земјо македонска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Jun 2023 11:33:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земјо македонска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Земјо македонска” во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме” https://arhiva.vistina.com.mk/zemjo-makedonska-vo-izvedba-na-ognen-zdravkovski-e-vtorata-numera-od-proektot-makedonijo-vo-srtse-te-nosime/ Tue, 20 Jun 2023 06:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307014

„Земјо македонска”, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина, е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци. Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои „Скендеровски продукција“, е со потписот на Николче Мицевски. -Се радувам што Скендеровски продукција се сети на нешто вакво, затоа што само така ќе ги научиме сите претставници на младата генерација да ги сакаат и негуваат овие песни. Чест и задоволство ми е да пеам македонски песни, особено патриотски, за нашата Македонија. Растен сум со музика и со убавата македонска песна. Дедо ми Наско Џорлев има напишано многу македнски рефрени од кои би сакал да одвојам неколку – „Не кажувај либе добра ноќ”, „Фато мори душманке”, „Во Струмица на улица”, „Кажи ле облаче бело”… Ја одбрав „Земјо македонска” бидејќи ми е една од омилените патриотски песни, а имам и поврзаност со истата. Вујко ми Зоран Џорлев ја преработи по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста во 2011 година кога и ја изведе на централната прослава. Пресреќен сум што имав можност да учам од него да ја негувам, сакам и творам македонска музика. Ме учеше да си ја сакам, чувам и бранам татковината, тој, за жал, повеќе не е со нас, но пресреќен и горд сум што продолжувам по неговиот пат и ветувам дека гордо и со многу љубов и труд ќе го правам тоа, вели Здравковски. ]]>

Фудбалерите на Македонија испиша нова историја: Во соблекувалната ечеше „Земјо македонска“, регионот со полна уста пофални зборови за македонските „фудбалски рисови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalerite-na-makedonija-ispisha-nova-istorija-vo-soblekuvalnata-echeshe-zemjo-makedonska-regionot-so-polna-usta-pofalni-zborovi-za-makedonskite-fudbalski-risovi-video/ Mon, 15 Nov 2021 08:44:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227194

Македонската фудбалска репрезентација  вчеравечер, недела, 14 ноември 2021 год.  испиша нова историја. По победата над Исланд од 3:1 нашите „фудбалски рисови“ се најдоа во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година. Од пласман Македонија  ја делат  две победи, кои не ма да бидат лесно остварливи со оглед на силинината на евентуалните противници, но сепак, оваа генерација покажа дека ништо не е невозможно. Овој голем чекор се славеше и се' уште се слави наголемо во нашата земја. Македонија знае како тоа се прави, по радоста и пласманот  на Европско првенство, сега за првпат можеме да се најдеме и на еден Мундијал. Успехот на нашите фудбалери не остана незабележен во целиот регион. Наголемо пишуваат и нашите соседи и останатите од некогашните ЈУ репблики, кои на нивните страници го величаат успехот на нашите фудбалери со наслови посветени на „рисовите“ и волшебната ноќ што ни ја приредија вчеравечер нана арената Тодор Проески во Скопје. Во соблекувалната пак радоста фудбалерите ја поделија на себе својствен начин. Како што и самиот капитен Стефан Ристовски истакна, таму нема, Македонци, Албанци, Турци... Таму има само едно име, една земја, еден национален дрес, повеќе нации сплотени во една репрезентација... Единството не прави победници, а победата се слави  и со песна. Во соблекувалната по натпреварот ечеше „Земјо македонска“. Пееја македонските фудбалери и плескаа со рацете и тоа сите... Зашто за Македонија се игра со срце, но  Македонија и се сака со срце. Истото она кое се остава на терен, а се сплотува со останатите во славењето на успесите... Сите како еден, репрезентацијата како едно семејство!
Но, не треба да се заборави дека успехот не ќе беше тоа доколку во него не оставија свое срце, не вткајаа и свој дел и оние кои повеќе не се дел од репрезентацијата, оние кои се дел од легендите, од историјата на фудбалска Македонија како екс селекторот Игор Ангеловски - Мрме, Гранде Горан Пандев, Иван Тричковски, Крсте Велковски... Но и оние кои од различни причини не можеа да помогнат на последните два натпревари како  Адеми, Николов, Несторовски... Земјо македонска, фудбалска Македонијо те уважува цела свет... Биди горда, радувај се, надевај се... Следните два чекори до пласман на СП во Катар се тешка, но, не и невозможна мисија! Радоста за овој успех гордо ја споделија и нашите јавни и естрадни личности, пејач(к)и, ТВ водител(к)и, манекенки, мисици, инфлуенсери.... на своите профили на социјалните мрежи. Еве како некои од нив ја доживејаа победата и пласманот во баражот:
  1. Панчо - ДНК
2. Каролина Гочева 3. МартијаСтанојковиќ 4. Анастасија Деа Богданоска 5. Лина Пејовска 6. Дарко Влогс 7. Емилија Розман 8. Александар Белов 9. Некст Тајм 10. Снеже Велков 11. Димитар Атанасовски 12. Ненад Ѓорѓиевски 13. Викторија Јаначковиќ 14. Марија Петровска Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/Социјални мрежи]]>