зеленчук – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Dec 2023 13:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зеленчук – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зеленчук делотворен при слабеење https://arhiva.vistina.com.mk/zelenchuk-delotvoren-pri-slabeene/ Thu, 07 Dec 2023 13:06:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330404

Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина. Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а обично содржи и влакна што помагаат човекот подолго да се чувствува сит. Дополнително, зелениот зеленчук е нискокалоричен, што го прави и делотворен при слабеење. Следат шест од најпогодните зеленчукови плодови коишто стручњаците ги препорачуваат во исхраната кога главната цел е губење тежина. Спанаќ Ова е зеленчук во којшто се ужива на повеќе различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и затоа може да се комбинира во различни оброци, а покрај тоа, доста е и хранлив, со 23 калории на 100 грама. Брокула И таа помага за подолга ситост. Се додава во чорби, а одлично оди и со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама. Карфиол Поради својот вкус, карфиолот е секогаш присутен во традиционалната здрава исхрана. Може да се додаде и на пица, а според готварските стручњаци – и како состојка во некои колачи. Карфиолот има 25 калории на 100 грама. Грашок Најчесто се наоѓа во разни манџи или чорби, а го има и во оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а има и повеќе од пет грама растителни протеини, корисни за органите за варење. Протеините се корисни за слабеење бидејќи бараат и црпат повеќе енергија од метаболизмот и ги покачуваат хормоните за ситост. Прокељ Иако ова зелје обично не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно може да биде вкусен додаток во многу различни јадења. Содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама прокељ. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Необична зимница која лесно се прави: Салата со печурки и кисел зеленчук која е брза, а има одличен вкус (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/neobichna-zimnitsa-koja-lesno-se-pravi-salata-so-pechurki-i-kisel-zelenchuk-koja-e-brza-a-ima-odlichen-vkus-foto/ Thu, 02 Nov 2023 13:07:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325173

За оваа необична и вкусна салата ви е потребно: 600 гр кисела зелка 400 гр кисели краставички 300 гр печурки 100 гр кромид 100 гр масло 30 гр шеќер Згответе ги печурките. Киселите краставички исечете ги на кришки, измешајте ги со сечканата зелка, ситно сечканиот кромид и исечканите печурки. Зачинете со масло и шеќер. Да се ​​чува во стаклени тегли, на темно и ладно место. Извор: Попара.мк]]>

Кога немате време: Здрава тортиља во која скоро се’ може да го замените со нешто друго https://arhiva.vistina.com.mk/koga-nemate-vreme-zdrava-tortila-vo-koja-skoro-se-mozhe-da-go-zamenite-so-neshto-drugo/ Tue, 30 May 2023 12:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304301

Ако сте решиле да се храните поздраво, тоа не значи дека ќе поминувате повеќе време во кујната. Се разбира, на некои јадења им треба подолго време за готвење и подготовка, но има безброј рецепти за брза и подеднакво здрава храна. Бидејќи веќе неколку пати го спомнавме овој збор, да кажеме и што значи да се храниш здраво. Пред сè, ова подразбира рамнотежа, разновидност и умереност во исхраната. Рамнотежата се однесува на распоредот на главните макронутриенти во оброкот, имено протеини, јаглени хидрати и масти. Рецептот за супер здрава и супер брза тортилја е идеален ручек за во канцеларија, а можете да го менувате од ден на ден по вториот принцип – разновидност, без да ви здодее од сè и секогаш ќе вклучите сè што му е потребно на вашето тело. Во овој рецепт јајцата се извор на протеини, а можете да ги замените со месо (на пример панирано или печено од вчерашниот ручек), туна, тофу, сеитан или сирење. Наместо хумус, можете да додадете намаз од сирење, паштета, гвакамоле, растителен намаз или, да речеме, вегански мајонез. Авокадото можете да го замените со една лажица семки од тиква или сончоглед или сецкани ореви. Како и да ги наполните вашите тортиљи, тие ќе бидат многу вкусни, па третото – принципот на умереност – е ваша одговорност. Состојки: 1 голема интегрална тортиља 30 гр рукола 2 супени лажици пченка 1/2 црвена пиперка 2 супени лажици хумус 2 варени јајца, излупени 1/4 авокадо, исечкано на коцки Подготовка: – Загрејте ја тортиљата на тава. – Намачкајте ја тортиљата со хумус – Додадете зеленчук, авокадо и исечкани варени јајца. – Свиткајте и уживајте. извор:курир.мк]]>

Сите треба да јадеме рен, еве за што е добар https://arhiva.vistina.com.mk/site-treba-da-jademe-ren-eve-za-shto-e-dobar/ Thu, 20 Oct 2022 12:30:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272284

Ренот е коренест зеленчук кој најчесто се користи како зачин односно додаток на оброците. Овој лут корен содржи бројни растителни соединенија меѓу кои и глукозинолати, кои се разградуваат во изотиоцијаниати и кои можат да го заштитат организмот од рак со што ќе го спречат растот на клетките на ракот. Ренот има и антибактериски својства. Имено, лабораториските истражувања покажале дека алил-изотиоцијанат од ренот ги уништува бактериите E. coli, H. pylori и Salmonella. Исто така, благодарение на карактеристичната лутина, ренот помага при проблеми со синусите, носот и грлото и ги ублажува настинките и проблемите со дишењето. Извор:Курир.мк]]>

Прсти да излижете: Рецепт за „пица“ од зеленчук https://arhiva.vistina.com.mk/prsti-da-izlizete-recept-za-pica-od-zelenchuk/ Thu, 29 Sep 2022 12:24:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269373

Потребни состојки: 1 модар патлиџан 2 пиперки 2 тиквички 1 брокула сол маслиново масло 3 домати босилек 130 грама лебни трошки 60 грама пармезан рузмарин 3 чешниња лук 8 шери домати ½ црвен кромид моцарела мајчина душица Начин на подготовка: 1. Исечкајте ги на поголеми парчиња модриот патлиџан, тиквичките, пиперките и брокулата. Наредете го зеленчукот во сад за печење и додајте маслиново масло. Печете околу 30 минути во рерна на 200 степени целзиусови. 2. Сечете ги на мали парчиња 3 поголеми домати, посолете и додајте босилек. 3. Во друг сад додадете ги лебните трошки, пармезанот, изрендајте го лукот и промешајте. Исечете ги шери доматите на половина. Исечете и половина од црвениот кромид. 4. Кога зеленчукот ќе биде готов, прелијте го со сос од домати, ставете ја смесата со лебни трошки и пармезан и малку маслиново масло. 5. Додајте моцарела, наредете ги црвениот кромид и шери доматите и на крајот додадете мајчина душица. Печете уште 15 минути на температура од 204 степени. Откако го прочитавте нашиот предлог за денешното мени, можеби ќе сакате да прочитате и како да направите совршено тесто за пица. Извор: atma.hr/кафепауза]]>

Овие 4 видови зеленчук најмногу придонесуваат за здравјето на црниот дроб https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-4-vidovi-zelenchuk-najmnogu-pridonesuvaat-za-zdravjeto-na-crniot-drob/ Fri, 19 Aug 2022 12:50:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263494

Функцијата на црниот дроб, помеѓу останатото, е и чистење на организмот од токсини, помош при варењето, складирање на витамини и минерали како и синтеза на протеини. Овој многу важен орган има уникатна способност да се регенерира по оштетувањето, но сепак не е неуништлив, а изборот на храна и пијалаци значајно влијае на неговото здравје. Постојат многу намирници богати со хранливи супстанци кои благотворно делуваат на црниот дроб, а една особено важна група на намирници е зеленчукот. Цвекло Иако на некои им смета неговиот по малку земјен вкус, цвеклото е преполно со хранливи материи кои одлично влијаат на здравјето на црниот дроб. Истражувањата покажуваат дека сокот од цвекло спречува болести, помагајќи му на овој орган да ги извршува своите функции. Моменталните податоци укажуваат на тоа дека одредени антиоксиданти кои се наоѓаат во цвеклото, наречени беталаини, имаат антиканцерогени и антивоспалителни својства. Брокула Специфичните хранливи материи кои се наоѓаат во зеленчукот како брокула се посебно корисни за здравјето на црниот дроб. Брокулата може да се јаде сирова или зготвена, може да биде додаток на разни јадења од тестенини или салати, а може да се послужи и како прилог. Прокељ Прокељот во последните неколку години стана многу популарен, а за тоа постои добра причина. Освен што може да ја подобри дигестијата и да обезбеди големи количини витамини и минерали, прокељот содржи и растителни соединенија кои ја подобруваат работата на црниот дроб. Лиснат зеленчук Оваа група зеленчук вклучува кељ, спанаќ, блитва и зелена салата, зеленчуци кои се преполни со антиоксиданти кои го штитат телото од опасните слободни радикали. Неодамнешна студија открила дека консумирањето сиров спанаќ го намалува ризикот од неалкохолни масни болести на црниот дроб. извор:точка.ком.мк]]>

Мелено месо со зеленчук во бел сос https://arhiva.vistina.com.mk/meleno-meso-so-zelenchuk-vo-bel-sos/ Mon, 20 Sep 2021 12:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219835

Што вкусно да зготвите денес? Вкусно кремасто јадење со месо и зеленчук. Состојки: - 350 гр мешано мелено месо - 1 страк праз - 4 поголеми компири - 2 моркови - 2 дл млеко - 2 дл јогурт - 2 лажици брашно - 4 лажици рендан пармезан - малку масло - путер - сол, бибер - магдонос Подготовка: Излупете ги компирите и морковите, исечете ги на коцки и сварете ги во солена вода. Празот добро измијте го, исечете го на прстени и испржете го на малку масло. Кога ќе омекне, додадете го меленото месо и пржете додека месото не биде готово. Додадете сол и бибер. Испржете го брашното во растопениот путер, додадете млеко и постојано мешајте за да не се формираат грутки. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од шпоретот, додадете јогурт, па сол и бибер. Ставете ги исцедените компири и моркови во сад за печење, додадете го месото со праз и прелијте сè со белиот сос. Добро промешајте, а одозгора ставете неколку парчиња путер, па посипете со сецкан магдонос и рендан пармезан. Печете во загреана рерна околу 15 минути, додека не добие убава кора. Добар апетит! извор: кајгана]]>

Џејми Оливер сподели неверојатен рецепт за ручек за четворица https://arhiva.vistina.com.mk/dzejmi-oliver-spodeli-neverojaten-recept-za-ruchek-za-chetvorica/ Thu, 26 Nov 2020 13:20:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178241

Џејми Оливер се прослави со едноставните рецепти кои секој може лесно да ги подготви, а неговите специјалитети и покрај тоа се многу вкусни и уникатни. Овој оброк можете да го послужите за појадок, но и за ручек или вечера, а можете да додадете или да ги смените состојките по желба. Евтин е и многу брз, и истовремено едноставен за подготовка. Состојки: - 8 јајца - зелен зеленчук (кељ, блитва, зелје, спанаќ, грашак) - рикота - маслиново масло - сок од лимон
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)

Подготовка: Добро измијте го зеленчукот, исецкајте го и ставете го во некој сад, па зачинете со сол, масло, сок од лимон и потоа додадете ги претходно лесно изматените јајца. Загрејте го маслото (или путер) на тавче, додадете ја смесата од јајцата и зеленчукот, па парчето рикота. По желба додадете и малку изрендан пармезан. Кога ќе ја испржите оваа фритата, префрлете ја тавата во рерна на уште неколку минути. Кога ќе биде готово, исечете ги на поголеми парчиња и послужете со суви маслинки или домати. извор:точка.ком.мк]]>

Не лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена храна https://arhiva.vistina.com.mk/ne-lutete-im-se-na-decata-vrodeno-im-e-da-ne-sakaat-zelena-hrana/ Wed, 23 Sep 2020 13:21:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168311

Битката околу зеленчукот се води во речиси секое домаќинство. Брокулата едноставно не изгледа и не мириса привлечно за децата како малината, особено ако малината е гумена и зашеќерена. Но, не лутете се, децата не се целосно виновни за својата пребирливост. На луѓето им е запишано во генетскиот код да изберат црвена пред зелена храна (на пример, месо пред грашок). Според некои теории, нашиот визуелен систем еволуирал за лесно да ги препознае најхранливите намирници од џунглата зеленило што го опкружува. Луѓето, за разлика од животните, зависат од видот, а не од мирисот, а особено се ефикасни во разликувањето на црвената од зелената боја. Досега се спроведени само неколку истражувања на тема бојата на храната. Авторот на истражувањето, д-р Франческо Форони, објаснува како бојата открива многу за храната. „Колку што е поцрвена храна, толку е поголема веројатноста да биде похранлива, додека зелената боја покажува дека храната има малку калории“, објаснува д-р Франческо Форони. Тој посочува дека бојата може да се користи и во борбата против вишокот килограми затоа што сфатиле дека оваа предност се однесува само на храната, а не и на другите непрехранбени производи. Пробајте различни начини Без оглед на генетиката, децата треба да јадат зеленчук. Престанете да го криете зеленчукот низ храната затоа што тие го наоѓаат во сè. Откријте како децата сакаат да го јадат зеленчукот и така пригответе го. На пример, брокулата може да биде пржена, во намаз од сирење, да се комбинација со нешто што го сакаат, во пире од компири или во супа. фото:кафепауза.мк]]>

Зошто е важно како го сечкате зеленчукот? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-vazno-kako-go-sechkate-zelenchukot/ Wed, 09 Sep 2020 13:20:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166350

Во процесот на подготовка на зеленчукот во кујната, сè е важно, од миење до сечкање. Иако обично ги правите овие постапки автоматски и на ист начин, можеби е време да проверите дали ги правите на вистински начин. Миење Миењето пред сечкањето или лупењето е многу важно, не само затоа што ги отстранува нечистотијата и штетните бактерии што се наоѓаат во кората, туку и за да ги зачува сите витамини што се разградуваат во вода. Ако го миете зеленчукот само по сечкањето или по лупењето, ќе изгубите поголем дел од овие витамини. Тап нож Многубројни истражувања покажуваат дека зеленчукот се оштетува ако го сечкате со тап нож. На тој начин се губат електролитите и калциумот, а храната добива лош мирис. Лупење Обидете се да ја излупите кората колку што е можно потенко, бидејќи на тој начин ќе се зачуваат најмногу хранливи материи. Интересно е што некои истражувања покажуваат дека постојат разлики помеѓу морковот што го лупите рачно дома и морковот што се лупи во фабрика. Штетните бактерии како што е ешерихија коли се помалку присутни во зеленчукот што се лупи рачно. Сечкање Иако изгледа поубаво, сечкањето на мали парчиња не е добро и на тој начин се губи голема количина хранливи материи. Ситно сечканиот зеленчук се расипува побрзо и ги губи влажноста и природниот изглед. Препорачливо е да го сечете зеленчукот на поголеми парчиња. извор:кафепауза.ком.мк]]>