезот на зградата. „Немој Филипе...“ – вика по него баба ми и останатите, но тој не слуша никого. Се враќа по мене, по тримесечното бебенце кое онака целото во плач, прашина и малтер  на раце го изнесува надвор, а потоа одново оди горе по дедото. Вториот обид - за малку фатален. Се уриваат скалите, но во последен момент некако успеваат тој и стариот да се извлечат. Постземјотресните  минути и часови течат во општа агонија... Јулското сонце  го пече осакатеното Скопје  додека се чека медицинска и хуманитарна помош. Мене ме преземаат и заедно со мајка ми не носат во болница во Ниш. Лекарите констатираат тешка инфекција на респираторниот систем и цревата. Прават се што можат, но не е се до медицината... Има нешто и до Господа. Не јадам ништо. Инфузијата како тече во мене, така во истиот миг и истекува од мене... како вода. Организмот не може да ја задржи ниту неа, камо ли храната. Мајка ми од шок го губу млекото. Не може да ме дои. Лекарите велат: „Што е до нас, тоа е... толку можеме. Шансите се мали да преживее, но ги има. Мајчиното млеко многу би помогнало, ама... Во нишката болница лежат и Ромки, тукушто породени, доилки.  Вреди да се проба, како последна шанса... За пари, секако. И види чудо... Бебето го прифаќа „мајчиното“ млеко. Шукар! Во меѓувреме прадеодми онака сенилен и склеротичен со деменција, се губи... По ден талкање по урнатините вујко ми Филип го наоѓа на кејот на Вардар. По пижами како оди и мрмори: „Жено, где ми је пушка? Бугари, опет су нас напали Бугари“... На сенилниот воин од Првата светска војна, некои спомени од минатото му останале во главата. За жал истата таа ионака веќе доволно болна и истрауматизирана глава изложена 24 часа на сонце – не издржала. Тодосије Ѓурчиновски ќе ги преживее и војните и земјотресот, но ќе почине од мозочен удар само неколку дена по скопската катастрофа. А катстрофа за малку и во нишката болница... Мајка ми ме гледа како се борам за секоја капка мајчино млеко што значи живот, но и покрај тоа, по она на лекарите дека изгледите да преживеам  не ми се баш најизгледни, му праќа итна телеграма на татко ми со отприлика ваква содржина: „Ја се држам некако, ама бебето... Толку беше, готово е“!  Такво било времето, околностите, а такви биле и комуникациите... Немало ни обични, а камо ли мобилни телефони. Во целиот тој метеж во Скопје, татко ми пораката ја сфаќа тотално погрешно. Другиот ден се појавува млад човек  во нишката клиника забраден, променет во црнина. Дојден да си го подигне телото на своето „покојно дете“. Можете да замислите само каков бил „контрашокот“ кога видел дека сум жив. И за Божје чудо полека сум почнал да закрепнувам. Оттаму во Белград со мајка ми кај нејзината другарка Зорка и сопругот Мирко, па  по некое време назад во Скопје, кај братучедот на дедо ми, чичко Вељо и неговото благородно семејство. И од тој судбински 26 јули 1963-тата еве ме и денес, на истиот датум, фала му на Бога, се’ уште  жив и здрав... За да си припомнам на скопската катастрофа и кажувањата на оние кои подоцна ми ја раскажувале оваа моја животна приказна. За жал повеќе ги неме ниту баба и дедо, ниту вујко ми, ниту татко ми и мајка ми... Ги нема на овој свет од кој некои од нив прерано заминаа, но ги има вечно во моето срце и спомените, кои додека сум жив нема да избледат. Како сеќавање и на семејтвото и на тој  26-ти јули 1963: Денот кога Скопје се разбуди во ужас, а јас се родив... по втор пат! Авторот е долгогодишен новинар, сега главен и одговорен уредник на порталот Вистина.ком.мк]]>

Заврши потрагата по изчезнатата турска актерка Џансу Дере, а доволна беше само една снимка (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-potragata-po-izcheznatata-turska-akterka-dhansu-dere-a-dovolna-beshe-samo-edna-snimka-video/ Wed, 15 Feb 2023 11:27:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289003

Една од најпознатите турски актерки за која беше објавено дека е исчезната по земјотресот во Турција е жива, а тоа го потврди една видео снимка која се појави на социјалните мрежи. Домот на Џансу Дере се наоѓа во епицентарот на земјотресот, а тамошен новинар објавил дека таа последните денови им помага на своите сограѓани.
Откако многу светски медиуми објавија дека една од најпопуларните актерки која македонската јавност ја знае од повеќе улоги во серии кои се прикажуваа кај нас исчезнала по разорните земјотреси, многумина почнале да ја бараат. За среќа, Џансу, заедно со некои други колеги, како што наведуваат медиумите во Турција заборави на славата и целосно се посвети на помагање на луѓето кои ги изгубија најблиските и кои сега немаат ништо. фото; Инстаграм принтскрин/nurmagazins/cansudere]]>

Ја гледавме во повеќе серии кои се прикажуваа и кај нас: Познатата актерка изчезна по земјотресот што ја погоди Турција (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-gledavme-vo-poveke-serii-koi-se-prikazhuvaa-i-kaj-nas-poznatata-akterka-izchezna-po-zemjotresot-shto-ja-pogodi-turtsija-foto/ Tue, 14 Feb 2023 12:13:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288842

Турската актерка Џансу Дере (42), според турските медиуми исчезнала по силниот земјотрес што ја погоди Турција. Од актерката со денови нема ни трага ни глас, а јавноста е изненадена од фактот што за ова се уште не проговориле ниту семејството на популарната актерка. Од друга страна, нема потврда дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм е од 5 јануари.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Cansu Dere (@cansudere)

Инаку, актерката која исчезна по земјотресот, во 2000 година стана Мис на Турција, но владата на нејзината земја и забрани учество на светскиот натпревар бидејќи таа година се одржа на Кипар, во грчкиот дел на Никозија. Џансу остана без шанса да се бори за светската круна на изборот за убавина, па се посвети на образованието. Атрактивната Џансу најмногу добиваше главни улоги во серии кои беа многу популарни и кај нас.
 
Џансу Дере, која важи за една од најплатените турски актерки, ги играше улоги во сериите „Сила“ и „Сулејман Величествениот“, „Прељубникот“, „Мајка“, „Езел“...
 
Покрај актерството, Џансу продолжи да се занимава со манекенство, па често ги красеше насловните страници на модните списанија. Џансу долго време беше вљубена во комичарот Џем Јилмаз, со кого беше свршена. Меѓутоа, голем скандал настанал кога дознала дека ја изневерил со нејзината најдобра другарка, со која набрзо добил дете. По разочарувањето започнала врска со нејзиниот менаџер, но набрзо и тој ја оставил поради друга жена. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Двајца турски актери и една пејачка жртви на земјотресот во Туција, а загинаа и нивните најблиски (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dvajtsa-turski-akteri-i-edna-pejachka-zhrtvi-na-zemjotresot-vo-tutsija-a-zaginaa-i-nivnite-najbliski-foto/ Mon, 13 Feb 2023 11:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288592

Меѓу жртвите од земјотресот во Турција се објавени имиња и на двајца познати актери и една пејачка. Станува збор за турскиот актер Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга, познатата пејачка Зилан Тигрис. Веста јза нивната трагична смрт ја потвдија турските медиуми, кои пишуваат дека се пронајдени под рушевините на деветокатницата во Дијарбекир. Спасувачите со часови слушале галсови и повици за помош, но кога конечно ги пронашле тие веќе биле починати од хипотермија. – Нашиот колега Чагдаш Чанкаја и неговата сопруга музичар Зилан Тигрис ги загубија животите. Многу ни е жал. Наше сочувство до сите. На сите негови фанови им посакуваме трпение, се вели во соопштението од Синдикатот на актерите. Загината под урнатините беше и познатата турска глумица Емел Атичи, која имаше епизодна улога во серијата „Горка земја“ . Таа загина во катастрофалниот земјотрес во Турција, во градот Адана, а покрај неа беше пронајдено и телото на нејзината ќерка Ханде. фото:Инстаграм принтскрин/Твитер]]>

Џани Алиоски лично купуваше облека за настраданите во Турција: „Секоја чест, ти голем човеку“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhani-alioski-lichno-kupuvashe-obleka-za-nastradanite-vo-turtsija-sekoja-chest-ti-golem-choveku-video/ Thu, 09 Feb 2023 11:50:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288199

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски, кој во моментов игра за турскиот фудбалски гигант „Фенербахче“, покажа дека не е само голем мајстор на фудбалската игра, туку и човек со големо срце. Алиоски за настраданите во земјотресот во Турција тргна лично да купува јакни, шапки, шалчиња, џемпери и други работи кои им се потребни на преживеаните кои останаа без своите домови и живеалишта на минусните температури, по големата катастрофа што ги задеси. Истите популарниот Џани ги испрати во местата погодени од страотниот земјотрес кој засега однесе речиси 18.000 жртви, а се стравува дека бројката за жал, ќе биде и многу поголема. Алиоски со овој гест покажа дека и големите ѕвезди знаат да бидат хумани луѓе, со широка душа и големо срце, зашто на крајот на денот сите сме само обични луѓе, кои може да ги задеси ваква или слична катастрофа! Затоа, браво Џани мајсторе... Секоја чест, ти голем човеку!
Фото/Видео: Инстаграм/ffmacedonia]]>

„Каква катастрофа на овој студ“, „Го молиме Бога за милост“: Турските ѕвезди во страв и паника по страшниот земјотрес https://arhiva.vistina.com.mk/kakva-katastrofa-na-ovoj-stud-go-molime-boga-za-milost-turskite-zvezdi-vo-strav-i-panika-po-strashniot-zemjotres/ Tue, 07 Feb 2023 13:09:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287816

Турција  ја погоди силен земјотрес со јачина од 7,8 степени. Бројни турски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и им понудија поддршка на оние на кои им е потребна. Актерката Седа Бакан, им се обрати на своите следбеници, велејќи: „Се разбудивме со многу лоши вести. На сите им посакувам брзо закрепнување“. Актерот Бурак Озчивит, напиша: „Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост за нашето население кое ги загуби животите во оваа катастрофа. Моето сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“. Се огласи и Туба Бујукустун, велејки:
„Турција прогласи состојба на тревога од четврти степен. „Четврти степен“ вклучува и повик за меѓународна помош. За оние ширум светот кои ја читаат оваа порака... Нашиот народ, кој се најде под урнатините на земјотресот во мојата земја, бараат ваша помош за да се спасат“, напиша Туба.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Demet Özdemir (@demetozdemir)

„Се разбудив со страшен потрес. На сите им посакувам брзо закрепнување. Каква катастрофа на овој студ“, вели Демет Оздемир. На следбениците им се обрати и актерката Елчин Сангу.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Elçin Sangu (@elcinsangu)

„Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката. „Длабоко сме погодени поради земјотресот што се случи во нашата земја. Се молиме за оние кои ги загубија животите и им посакуваме брзо закрепнување на повредените“ напиша актерката. фото:Инстаграм]]>

На 4-ти февруари во МКЦ: „Земјотрес 11“ – фестивал на свежа музика од домашната сцена https://arhiva.vistina.com.mk/na-4-ti-fevruari-vo-mkts-zemjotres-11-festival-na-svezha-muzika-od-domashnata-stsena/ Mon, 30 Jan 2023 13:23:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286484

Единаесеттото издание на „Земјотрес“ – фестивалот на свежа музика од домашната сцена оваа година ќе се одржи на 4 февруари со почеток од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). „На Земјотрес му претстои промена. Нови генерации, нова брзина на комуникација, трансформирани вредности. Земјотрес 11 е огледало на промената и носи жесток фокус кон најмладата, неверојатно талентирана генерација на локални музичари“, најавуваат од МКЦ. „Земјотрес 11“ ќе донесе повеќе од 20 активни музички имиња од локалната сцена. Во рамки на годинешната програма ќе настапуваат Andreja Slape, Audio Cigla, Berry Qyat, Bodan Jamakoski, Bon Praskiza, Dimish, Дина Јашари и Другари, Дивоградба, Преку ред, Dope Kukjata, Foolish Green, Goran Kan, KEM, Maximus Vandal, Миа Перевска, Mirko Popov, Peach Vice, Pedro Horisonte, Red18, Vagina Corporation, Zanadu, ВЕЛ. Билетите може да се набават на bileti.mkc.mk и во билетарата на МКЦ. Првите 100 билети ќе може да ги набават по цена од 300 денари, претпродажната цена е 400, а на денот на настанот билетите ќе чинат 450 денари. „Застрашувачка сила која се движи под земјата, ја тресе и има намера да експлодира со сета своја убавина, свежина и потенцијал. Вистински земјотрес на нова енергија на 3 музички стејџа. Крвоток по коридорите на Младинскиот Културен Центар Скопје. Но да не должиме многу. Набавете билет, ПРЕПЛАВЕТЕ ГО МКЦ. Ова е Ваше време!“, велат од МКЦ.]]>

Десетто издание на фестивалот „Земјотрес“ во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/desetto-izdanie-na-festivalot-zemjotres-vo-mkc/ Fri, 04 Feb 2022 09:41:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237380

„Земјотрес #10“ е  најголем фестивал на свежа, домашна и независна музика. Датумот на одржување е  сабота, 19-ти февруари 2022, почеток: 19:00, крај: 04:00 часот во МКЦ - Младински Културен Центар. По 10-ти пат помеѓу младите, на три музички подиуми, со повеќе од 20 артисти. Инди рок, Трап, Техно, Џез, Метал... ќе има се'! На ова јубилејно 10-то издание се застапени настапите на најсвежото од домашната музичка сцена: • 350teric • Andreja Salpe B2B Galatheia • Avelina • Basement Cult • Corrosion • Cruel • Cut Your Nipple • Demency • Kanton6 • Lufthansa • Mamut • Marija Kaeva • Marko Rikaloski • Mihajlo Dojchinoski • Mirko Popov Quartet • Room 313 • S.A.M • Sexy Marsa & Friends • Shirshaja • Taxi Consilium • Xajka Распоредот на настапи ќе следува наскоро. ВАЖНО: Поради пандемијата, влезниците оваа година се во строго ограничен број (50% од просторните капацитети на МКЦ)! Затоа побрзајте и набавете ги истите веднаш на bileti.mkc.mk по цена од 300 ден. за први 200 влезници, а потоа по 350 ден. Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор. За влез на „Земјотрес“ ви треба сертификат/потврда за извршена вакцинација против Covid-19.]]>

Татјана Лазаревска се огласи по силниот земјотрес во Австралија, па откри дека биле во самоизолација: „Денес славиме ослободување“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-se-oglasi-po-silniot-zemjotres-vo-avstralija-pa-otkri-deka-bile-vo-samoizolacija-denes-slavime-osloboduvanje-video/ Fri, 24 Sep 2021 07:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220427

Maкедонската пејачка Татјана Лазаревска заедно со нејзиното семејство, односно сопругот Новица и синовите веќе неколку години живеат во Мелбрун, Австралија каде си купија и сопствена куќа. Деновиве, силен земјотрес од 5,9 степени според Рихтер со епицентар во близина на Мелбурн ја погоди Австралија. Како што пренесоа медуимите има само материјална штета и нема жртви. Татјана која често е активна на социјалните мрежи и се дружи со нејзините следбеници, но некој период не објавуваше објави поточно кажано од 28 август кога се вклучи во живо. По подолго време, Татјана и Новица сега се вклучија во живо и открија како го поминале земјотресот. „Искрено за нас не е ништо ново. Ние знаеме како изгледа земјотрес, сме преживеале многу земјотреси, го преживеавме и овој. Се затресе малку куќата, јас бев во спална, а Новица во кујна вараше чај и јас почнав да викам – „Новица, Новица“. Тој вика – „Не се секирај, малку земјотрес“. Беше јако, добри сме, нема никави последици“ вели Лазаревска Тие открија дека се во самоизолација веќе седми ден, па времето го поминувале дома гледајќи филмови, турски – историски серии. Како што истакна пејачката, тие од денес излегуваат од изолација и имаат дозвола за движење, па затоа одлучиле да се вклучат во живо и да се подружат со ФБ пријателите. „Ние славиме ослободување од ропство наречено корона“, вели пејачката, а потоа со песна и музика го прославија излегувањето од изолација. Видеото погледнете го тука. фото: принтскрин/фејсбук/татјана лазаревска]]>