Зегин Опен 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Sep 2022 07:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Зегин Опен 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Успешно завршен првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/uspeshno-zavrshen-prviot-megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022/ Tue, 20 Sep 2022 07:31:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267733

Заврши првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ кој викендов се одржа во Берово. Првото место на завршниот ден од турнирот во машка конкуренција му припадна на Милан Миленковиќ од Србија, додека најдобра кај жените беше Дамла Хасанова од Бугарија. За победникот Милан Миленковиќ, Зегин Опен 2022 е најдобриот турнир на кој учествувал.
– Ова беше феноменален турнир, прв пат сум овде, многу јаки играчи дојдоа. Противникот со кој играв во финалето е доста перспективен, но добро се борев и го освоив првото место. Секоја чест за клубот од Берово кој со поддршка на својот спонзор ова го овозможија, рече победникот Миленковиќ.
Првопласираната во женска конкуренција Дамла Хасанова од Бугарија која настапува за ППК „Зегин“ исто така изрази задоволство од одличната организација на турнирот.
– Многу сум задоволна бидејќи победив и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Од оваа година настапувам за клубот од Берово и се надевам на успешна сезона, рече Хасанова.
Најдобрите на турнирот поделија награди во висина од 5000 евра кој беше вкупниот награден фонд годинава. Организатор на првиот Меѓународен турнир со поддршка на главниот спонзор Зегин е Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин” и Пингпонгарската федерација на Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=ITGiYI1It6A https://www.youtube.com/watch?v=F0cK-KhAcHM]]>

Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ викендов во Берово https://arhiva.vistina.com.mk/megjunaroden-turnir-vo-ping-pong-zegin-open-2022-vikendov-vo-berovo/ Wed, 14 Sep 2022 12:55:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266949

Пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово викендов (17 и 18 септември) ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во пинг-понг ,,Зегин Опен 2022″. Вкупно пријавени се 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, кои ќе се натпреваруваат во четири категории.
-Натпреварите се во сениорска и јуниорска конкуренција и ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување и тоа квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите ќе се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од 5 сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од 7 сетови, информираа организаторите.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари ќе бидат ангажирани сертифицирани судии.
-Жрепката е закажана за утре, 14 септември, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг. Натпреварите ќе започнат со почеток од 9 часот. Со ова се докажува дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот, додадоа организаторите.
Помагател на турнирот е Пингпонгарската Федерација на Македонија, а турнирот целосно се одржува под комплетно спонзорство на компанијата „Зегин“. ]]>