зелени чорапи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Sep 2022 08:06:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зелени чорапи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ем заради мода, ем галиба од мака: Иако календарски се’ уште е лето, Лила во чизми замина на море! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/em-zaradi-moda-em-galiba-od-maka-iako-kalendarski-se-ushte-e-leto-lila-vo-chizmi-zamina-na-more-foto/ Fri, 09 Sep 2022 08:06:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266050

Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска како сиот господски свет, одмор ќе тера и во септември. Новата сезона снимања на „Се или нешто“ се' уште не е започната, па водителката може да си приушти да чепне уште некој ден од летото, кое рака на срце, таму каде што тргнала во септември е најубаво. Спакувана во голем куфер, како секоја жена што кога летува со себе носи гардероба небаре ќе векува, во придружба на нејзиниот верен компањон и колега, прогнозерот - презентер на временската на „Сител“, познат под прекарот Спасе - „Рола до бола“, фатија правец скопски аеродром, па со авион кон Турција и познатиот Бодрум! „Изгуби нѐ најди нѐ, ние на аеродром ! Во очекување на новите работни предизвици уште еден краток одмор во омилениот ни Бодрум“ - сподели Лила на својот Инстаграм покрај фотографиите направени на заминување. И чисто онака, колку ние да не останеме без теми за работа, односно за порталите и весниците да имаат за што да пишуваат, како што напишал (без)временскиот Спасе на својот Фејсбук, на нивното испраќање за Турција во очи веднаш паѓа една работа, а тоа се две нешта: На Спасе чорапите и  обувките на Лила.   Презентерот на временската со полувисока „зечена чарапа“ на бела патика, а Лила со полувисоки чизми. Не дека ќе ја коментираме модата, туку чисто само онака, колку за обајцата да имаат што да читаат на порталите додека се сончаат и да муабетат на плажа,  ние ја забележавме позата на двајцата патници пред нивниот лет! До душа, зелената боја на чорапите на Спасе, повеќе би одела со зеленото на маичката на Лила, ама сеедно... Важно да е удобно... и воочливо! Лила пак никогаш не заостанувала зад модата, па така и сега, дури и кога е онака спортски облечена додека патува. некои до душа забележаа дека чизмите можела да ги замени со папучи или евентуално патики, ама водителката има зошто на себе ги носи! Ема заради мода, ем од мака! Имено, пред да тргнат на пат, Лила доживеа мала куќна незгода... Вистинска „уметничка гребаница“ на левата нога и тоа баеги позамашна. И ако мислите дека некаде паднали или се удрила, апсолутно сте во заблуда! Па тогаш гребаницата не би била уметничка... А „уметникот“ затоа останал дома по казна... Да, неговото име е Рагнар. Црно белиот мачор на Лила, кој  својата газдарица ја „обележал“ со џиновска гребаница! Можеби и затоа, за да ја скрие гребаницата, Лила на море замина во „летни“ чизми!     Единствено остана дилемата за имиџот на колегата: Зошто баш „зелена чарапа“ е изборот за  летот кон одморот? Можеби Спасе ќе одговори штом се врати од летување, дали и изборот на чорапите беше дел од... „едицијата за патување?“ Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Rolla Do Bolla/ lilafilipovska/
 ]]>