земји учеснички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Oct 2022 07:37:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png земји учеснички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Објавен списокот на земјите кои ќе учествуваат на „Евровизија 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/objaven-spisokot-na-zemjite-koi-kje-uchestvuvaat-na-evrovizija-2023/ Sat, 22 Oct 2022 07:37:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272528

Официјалниот евровизиски канал ја објави листата на земји кои следната година ќе се натпреваруваат во Ливерпул, а меѓу 37-те потврдени земји е и Хрватска. Сепак, две земји од поранешна Југославија, Македонија и Црна Гора, одлучија да се повлечат од натпреварот, а Бугарија исто така се повлече од учеството. Како причина за повлекувањето, македонската телевизија МРТВ претходно го наведе проблемот со финансиите. „Одлуката е во најдобар интерес на јавноста, со оглед на зголемените трошоци поради енергетската криза, кои заземаат голем дел од буџетот за јавните услуги“, наведуваат оттаму. Радиотелевизијата на Црна Гора го оправда своето повлекување со преголеми трошоци. „Покрај значителните трошоци за котизацијата, како и трошоците за престој во Велика Британија – се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планираните национални проекти и организациски и програмски реформи, кои повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории“, велат оттаму. Русија и Белорусија, на кои им беше забрането учество поради војната во Украина, годинава не се најдоа на списокот на конкурентски земји. Кои се' земји ќе учествуваат на претстојниот „Евросонг 2023“ , проследете во видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

ЕБУ го објави списокот, Македонија е меѓу земјите учеснички на „Евросонг 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/ebu-go-objavi-spisokot-makedonija-megju-zemjite-uchresnichki-na-evrosong-2022/ Wed, 20 Oct 2021 12:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223819

Организаторите на Евровизија објавија дека вкупно 41 земја ќе се натпреварува на Изборот за песна на Евровизија 2022, следниот мај во Торино. Иако МРТ до последен момент немаше јавно соопштено дека потврдува учеството, Македонија се најде на списокот на објавените учесници. „Ние сме многу возбудени што уште еднаш имаме над 40 радиодифузери кои се натпреваруваат за освојување на познатиот трофеј на Евровизија во Торино следниот мај. Тимот од Раи напорно работи на подготовките за пречек на сите делегации во новиот град домаќин“ – порачуваат од ЕБУ. ]]>