земји – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 Jan 2024 13:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земји – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Земји каде што Нова година и Божиќ се забранети и условно ограничени https://arhiva.vistina.com.mk/zemji-kade-shto-nova-godina-i-bozhik-se-zabraneti-i-uslovno-ogranicheni/ Thu, 04 Jan 2024 13:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333802

Овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божиќ се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена. Саудиска Арабија Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила… Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета. Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли – новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот. Таџикистан Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци… Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка – „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование. И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи. Кина И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа – да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура – и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ. – Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс. Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности. Брунеј Во 2014 година, Хасанал Болкијах – султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта. Луѓето – жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете. Северна Кореја Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни. Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден. Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв. извор:курир.мк фото:Feepik]]>

Еве кои земји ќе влезат први во Новата 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/eve-koi-zemji-ke-vlezat-prvi-vo-novata-2024-godina/ Fri, 22 Dec 2023 13:17:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332157

Додека ние Новата година ќе ја дочекаме на полноќ на 31 декември, во некои земји од планетата најлудата ноќ ќе биде претходно. На пладне по наше време во 2024 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2023 ќе се простат Индонезија и Тајланд. Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија. Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Топ листа на земји со најдобар интимен живот: Љубовта овде цвета https://arhiva.vistina.com.mk/top-lista-na-zemji-so-najdobar-intimen-zhivot-lubovta-ovde-tsveta/ Mon, 14 Aug 2023 12:21:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313682

Објавени се статистички податоци кои откриваат во кои земји луѓето најмногу уживаат во своите интимни односи, но за жал Македонија не е на таа листа. На Твитер профилот „World of Statistics“ неодамна беше објавена интересна листа поврзана со задоволството од интимниот живот ширум светот. Иако многумина очекуваа Франција да заземе високо место, факт е дека тие не се најдоа на оваа листа. Ова се земјите на листата со најзадоволни луѓе во интимните односи: – Швајцарија – Шпанија – Италија – Бразил – Грција – Холандија – Мексико – Индија – Австралија – Нигерија Според податоците од истражувањето спроведено од компанијата „Дурекс“ пред две години, Грците биле најсреќни кога станува збор за интимните врски, па дури 87 отсто од возрасните во Грција изјавиле дека имаат интимен однос барем еднаш неделно. Сепак, сега Грците „паднаа“ на петтото место на оваа листа. Од друга страна, најмало задоволство од интимниот живот имало во Јапонија, каде само 34 отсто од возрасните имаат интимен однос барем еднаш неделно, што ги прави најнезадоволната нација во светот во овој поглед. Се чини дека ситуацијата во Јапонија не е променета и по две години, со оглед на тоа што тие не се најдоа на оваа најнова листа. извор:popara.mk]]>

Не е само Македонија: Еве кои држави се повлекоа од учество на Евровизија следната година https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-samo-makedonija-eve-koi-drzavi-se-povlekoa-od-uchestvo-na-evrovizija-slednata-godina/ Wed, 19 Oct 2022 12:33:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272119

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во мај следната година во Ливерпул, Велика Британија откако поради војната во Украина се одличи оваа земја да не биде домаќин иако ја однесе победа. Бидејќи Велика Британија беше второпласирана организацијата ќе ја има токму оваа држава. Сепак, како што се наведува, многу земји нема да имаат свои претставници на ова натпреварување. Македонија и Црна Гора се повлекоа од овогодинешната Евровизија. Покрај овие две земји, потврда дека нема да учествуваат на следниот натпревар доаѓа и од Бугарија и Босна и Херцеговина. Од натпреварувањето се повлекоа и Словачка, Андора, Монако, Луксембург и Турција. Речиси сите земји како причина за повлекување од конкуренцијата ја наведоа економската криза.]]>

Вечерва е првото полуфинале на „Евросонг 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-e-prvoto-polufinale-na-evrosong-2021/ Tue, 18 May 2021 05:01:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203025

Домаќините ветуваат само добра забава, одлични сценски ефекти и фантастични изведувачи. Водители  на годинашната програма ќе бидат ТВ лицето Шантал Јансен, ТВ водителот и пејач Јан Смит, двократниот холандски евровизиски претставник (1998 и 2007 година) Едсилија Ромбли и  Јутјуб ѕвездата, Ники де Јагер. Првото полуфинале ќе го отвори последниот сениорски победник на Евровизија, Данкан Лоренс, со изведбата на неговиот сингл Feel something, што го сними во соработка со диџејот Армин ван Бурен. По завршувањето на натпреварот, за време на паузата за гласање ќе настапат пејачката Давина Мишел и актерката Текла Ретен, кои ќе го изведат перформансот „Моќта на водата“ придружена со истоимената песна и снимки од холандски делти, вклучително и насипи кои ја штитат земјата од Северното Море. Исто така, ќе се карактеризира со употреба на проширена реалност, што ќе придонесе сцената на Арената „Ахој“ да стане водена.   Годинашниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во „Ахој“ Арената, а покрај Македонија која ја преставува Васил Гарванлиев кој ќе настапи како шести поред со „Here I stand“, вечерва следниве земји учеснички ќе ги претстават своите песни:
  1. Литванија:  „The Roop“ | Discoteque ; 2. Словенија: Ана Соклич | Amen; 3. Русија: Манижа | Русинка;  4. Шведска: Tuse | Voices; 5. Австралија: Moнтејн | Technicolour;                                                        6. Македонија: Васил | Here I stand;  7. Ирска: Лесли Рој | Maps; 8. Кипар: Елена Кагрину | El diablo; 9. Норвешка: Tiks | Fallen angel; 10. Хрватска: Албина | Тик-ток;                                                         11. Белгија: „Hooverphonic“ | The wrong place; 12. Израел: Eden Alen | Set me free; 13. Романија: Roksen | Amnesia; 14. Азербејџан: Efendi | Mata Hari;  15. Украина:  „Go_A“ | Buka                                      и 16. Малта: Destini | Je me casse.
]]>

Ова се најризичните земји за патување во 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najrizichnite-zemji-za-patuvanje-vo-2021-godina/ Wed, 23 Dec 2020 13:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182311

Компанијата „International SOS“ која се занимава со здравствени и безбедносни услуги, ја објави годишната листа на најризични дестинации за патување за 2021 година. Листата се составува секоја година врз основа на безбедносните и здравствените ризици, а оваа година особено е разгледан и ризикот од инфекција со коронавирус. Мапата вели дека најопасните места за посета во 2021 година се Либија, Сирија, Ирак и Централноафриканската Република. Како земји со најголем безбедносен ризик се оценети африканските и земјите од Блискиот исток. Помеѓу нив најмногу се истакнуваат Авганистан, Либија, Ирак, Сирија, Мали, Јужен Судан и Сомалија. Од друга страна, на списокот на земји со најголем здравствен ризик се сметаат Либија, Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен. Овие земји завршиле на неславната листа и поради политичкото и социјалното насилство како и поради проблемите во овозможување соодветна медицинска нега. Здравствените и безбедносните ризици се најниски во земјите од Западот, но „International SOS“ истакнува дека би можело да дојде до промени на листата поради пандемијата на коронавирусот, чиј понатамошен тек не може точно да се предвиди. Помеѓу земјите со најнизок безбедносен ризик се најдоа скандинавските држави како и Кина, додека Велика Британија е рангирана како „земја со умерен ризик“ кога станува збор за епидемијата на Ковид-19. Нов Зеланд, Танзанија и Никарагва се рангирани како земји со најмал ризик од инфекција со коронавирус. Листа на земји со екстремно висок безбедносен ризик: - Сирија - Ирак - Јемен - Сомалија - Јужен Судан - Либија - Централноафриканска Република - Мали - Авганистан - Доњецк и Луганск во Украина Земји со многу висок здравствен ризик: - Нигерија - Либија - Јемен - Ирак - Авганистан - Северна Кореа - Гвинеја - Венецуела - Буркина Фасо - Сиера Леоне - Гвинеја-Бисао - Либерија - Централноафриканска Република - Еритреја - Хаити извор: точка.мк]]>

Најважната работа при изборот на партнер: Во Италија сексуалното искуство, во Јапонија парите, а во Европа.. https://arhiva.vistina.com.mk/najvaznata-rabota-pri-izborot-na-partner-vo-italija-seksualnoto-iskustvo-vo-japonija-parite-a-vo-evropa/ Thu, 05 Dec 2019 14:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122575

Додека жените од Јапонија “паѓаат“ на богати партнери, Европјанките воопшто не ги интересира тоа.

Што бараат жените во партнерот е прашањето кое ги фасцинира дури и истражувачите. Истражувањето било конечно завршено, а она што е најинтересно е одговорот кој е малку поразличен во однос на делот од светот во кој се наоѓате. Фирмата “Clue Ideal Partner Survey“ ги истражувале ставовите на жените од 180 земји за да добијат единствен увид во нивните емоционални карактеристики кога станува збор за долгорочни партнери. Резултатите покажале дека Италијанките најмногу ги интересира колку жени нивниот партнер имал пред нив додека пак Американките најмногу ги интересира од која религија е нивниот иден сопруг. Меѓутоа, постојат неколку работи за кои жените се согласиле, а тоа е дека мажот треба да е висок, да има убава насмевка и убави очи, а најпосакуваната особина е љубезноста. Европјанките воопшто не ги интересира финансискиот статус на партнерот за разлика од Јапонките за кои тоа е една од клучните работи. Колумбијките најмногу ги интересира колку нивниот иден партнер е образован додека пак тоа не им е важно на жените од Данска и на Британките. Тоа што било многу важно бил и политичкиот став на мажите што во Бразил било пресудно за женската популација. извор:точка.ком.мк]]>