зебра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Oct 2021 10:54:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зебра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Раша Ѓелмаш, легендарниот тапанар на „ЈУ група“ и „Поп машина“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-rasha-gjelmash-legendarniot-tapanar-na-ju-grupa-i-pop-mashina/ Thu, 28 Oct 2021 10:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225016

Рaтислав Раша Ѓелмаш, поранешен тапанар на Ју група, Поп машина и лидер на групата Зебра, почина во Белград на 72-годишна возраст. Ѓелмаш е роден на 26 јануари 1950 година во Белград, а својот прв интерес за музика го покажал во 1966 година, кога со своите врсници од училишниот оркестар ја основал групата Ангели. Во март 1972 година ја основа групата Поп машина со Роберт Немечек (бас), Зоран Божиновиќ (соло гитара) и Сава Бојиќ (соло, вокал). Поп-машината како нова белградска група со свој репертоар (дванаесет авторски песни) брзо станува забележана, популарна и неизбежна на белградската музичка сцена во седумдесеттите години на 20-иот век. Подоцна тој се сели во Силуете и на крај станува тапанар на тогаш веќе популарната ЈУ група, која ја сочинуваа браќата Жика и Драги Јелиќ. Во тие години Раша Ѓелмаш важи за најдобар млад белградски тапанар. Со ЈУ група доживеа голема популарност низ СФР Југославија. Во 1976 година ја напушта ЈУ група и ја формира Зебра. Со Зебра го издаде албумот „Велат дека таков е редот“ (1979), на кој свиреше на тапани и клавијатури и пееше. Во 1982 година, тој го издава соло албумот „Hot roсk“, на кој се појавуваат Ѓелмаш на тапани и вокал, Бата Костиќ на гитара и Лаза Ристовски на клавијатури. По објавувањето на албумот, Ѓелмаш се повлече од музиката и се посвети на автомобилските трки и на својот ресторан. Во 1989 година се враќа во ЈУ група и со бендот ги сними албумите „Трагови“ (1990) и „Рим 1994“ (1995 година). На крајот на 90-тите, тој ја напушти ЈУ група, повлекувајќи се од музиката. ]]>

Ова бебе зебра е родено со точки по телото наместо со линии https://arhiva.vistina.com.mk/ova-bebe-zebra-e-rodeno-so-tochki-po-teloto-namesto-so-linii/ Wed, 18 Sep 2019 13:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107677

Зарем има нешто послатко од ова? Оваа зебра со точки е забележана во Кенија и Интернетот веднаш полуде со реакции. Не само што е уникатна и слатка, туку нејзината појава и конечно може да ја разреши дилемата дали зебрите се вообичаено црни со бели линии или бели со црни линии. Специјалистот за див свет Пармали Лемеин открил дека ова е прв случај на зебра со точки во Националниот резерват Масаи Мара во Кенија. Според него, веројатно зебрата има меланизам, што е состојба спротивна на албинизмот. Но, за жал, слични зебри со оваа состојба во минатото не доживувале повеќе од 6 месеци живот во Африканските паркови. Според некои научници, линиите на зебрите се формираат кога се стопира создавањето на меланинот, што значи дека животното најверојатно е сепак црно со бели точки, а не обратно. Фотографите Раул Сачдев и Антони Тира успеале да направат неколку прекрасни фотографии од ова ретко животно, па да уживаме во нив – сепак тие прикажуваат ретка појава во природата. извор: Кајгана]]>

Ништо без црно-бело: Деа Богдановска – од селска мома и латекс сирена до зебра! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nishto-bez-crno-belo-dea-bogdanovska-od-selska-moma-i-lateks-sirena-do-zebra-foto/ Thu, 01 Feb 2018 12:42:56 +0000 http://vistina.mk/?p=11444

Новопечената ТВ водителка на Канал 5, Анастасија Деа Богдановска не можете да ја видите да не е средена, стокмена, дотерана, елегантна... Која комбинација и да ја промени на себе одлично и прилега. Од народна носија до латекс...
Од „селска“ мома до латекс сирена.
Сепак, по се изгледа дека една модна комбинација и е омилена. Барем по приложените фотографии во последно време. Шармантната Деа, како најмногу мерак да има на... црно-бело! Тогаш некако делува најсигурна, најсамоуверена... Како што самата знае да каже: „Ја чувствувам слободата на секоја клетка во своето тело“!  Од црно-бело, кусо зимско сако, преку црно-бело капутче, до црно-бело фустанче...  Да ја прашате, гарант ќе ви каже дека омилено животно и е... зебра!
     ]]>