железо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 11:05:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png железо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 7 симптоми кои укажуваат на недостаток на железо: Обрнете внимание, не чекајте дијагноза https://arhiva.vistina.com.mk/7-simptomi-koi-ukazhuvaat-na-nedostatok-na-zhelezo-obrnete-vnimanie-ne-chekajte-dijagnoza/ Fri, 23 Feb 2024 12:32:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325824

Повеќе од третина од жените помлади од 50 години имаат недостаток на железо, објави „Њујорк Тајмс“. Менструацијата и бременоста се две главни причини, а недостатокот на железо може да има сериозни последици, вклучувајќи и послаб имунитет. Железото е есенцијален нутриент којшто телото го користи за создавање на црвени крвни зрнца, кои пренесуваат кислород од белите дробови до останатиот дел од телото. Меѓутоа неговиот недостаток често останува недијагностициран. Ова се некои од тивките знаци кои можат да ви укажат на недостаток на железо: Краток здив „Симптомите на недостаток на железо често се неспецифични и магливи“, пишува „Тајмс“. Еден од нив вклучува краток здив. Мозочна магла Поради тоа што железото е потребно за пренесување на кислородот до мозокот, неговиот недостаток може да предизвика магла во мозокот. Умор Уморот и слабоста исто така можат да бидат последици на недостаток на железо, велат од Кливлендската клиника. Вртоглавица и мачнини Познато е дека вртоглавицата е најчест симптом на ниското ниво на железо, пишува „Интерна медицина“. Откако вртоглавицата ќе исчезне, може да се јави силна главоболка. Причината зошто се случува тоа е тоа што нема доволно крв која патува до вашиот мозок, што доведува до отекување на крвните садови. Значи, доколку почувствувате дека главата ви пулсира и дека не може да се фокусирате, веројатно вашите крвни садови чекаат кислород. Зголемена чувствителност на ладно Кога ви недостасува железо, може да станете анемични, состојба во која телото произведува помалку црвени крвни зрнца. Луѓето со анемија немаат доволно црвени крвни зрнца кои пренесуваат кислород по цело тело. Без адекватен кислород, вашите клетки можеби потешко ќе можат да го поднесат ладното. Бледа кожа Бледилото може да биде знак на ниска количина железо, велат експертите. Ова е предизвикано од намалениот проток на крв во кожата. Нарушување на работата на срцето Чукањето на срцето може да биде вознемирувачко искуство и тоа е знак дека вашето срце работи потешко поради намаленото ниво на кислород во крвта. извор:точка.ком.мк]]>

8 намирници кои се богати со железо: Ја подобруваат крвната слика и здравјето на цел организам https://arhiva.vistina.com.mk/8-namirnici-koi-se-bogati-so-zelezo-ja-podobruvaat-krvnata-slika-i-zdravjeto-na-cel-organizam/ Fri, 05 Nov 2021 13:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226190

Станува збор за есенцијални нутриенти, што значи дека во организмот треба да се внесуваат по пат на храна. Дали некогаш ви се случило одеднаш да останете без здив и срцето да почне да ви чука брзо? Дали луѓето ви кажуваат дека сте бледи на лицето? Сето тоа значи дека во вашето тело има недостаток на важен минерал - железо. При недостаток на железо, ткивата и органите не се доволно снабдени со кислород, па доаѓа до хипоксија. Железото е минерал кој во организмот има важна улога, а главната се однесува на пренесување на кислород низ организмот и произведување на црвени крвни зрнца. Вообичаено дневно треба да се внесува од 10 до 20 милиграми железо во организмот, но од тоа се апсорбираат само 10 отсто во телото. Намирници богати со железо:

1. Спанаќ

Спанаќот е природен извор на минерали, витамини и растителни влакна. Богат е со фитонутриенти, особено бета-каротен и лутеин кои го прават зеленчук богат со антиоксиданти кои го штитат организмот.

2. Јаткасти плодови

Освен што се исклучително вкусни, тие всушност се ризница на здравје. Богати се со здрави масти, изобилуваат со витамини и минерали, а меѓу нив и железо кое го имаат во голема количина.

3. Мисиркино месо

Ова месо е богато со триптофан, есенцијална киселина која е важна за нашето тело и поттикнува произведување на два важни невротрансмитери - хормонот на среќа серотонин и мелатонин, пресуден за правилен сон.

4. Рукола

Како и другиот зелен зеленчук и руколата изобилува со железо, но за разлика од спанаќот содржи високо ниво на оксална киселина, па железото од неа многу полесно се апсорбира во телото.

5. Брокула

Овој зеленчук содржи голема количина на витамин Ц кој помага при апсорбирање на железо. Брокулата содржи и растителни влакна, ниацин, магнезиум, калиум и омега 3 масни киселини, познати како чувари на срцето.

6. Суви кајсии

Сувите кајсии, како и другите видови овошја се преполни со хранливи состојки. Освен вода и масти, содржат белковини, растителни влакна, витамини, минерали и шеќери. Богати се и со железо и витамин Ц.

7. Темно чоколадо

Консумирањето на темно чоколадо чија основна состојка е какаото, не само што ќе ја задоволи потребата за слатко, туку и на организмот ќе му даде значајна количина на железо.

8. Семки од тиква

Семките од тиква се ризница на витамини, минерали, протеини и антиоксиданти. Во тиквата се наоѓаат витамини од Б групата, витамини Д, А, Ц, Е и витамин К кои се неопходни за здравјето на кожата, коските, мускулите и крвта. Извор: точка.мк]]>

Таа тоа го практикува минимум трипати неделно: На Снеже Велков и падна железото (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/taa-toa-go-praktikuva-minimum-tripati-nedelno-na-sneze-velkov-i-padna-zelezoto-foto/ Sat, 07 Sep 2019 08:53:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105647

Македонската ТВ водителка Снеже Велков е позната и како посветена пилатес инструкторка. Покрај љубовта со камерите, згодната Снеже речиси секојдневно е во сала. Пилатесот и е втора професија, аможеби и прва љубов, откако за време на „ТВ апстиненцијата“  „заразно се навлече“ на овој вид физичка активност, проследена со многубројнио вежби, кои особено ги обожуваат дамите.
Затоа Велков постојано наоѓа време да го прави тоа. Таа тоа го практикува минимум трипати неделно, а можеби и катаден.
И со своите клиенти од групите кои ги обочува и им држи часови, ама и сама. А кога е сама, пробува нешто што на другите можеби и не им го препорачува, зашто... Зашто ако немаат добро затегнато га*е како нејзиното, може многу полошо да поминат од неа. А неа, ете и се случи и покрај се', да и падне железото.
Нееее... да не се разбереме погрешно. Згодната водителка и инструкторка ниту е анемична, ниту слабокрвна, напротив... Иако наизглед слабичка, пука од здравје и енергија, што се гледа и од приложеното. На Велков и падна железото за тегови, или поточно шипката со која се обиде да ги билда мускулите.
За среќа аквизицијата од минатото и тоа како и се најде.
Зашто да повториме: Ако имаш така затегнато га*е како Снеже Велков и падот при вежбање многу помалку боли. А и не само заради падот при вежбањето!
]]>

Како да препознаете дали имате недостаток на железо во крвта? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prepoznaete-dali-imate-nedostatok-na-zelezo-vo-krvta/ Mon, 11 Feb 2019 14:15:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72248

Според СЗО, осум од 10 лица се соочуваат со недостаток на железо во крвта и поради тоа имаат неправилен транспорт на кислород до сите клетки во телото. Жените треба да внесуваат 18мг железо дневно, додека на мажите им се потребни 8мг. Знаци по кои ќе препознаете дека имате недостиг на железо се постојаната измореност, недостиг на енергија, краток здив, особено кога се качувате по скали или кога вежбате, бледо лице и немирни нозе. Исто така, може да почувствувате и главоболка и вртоглавица, проследени со промени во расположението и намалена концентрација дури и при најлесни задачи. Кршливите нокти, отекувањето на јазикот, но и сувата кожа и коса, а во посериозни случаи и нејзино опаѓање исто така се симптомите кои треба да ви укажат што побрзо да направите крвна слика и да почнете со лечење на својот здравствен проблем, пред да стане посериозен за вашето здравје.]]>

Како да препознаете дека ви недостасува железо? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prepoznaete-deka-vi-nedostasuva-zelezo/ Wed, 26 Dec 2018 14:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64931

Причините за недостаток на железо во нашиот организам често се поврзани со неадекватна исхрана, болести на цревата, а често недостатокот на железо се јавува и кај трудниците во текот на бременоста и за нив предизвикува зголемено крварење. Симптомите кои можат да укажат на тоа дека имаме недостаток на железо се контанстен замор, бледило на лицето, губење на здивот, главоболка и вртоглавици, забрзано чукање на срцето, сува и оштетена кожа и коса, отекување и болка во крајниците и устата, синдром на немирни нозе (постојано цупкање со нозете), анксиозност, болни менструации кај жените и студени стопала и раце. Ако ги чувствувате овие симптоми, тоа што треба прво да направите е да посетите лекар и да направите крвна слика. За да го надминете ваквиот недостаток, важно е да го снабдувате телото со овој минерал, па затоа се препорачува редовно конзумирање на црвено месо, зелен зеленчук (спанаќ и ќељ), суво овошје, мешункаст зеленчук, морски плодови, земки, житарици и овошје богато со витамин Ц. Докажано е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, па така докторите препорачуваат редовно земање на овој витамин како додаток во исхраната.]]>