здрвена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Oct 2020 07:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здрвена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Весна – „Бејби“ на „трофазно“ подмладување: Умна и здрвена, прво на боцкање, па на гушкање! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-na-trofazno-podmladuvanje-umna-i-zdrvena-prvo-na-bockanje-pa-na-gushkanje-foto/ Fri, 02 Oct 2020 07:19:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169549

Има една светска максима, која гласи: „Убавината ќе го спаси светот“... Како контра на неа, една стара скопска поговорка пак, вели: „Убавината е минлива, а глупоста останува“! И не дека не биле во право и едниот и другиот што ги измислиле и кажале, ама за аналогно на двете, излегува дека за глупоста да не преовладее, убавината постојано треба да доминира! И не само заради тоа. Што е убаво и на Бога му е драго, што би рекле браќа Срби, па затоа од убавина - никогаш доста! Годините си врват, па ако животното искуство по дифолт ти прави  „корекција на умот“,  ќе мораш или самиот, или со туѓа  помош да се погрижиш за корекција на ликот. Македонската актерка, водителка, писателка, драмски педагог... што ли уште не е, Весна „Бејби“ Петрушевска, која  неодамна ја раситни и „шестата банка“ од животот, поучена токму од туѓото искуство сублимирано во сето она што претходно го наведовме,  побара помош за разубавување. И тоа стручна и не било чија, туку, како што и самата таа, а и многумина други велат, од најдобрите. Бејби реши да се подмлади и разубави или барем да престане да старее однадвор, зашто одвнатре ионака е евергрин. „Форевер јанг“, што би рекле, па налетот на мајката природа на надворешната естетика, препушти естетските стручњаци  да ја „замрзнат и коригираат“! И тоа не во една или две, туку во три фази! Прва фаза - да те здрват! И ја здрвија... Тоа помалку  наликува како Бејби да е во сцена од некој „хорор-трилер“, ама само навидум. „Процедурално“, зашто таква е процедурата, оти за се си има себап! После па, коа ќе ти кажат: „Леле, шо убаво старееш“, а тебе ти иде една милина, саде мераци и ќефои си од напливот на комплименти, ти текнуе? Затоа седи, ќути, трај и зевај... во таванот, вообичаено! Втора фаза - боцкање! Со филери и ботокс! Бејби пет години ја убедувале, додека не ја кандисале... Зашто за некои работи Бејби има „срце како планина“, ама од боцкање- „прпа“! Плачка голема... Се' додека и самата не се убедила дека навистина не боли... Не барем, толку! Трета фаза - опсервација на резултатот. А резултатот - за гушкање! До душа со короната, не е баш време за прегратки, ама на некои нешта, Бејби едноставно не може да им одолее! Екипата естетски мајстори од најпознатата ординација врвна, Весна  „Бејби“ - умна и подмладена! И ајде сега да ве видам некој нека и фати кусур, дека „Бејби“ изгледа за 50 и кусур? Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska
]]>