земјоделство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Nov 2022 11:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земјоделство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се откажа од сцената и се сврти кон верата: Ова е новото занимање на Милан Станковиќ и нема никаква врска со естрада https://arhiva.vistina.com.mk/se-otkaza-od-scenata-i-se-svrti-kon-verata-ova-e-novoto-zanimanje-na-milan-stankovikj-i-nema-nikakva-vrska-so-estrada/ Wed, 16 Nov 2022 11:58:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276086

Милан Станковиќ целосно си го промени животот. Пејачот веќе извесно време е во медиумска изолација, а до неодамна се шпекулираше дека е на прагот да се замонаши. Сепак, според белградските портали, се чини дека тој се нашол во нешто сосема друго. Бидејќи драстично го променил својот начин на живот и постојано зборувал за посебни режими на исхрана, Милан решил да се обиде во земјоделството, па на својата парцела ќе одгледува органско овошје и зеленчук. - Милан успешно ги промени животните навики, одењето на свети места целосно му го промени начинот на размислување, наеднаш се смени. Долго време не снимал ништо, решил целосно да се повлече од поп музиката бидејќи повеќе не го интересирала популарноста. Неодамна ги разгледа парцелите во околината на Сомбор, планот му е да купи имот каде ќе одгледува органска храна. Тој е поддржувач на автофагијата, му се допаѓа, па дошол на идеја да одгледува сопствена храна - открил извор близок на Станковиќ. Милан во оваа одлука има поддршка од семејството и пријателите кои ја сметаат за паметна инвестиција. - Веќе видел плац со куќа што му се допаѓа, но потребни се големи инвестиции за да се уреди се. Во таа област има доволно простор за градина и земјоделство. Притоа си најде место за мир, бидејќи во последно време му пречи вревата од урбаната средина. Пред неколку месеци беше во преговори да сними дует со Буба и Џала со кои во минатото има соработувано неколку пати, но одеднаш им се јави и им кажа дека повеќе нема да снима. фото:Инстаграм принтскрин/Милан Станковиќ]]>

Музиката не и го полни паричникот доволно: Tијана Дапчевиќ почна да се бави со земјоделство https://arhiva.vistina.com.mk/od-muzika-nema-mnogu-pari-tijana-dapchevikj-pochna-da-se-bavi-so-zemjodelstvo/ Thu, 28 Nov 2019 07:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121061

Пејачката Тијана Дапчевиќ не е од оние имиња на естрадата кои може да се пофалт дека заработката од музиката го задоволува нејзиниот семеен буџет. Неодамна и нејзината колешка Леонтина Вукомановиќ изјави дека мора да работи дополнително други дејности за да може да егзистира. Во интервју за еден српски медиум, Тијана изненади многумина со изјавата за нејзината секундарна работа која и носи дополнителен финансиски прилив. Имено таа признава дека не е посветена на музиката како претходно, иако и понатаму ги радува фановите со нови песни. Дапчевиќ зад себе има пет студиски албуми, хит синглови, успеси на фестивали, како и учество на Евровизија. Од свирењето чело како што и самата признава, се откажала, барем кога е во прашање сериозна кариера, бидејќи за тоа е потребно целосно да се посвети на инструментот, за што сега „нема амбиција“. -Сега се занимавам во меѓувреме се занимавам со земјоделство“, вели Тијана и откри дека има плантажа со ореви. Инаку, покрај музиката и оревите, Тијана како што е добро познато се впушти и во актерските води и веќе три сезони има една од улогите во серијалот „Преспав“, ангажман кој придонесува за нејзината полуларност и секако дополнителната заработка. Таа постојано е на релација Скопје-Белград, бидејќи периодов се снима четвртата сезона која треба да започне да се прикажува од месец декември. Видео интервјуто погледнете го во продолжение од 8:51 мин. ]]>