желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 09:29:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png желба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Сакав да имам уште деца“: Неда Украден жали што не се омажила по втор пат (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/sakav-da-imam-ushte-detsa-neda-ukraden-zhali-shto-ne-se-omazhila-po-vtor-pat-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:29:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341623

Неда за тамошните медиуми признала дека жали што не се омажила по втор пат и покрај ќерката Јелена не родила уште деца. Пејачката Неда Украден беше во брак со режисерот Милан Билбија. Својот поранешен сопруг Милан го запознала уште кога била многу мала, биле во врска десет години, која подоцна ја крунисале со брак, но по три години се развеле. Како круна на љубовта, на свет дојде ќерката Јелена. Неда во една прилика за медиумите изјави дека се кае што не се омажила по втор пат и немала повеќе деца. - Сакав да се омажам по втор пат и да имам уште деца, сепак тоа остана само желба. Тоа не се случи. Имам прекрасна ќерка која ми даде прекрасни внуци кои во мене гледаат пријател, сојузник и некој што ги разбира во се и многу ја сакаат својата баба, тие се центарот на светот за мене - изјави пејачката за „Гранд“ . Да потсетиме, Неда неодамна зборуваше за разводот, по што се исели од нивниот стан со ќерката и засекогаш остана пријателка на поранешниот сопруг. Фото: printskrin/instagram/neda.ukraden  ]]>

Душко Тошиќ ги збуни следбениците: Покрај ќерките Атина и Ника, проговори и за син (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dushko-toshik-gi-zbuni-sledbenitsite-pokraj-kerkite-atina-i-nika-progovori-i-za-sin-foto/ Fri, 16 Feb 2024 11:20:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338936

Душко Тошиќ зборуваше за син, само еднаш, во старите времиња, кога љубовта меѓу него и се уште законската сопруга Јелена Карлеуша беше голема и силна. На социјалната мрежа ТикТок, старо видео на Душко Тошиќ во кое тој во интервју ја споменува својата голема желба - покрај тетоважите на имињата на ќерките Ника и Атина, да го истетовира името на синот, кои се негов најголем благослоv, повторно почна да кружи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

Имено, неколку дена пред родендените на ќерките, Тошиќ решил да ги истетовира имињата на своите милениќки на десната рака, што и го направил, додека, како што изјавил, левата рака му ја оставил на синот. - Левата рака е празна, таму го очекувам мојот син – изјавил тогаш Тошиќ пред камерите на „Ексклузив“, а дали неговиот план за наследник е сон или реалност останува на времето и секако судбината. фото:instagram printscreen/ duskotosic]]>

Анастасија Ражнатовиќ не можеше да молчи и ја откри тајната на сопругот Немања: „Повеќе сака да го прави ова отколку леб да јаде“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-razhnatovik-ne-mozheshe-da-molchi-i-ja-otkri-tajnata-na-soprugot-nemana-poveke-saka-da-go-pravi-ova-otkolku-leb-da-jade-foto/ Tue, 06 Feb 2024 12:59:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337699

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ уживаат во заедничкиот живот. Ќерката на Цеца изгледа никогаш посреќна и блеска покрај сопругот, а сега тајната на Немања Гудељ е откриена. Имено, за Немања Гудељ не се знаеше многу пред да влезе во врска со Анастасија, иако е успешен фудбалер. Младата пејачка одвреме-навреме објавува дел од нивното секојдневие на Инстаграм, а сега покажа со каков талент располага нејзиниот сакан.
Анастасија на својот Инстаграм објави видео од автомобилот во кој пее заедно со сопругот Немања. - Повеќе сака да пее отколку да јаде леб - напишала Анастасија. Пејачката и фудбалерот се венчаа во август минатата година во манастирот Рајиновац кај Грочка, само во кругот на семејството.
- Беше многу убаво, во кругот на семејствата и двајцата. Интимни... Тоа беа нивните желби. Прекрасно си поминавме, топ! – изјави Цеца која не крие дека голема желба и е Анастасија да стане мајка. фото: Instagram printscreen/ raznatovicanastasija]]>

Жените во овие години најмногу уживаат во сексот, желбата тогаш им е најголема https://arhiva.vistina.com.mk/zhenite-vo-ovie-godini-najmnogu-uzhivaat-vo-seksot-zhelbata-togash-im-e-najgolema/ Wed, 31 Jan 2024 13:50:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307010

Истражувачите во Тексас провериле колку сексуалната желба е поврзана со годините. Биолошкиот часовник и неговото отчукување влијае на желбата за секс. Во триесеттите жените често можат да го слушнат тој часовник. Токму тој ги тера жените да „ги искористат останатите години за раѓање“ и така во одреден дел од животот им се зголемува либидото. Во истражување објавено во магазинот „Personality and Individual Differences“ учествувале 827 жени кои биле поделени во три групи: висока плодност во доба од 18 до 26 години, ниска плодност во доба од 27 до 45 години и менопауза од 46 па натаму. Врз основа на одговорите од учесниците во интернет анкетата, истражувачите откриле дека жените од 27 до 45 години (оние во категорија ниска плодност) поседуваат „зголемен сексуален нагон како одговор на намалување на плодноста, но и „чести сексуални фантазии, активен сексуален живот и подготвеност за повремен секс“. извор:точка.ком.мк]]>

„Поглед кој остава без здив!“: Андријана Јаневска замина во странство и се воодушеви од она што го виде (видео)  https://arhiva.vistina.com.mk/pogled-koj-ostava-bez-zdiv-andrijana-janevska-zamina-vo-stranstvo-i-se-voodushevi-od-ona-shto-go-vide-video/ Tue, 16 Jan 2024 11:20:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335082

Македонската пејачка Андријана Јаневска замина на патување во Лозана, Швајцарија. Таа сподели фотографии со нејзините синови Димитар и Кристијан кои заминале заедно со неа, а во описот напиша: „Поздрав од прекрасната Швајцарија“. Но бидејќи таа освен што е музички талентирана исто така е и голем авантурист. Па така, овој пат она што и го привлече вниманието беше  патувањето со воз низ Швајцарија кое со задоволство го сподели со јавноста. - Патување со воз низ Швајцарија...  Поглед кој остава без здив!  - стоеше во објавата која ја постираше на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Позитивната енергија се чувствува уште од далеку, а магичниот поглед од возот во кој уживале навистина маѓепсува. Во позадина таа ја додала и  класичната симфонијата „Winter“ , за комплетно да го долови целосното доживување. - Патување со воз разгледница!  - се надополни таа и во следната нова објава со која потврди дека навистина премногу се воодушевила.
Дека пејачката ги наполнила батриите е повеќе од сигурно, а желбата за патување со воз низ  убавата Швајцарија сега и е веќе остварена.  ]]>

Марија Шерифовиќ неодамна се исполни во улога на мајка, а сега изненади со нова желбa: Еве на кого му кажа дека ќе го „смува“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-neodamna-se-ispolni-vo-uloga-na-majka-a-sega-iznenadi-so-nova-zhelba-eve-na-kogo-mu-kazha-deka-ke-go-smuva-foto/ Tue, 09 Jan 2024 08:03:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334122

Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември минатата година, кога се роди нејзиниот син Марио со помош на сурогат мајка. Веќе пред крајот на годината таа, нејзиниот наследник и гордата баба Верица пристигнаа во Србија, а празниците ги поминуваат во семејна средина. Според информациите, Марија ја подготвила собата за бебето пред да замине во Америка за да го дочека раѓањето на нејзиниот син, а Верица се вселила кај неа за да и помогне во се. Пејачката најубавиот христијански празник го помина со синот, а сега на еден од најдобрите пријатели јавно му го честиташе роденденот и сите  ги изненади со тоа што го кажа. Марија објави фотографија на која се гушка со нејзиниот пријател од срце, а под објавата  напиша:  - Ќе се „смуваме“ ние некогаш. Марија  е облечена во костим за капење, а Никифор без мајца. Да потсетиме, пејачката неодамна проговори за сурогат мајката која и помогнала да ги оствари соништата. Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да ја носам бременоста и не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството беше мојот единствен избор – изјави тогаш  таа. Фото:Printskrin/Instagram/serifovic  ]]>

„Ако има шанса, би ја искористила“:  Гоца Тржан проговори за сурогат мајчинството (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ima-shansa-bi-ja-iskoristila-gotsa-trzhan-progovori-za-surogat-majchinstvoto-foto/ Tue, 26 Dec 2023 07:59:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332394

Пејачката Гоца Тржан, e една од ретките јавни личности која отворено зборува за ин витро оплодувањето преку кое се обидува да забремени, а сега  истакна дека многу би сакала да го проба овој метод за да добие уште еден наследник. - Ако има шанса, на оваа возраст би била многу среќна да ја искористам. Ова го има само во Америка, постои со години, само сурогат мајката и таа што плаќа за сурогат мајчинството мора да бидат законски заштитени, а законски е многу строго и многу е тешко да се прават овие закони, па кај нас тоа... се разбираме, да бидеме реални. Некогаш се правеше од срце, сега е платено и толку - беше јасна, па откри дали има желба за следната година:  - Немам неостварени желби, не сум жена која сака многу, јас сум жена која се радува на тоа што го има и живее во моментот за да немам неостварени желби. Се што имам и што имам материјално утре би можело да исчезне и не би била незадоволна и мислам дека животот е многу повеќе од материјални работи и неостварени желби. Оние кои се постигнати се многу поважни. Фото: Printskrin/Instagram/gocatrzan]]>

Сања Ѓорѓевиќ се гордее со својата ќерка, а сите се прашуваат како изгледа и што прави (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-gorgevik-se-gordee-so-svojata-kerka-a-site-se-prashuvaat-kako-izgleda-i-shto-pravi-foto/ Mon, 27 Nov 2023 07:44:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328613

Фолк пејачката Сања Ѓорѓевиќ може да се пофали со својата ќерка Ивана која не се појавува во јавноста бидејќи воопшто не ја интересира естрадата. Наследничката на Сања основните студии по право ги заврши во Србија, по што замина на магистерски студии по спортско право во Швајцарија.
- Како што знаете, по студиите по право во Швајцарија, Ивана полагаше диференцијален испит за да може таму да биде адвокат. Магистрираше и по спортско право во Цирих. Мислев дека ќе се држи до тоа, но нејзината желба беше да го положи и правосудниот испит. Навистина не знам од каде нејзината сила, но горда сум на се што направила. Мораше да научи 7.000 страници, полагаше осум испити и немаше право да падне на ниту еден, бидејќи во спротивно ќе мораше да го направи тоа од почеток  - рекла еднаш Сања. Фото: Принтскрин/Instagram/sanjadjordjevicofficial]]>

Атрактивната струмичанка навлечена на јога: Кога Љупка Митрова прави мост и мажите и жените имаат една желба… само различна! https://arhiva.vistina.com.mk/atraktivnata-strumichanka-navlechena-na-joga-koga-lupka-mitrova-pravi-most-i-mazhite-i-zhenite-imaat-edna-zhelba-samo-razlichna/ Sat, 25 Nov 2023 08:00:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322965

Моделот, модна блогерка и инфлуенсерка Љупка Митрова не престанува да ја изненадува јавноста со својата приватност. Како никогаш до сега, атрактивната струмичанка продолжува да го споделува она што на личен план и се случува, го практикува, го ползува... До душа емотивните моменти како оние од времето на љубовната сага со „Големиот брат“ од Куманово, овој пат ги крие како „змија нозете“ или пак во недостаток на нова љубов, остатокот животни активности имаат предност! Летово Љупка споделуваше каде се' уживаше, на кои и какви егзотични дестинации полнеше батерии... Кога летото приврши и пристигна есента Љупка Митрова реши да покаже колку е добра домаќинка. Расната струмичанка се фрли на готвење, како нејзина нова страст за подигање на самодовербата за да провери дали и колку ја бива и во кујната или чисто онака само заради забава, сеедно... Есенва Љупка Митрова царуваше на социјалните мрежи како секси домаќинка! Страста за готвењето се' уште не поминала, а еве ја струмичката убавица со нова пасија... За здрав живот требаат и здрави навики, па освен здравата храна, физичката активност е исто толку важна. Патем, освен на здравјето, вежбањето влијае и на естетиката, па покрај генетиката, разгибувањето на телото прави физичкиот изглед да биде речиси совршен. Тоа Љупка добро го знае, па решила да проба нешто, што оддамна е познато, ама сега е одново во мода. Затоа атрактивната струмичанка последните месеци им се препушти на јога вежбите. Ем парктично, без многу потребно губење време зашто може да се вежба и од дома, ем  симпатично и здраво... И за телото и за духот! Ако уште и го споделите на своите профили по социјалните мрежи, бројот на љубители на јогата преку ноќ може повеќекратно да се зголеми. Се разбира ако истата ја практикува некоја секси убавица како заводливата струмичанка. Зашто  кога  Љупка Митрова на пример, прави мост и мажите и жените имаат една желба... Само различна! Дамите да изгледаат како неа, па се обидуваат да ја имитираат во јога вежбите, а мажите... Ним, барем не на повеќето, не им е баш до јогата... Ама затоа нема вистинско машко кое не би посакало „да се најде под или барем покрај мостот“! Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova
     ]]>

Желбата на Лаушевиќ била да го испратат во вечниот дом онака како што живееше: „Мирно и тивко“ https://arhiva.vistina.com.mk/zhelbata-na-laushevik-bila-da-go-ispratat-vo-vechniot-dom-onaka-kako-shto-zhiveeshe-mirno-i-tivko/ Fri, 17 Nov 2023 13:16:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327521

Жарко Лаушевиќ не напушти на 15 ноември, во тишина на 64-годишна возраст, а неговото заминување го остави целиот регион во солзи. Познатиот актер, Жарко Лаушевиќ зад себе остави бројни улоги по кои ќе го паметиме, а животот го помина во изолација, без преголема медиумска експонираност. Додека многу познати личности со болка се простуваат од Лауш, се шпекулира каде ќе биде погребан актерот. Како што се наведува, го чека неговото место во Алејата на заслужните граѓани, а конечната одлука треба да ја донесе семејството. Како што пренесува „Курир“, драмскиот уметник Жарко Лаушевиќ изразил желба да биде испратен во вечното почивалиште онака како што живеел - тивко и повлечено. Актерот му оставил аманет на семејството да биде кремиран и неговиот погреб да биде во Белград. Инсистирал погребот да се одвива без големи церемонии и говори, во најтесниот круг на блиски луѓе, потврдил изворот за споменатиот портал Лаушевиќ, кој е роден во Цетиње, поголемиот дел од кариерата го помина врзан за Белград, па неговата желба не изненадува. Во чест на драмскиот уметник ќе се одржи комеморација на која ќе говорат пријатели и колеги, а од него ќе можат да се простат сите почитувачи на неговиот лик и дело. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Дамир Дервишагиќ/]]>