ЗЏМ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ЗЏМ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Биг бендот на ЗЏМ на 9-ти декември ќе ги свири композициите на „Леб и сол“ https://arhiva.vistina.com.mk/big-bendot-na-zdhm-na-9-ti-dekemvri-ke-gi-sviri-kompozitsiite-na-leb-i-sol/ Tue, 07 Nov 2023 12:30:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325819

На 9-ти декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол.“ На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“ со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба.
„Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на „Леб и сол“  иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. Билетите може да ги набавите online на https://mktickets.mk/ 
]]>

„Здружението на џез музичари“: Да не се избрзува со реакции пред конечното утврдување како ќе функционира новата институција – „Оркестарот за џез музика во Македонија“ https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzhenieto-na-dhez-muzichari-da-ne-se-izbrzuva-so-reaktsii-pred-konechnoto-utvrduvane-kako-ke-funktsionira-novata-institutsija-orkestarot-za-dhez-muzika-vo-makedonija/ Mon, 03 Apr 2023 14:41:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296426

По одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, за основање на национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје, добивме исклучително позитивни реакции од страна на целокупната македонска јавност, но и честитки од нашите колеги во регионот кои ја поздравуваат добиената шанса нашата дејност да биде официјализирана и институционализирана преку основањето на џез оркестарот.  Токму затоа, бевме особено изненадени и затекнати од изнесениот став од страна на нашите колеги од Филхармонија околу завземениот став по одлуката на владата според која просторно “оркестарот се планира да биде сместен во објектот на НУ Национална филхармонија, а по потреба ќе го користи и музичко-сценскиот простор на НУ Национална опера и балет”.   Во тој контекст, сметаме дека и ние треба да го изнесеме нашето видување на целата настаната ситуација. Разбирлив е отпорот кон промени, но не можеме да ги оправдаме ниту прифатиме како основани изнесените ставови од страна на нашите колеги.  Имено, би сакале да ги потсетиме нашите колеги за нашите заднички реализирани проекти и потврдената квалитетна соработка во текот на овие 7 години работење на ЗЏМ Биг Бендот. Ова е период во кој Биг бендот успеа да реализира огромен број концерти во преполни сали за кои се бараше билет плус, на кои како гости учествуваа значајни имиња од земјава и регионот и чиј квалитет беше препознаен од целата македонска јавност, а дел од тие концерти беа реализирани во соработка токму со нашите колеги од Филхармонија.  Драги ни се овие соработки со Филхармонија, голем дел од концертите и пробите за овие концерти се случуваа токму во просториите на Филхармонија, па можеби затоа природно произлегла идејата нашата институција да има свое седиште токму во овие простории. Ако земеме во предвид дека станува збор за две институции кои функционираат на исто поле – музика, уметност, култура, наше мислење е дека овие институции треба синергично да соработуваат, заедно давајќи придонес во создавањето културни вредности.  Во нашиот случај станува збор за новооформена институција, за прв пат после толку години во нашата земја има џез оркестар, па од наш заеднички интерес е да делуваме смирено и сплотено, најколегијално сите да придонесеме во формирањето на уште една културна установа која ќе промовира вистински вредности и висок квалитет. Да не го занемариме и фактот дека последниве дваесетина години се продуцираше исклучително квалитетен кадар од областа на џез музиката, таленти чиј квалитет и работа се неспорни, земајќи го во предвид школувањето на најдобрите европски и светски џез академии, како и џез академиите во Скопје и Штип.  Покрај образованието, нивната работа е забележана и потврдена во земјава, но и надвор од неа; тоа е кадар чие место на професионално функционирање, но и обезбедување животна егзистенција, е токму во еден ваков оркестар.  Да не дозволиме да го изгубиме овој кадар, туку заедно да придонесеме во создавањето нови приказни на квалитетна музичка соработка. За крај, би сакале да апелираме, да не се избрзува со предвремени реакции пред конечното утврдување на тоа како ќе функционира новата институција, и заеднички, Министерството за култура, Филхармонија и ние како претставници на Џез оркестарот, објективно да ја процениме целата ситуација, да се утврдат условите под кои нашата институција ќе може најдобро да функционира, и да се дојде до решение кое ќе биде во најдобар интерес за двете институции.   Со почит, ЗЏМ]]>

Биг бендот на ЗЏМ ќе ги свири песните на легендардниот Френк Запа во Македонската филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/big-bendot-na-zdzm-kje-gi-sviri-pesnite-na-legendardniot-frenk-zapa-vo-makedonskata-filharmonija/ Tue, 30 Nov 2021 13:47:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229462

В среда, на први декември од 20 часот во Македонската филхармонија Биг бендот на Здружение на џез музичари ќе свири музика на легендарниот и авангарден музичар Френк Запа. Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл, кој ги водеше концертите на ЗЏМ на кои претходно се свиреше музика на „Битлси“, Дон Менза и „Рејдиохед“. Френк Запа претставува една од најкарактеристичните музички фигури кои го одбележаа 20-тиот век и се смета за еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на неговата генерација. Тој е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со нонконформизам, импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на американската култура. Во својата кариера, долга повеќе од 30 години, Запа компонира во рамките на рок, поп, џез, џез- фјужн музика, создава оркестарски и Musique concrète дела (музика која користи снимени звуци од природата) и ги продуцира речиси сите, повеќе од 60, албуми издадени со неговиот бенд Mothers of Invention и како соло уметник. Тој, исто така, режирал долгометражни филмови и музички спотови, и дизајнирал корици на албуми. Запа накратко експериментирa со биг бендови во раните 70-ти и повторно за време на неговата последна турнеја во 1988 година, но неговата музика совршено се адаптира за биг бенд изведба.]]>