земјо мила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Aug 2023 10:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земјо мила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зуица Лазова ја испеа „Земјо мила“,  композиција на која ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zuitsa-lazova-ja-ispea-zemjo-mila-kompozitsija-na-koja-nitu-eden-makedonets-ne-mozhe-da-ostane-ramnodushen-video/ Wed, 23 Aug 2023 10:25:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315009

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…“ – ова се дел од стиховите од песната „Земјо мила“композиција на која ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен. Оригиналната верзија на „Земјо мила“ во далечната 1977 година на Скопскиот фестивал ја отпеа кумановецот Никола Давидовски - Коле, а нејзин комплетен автор е Јане Коџобашија. Давидовски ја пеел и во Јајце, на големите концерти на тогашната ЈНА во Белград, во Титоград, ечела и кога дошол Тито во Скопје, а сега спакувана во ново руво од маестро Николче Мицевски је пее и Зуица Лазова. Коџабашија, кој инаку во својот музички опус има поголем број родољубиви песни, зашто, како што вели и самиот, има афинитет кон нив, „Земјо мила“ ја создал додека работел како новинар во тогашното Радио Скопје и имал 35 години. Во една прилика има изјавено дека можеби на фестивалот на кој била премиерно изведена не добиле награда, но тоа што „Земјо мила“ сѐ уште живее е најголемото признание.   „Чест ми е што сум дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, зашто Македонија е во срцето на секој Македонец. Песната „Земјо мила“ е преубав евергрин кој неправедно е помалку експониран, а ова е убава можност во ново руво да ја запознаат и засакаат и помладите генерации. Со песна македонскиот народ опстојувал со векови, па така ќе биде и понатаму зашто нашиот фолклор е наша лична карта и идентитет“, вели Зуица. Видеото за „Земјо мила“ - инаку мошне емотивно и со кадри во кои се застапени и децата белаци, веќе ви е сигурно добро познато е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад целиот проект „Македонијо во срце те носиме“. Дел од проектот се 12 македонски родољубиви песни отпеани од исто толку изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Она што остана уште да го чуе публиката е песната отпеана од ар ен би двоецот ДНК. Уживајте во изведбата на Зуица Лазова и наскоро очекувајте детали за стартот на концертниот караван кој под истото име „Македонијо во срце те носиме“ ќе гостува во неколку македонски градови - Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. ]]>

Даниел Крстески направи римејк на легендарната македонска забавна песна со патриотска содржина „Земјо мила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krsteski-napravi-rimejk-na-legendarnata-makedonska-zabavna-pesna-so-patriotska-sodrzina-zejo-mila-video/ Fri, 24 Jul 2020 10:38:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160398

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала...“ – ова се стиховите од песната „Земјо мила“, песна на која веруваме дека ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен. За тие кои не знаат, „Земјо мила“ е создадена во далечната 1977 година од композиторот Јане Коџабашија, а ја испеал Никола Давидовски – Коле. Ова вонвременско ремек-дело на Коџабашија се слушало и низ поголемите градови на поранешна Југославја, а повозрасните велат дека токму со неа бил пречекуван Маршалот Јосип Броз Тито кога доаѓал во посета на нашата земја. За жал денеска оваа песна ретко имаме прилика да ја слушнеме на нашите радиостаници, но благодарение на младиот и талентиран Даниел Крстески, се надеваме оваа нумера повторно ќе заживее и ќе го разбуди патриотизмот кај многумина. Крстески е можеби единствениот пејач кој се сети да направи препев на „Земјо мила“ и истата да ја спакува во еден помодерен аранажман со модерна интерпретација. „Сосема случајно ја слушнав песната на „Јутјуб“ и се потсетив дека кога бев дете беше многу вртена на телевизија и радиостаниците. Без многу двоумење ја земав гитарата и почнав да ја свирам. Така и ми дојде идејата да ја препеам. Веднаш му се јавив на професорот Јане Коџабашија од кого добив дозвола да ја преработам“ – вели младиот пејач Крстески. Даниел и екипата која работеше на овој проект се потурдија да направат и една видео-приказна која сведочи за страдањата на македонскиот народ наназад низ годините. „За мене искрено беше голем предизвик и одговорност да се одлучам да прерботам веќе своевремено доста позната песна која е сработена од професионалци. Не е лесно и едноставно да се испее дело на професорот Јане Коџабашија, особено да се направи препев по феноменалната интерпретација на Никола Давидовски, кој сигурно би го вброиле во најдобрите вокали што некогаш пееле кај нас“ – изјави Даниел. https://www.youtube.com/watch?v=Id3Ln5qpNwA]]>

Еве која наша пејачка, водителка и писателка уште еднаш покажа дека е горда Македонка и голем македонски патриот! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koja-nasha-pejachka-voditelka-i-pisatelka-ushte-ednash-pokaza-deka-e-gorda-makedonka-i-golem-makedonski-patriot-foto-video/ Tue, 27 Feb 2018 11:02:06 +0000 http://vistina.mk/?p=14099

Таа е со години во јавниот живот во Македонија. Академски музичар, кариерата ја започна како пејачка, за потоа да продолжи во водителските води и ТВ водителството да и стане втора професија, но не и последна. Пред неколку години ја напиша својата прва книга и оттогаш редовно објавува секоја година по една, без оглед дали писталскиот занает некои го сфаќаат како нејзина професија или само како хоби. Случајно или намерно, денешниот ден вторник, 27 февруари 2018 го започна со песна. И тоа не било која и било каква, туку македонска, патриотска.
Облечена во тесна, припиена маичка на која по целата површина е аплицирано актуелното македонско знаме, седната крај пијаното таа ја отсвире и испеа една од најубавите македонски забавни песни со патриотска содржина - „Земјо мила“ на кумановецот Никола Давидовски со која настапил  на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1977 година. Така спакуваното видео таа го постирала на својот фејбук профил, покрај него напишаниот пост:
„...Ех мори Македонијо мајче мила, што сѐ си морала да искрепиш, навистина си била богата, голема и благословена.. колку ајвани, „патриоти“,кодоши, штетници и џаболебари краделе од тебе, те пустошеле, те делеле и парчеле, те ништеле и брукале,а ти си ги трпела... Љ.И. - желбата ти е исполнета“! - напишала Сузана Турунџиева, која и самата потекнува од патриотско семејство, зашто легендарниот македонски војвода Александар Турунџиев е еден од нејзините предци, а таа негов директен потомок.
Прашање е само зошто токму денес со ваква објава на социјалните мрежи се појави Турунџиева? Дали во знак на солидарност со најавениот протест на Македонските заедници во светот по повод годишнината од движењето „За заедничка Македонија“, кои денес, 27 февруари 2018 година го организираат Семакедонскиот протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата или чисто само за да му ја исполни желбата на лицето кому му се обраќа во постот? Или можеби едното и се поклопило со другото!?
Како и да е, Сузана Турунџиева уште еднаш покажа дека татковината може да се сака и брани и со песна, но и докажа дека е горда Македонка и голем македонски патриот! ]]>