здружение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 10:15:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здружение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во Брисел промовирано здружението „Есма – крстосница на културите“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-brisel-promovirano-zdruzhenieto-esma-krstosnitsa-na-kulturite/ Mon, 11 Dec 2023 10:15:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330543

Со настап на групата „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“ синоќа во Брисел беше одржана промоција и отворена канцеларија на здружението „Есма – Крстосница на културите“ („Esma - Carrefour des cultures“), чија цел е промоција на ромската и балканската култура и музика во Белгија - објави makpress.mk.
Здружението, како што посочи неговиот претседател Оливие Бони, е формирано во 2020 година во Шарлроа, но поради Ковид пандемијата во почетокот немало позначајни активности. Тоа сега се шири и работи на нови проекти, вклучително и отворањето на канцеларијата во Брисел во чии рамки има и библиотека, документациски центар и книги, преку кои белгиското општество ќе може подобро да се запознае со ромската култура.
- Сакаме да го урнеме ѕидот на предрасудите за ромската популација. Го користиме името на познатата пејачка Есма Реџепова, бидејќи таа беше голем амбасадор на ромската култура, истакна Бони во изјава за МИА.
Цел на здружението, исто така, е и да ги поврзува луѓето и да иницира дијалог меѓу лица со различно потекло и култура, исто како што Есма патуваше низ целиот свет и ги поврзуваше луѓето со својата музика.
- Ова е можност да и дадеме вредност на нејзината кариера и нејзините пораки, со реализација на различни проекти, како оној за ромските, но и за балканските писатели, затоа што не сакаме да ги делиме балканските општества и да создаваме вештачки граници меѓу луѓето, вели Бони.
Тој додава дека здружението планира и многу други проекти, за што очекува средства од белгиски институции, кои се посебно заинтересирани за поддршка на ромските организации, бидејќи само мал број од нив се реално активни и особено што „Есма – Крстосница на културите“ е единствената организација чија примарна цел е промоција на културата и интеграција на ромскиот народ.
Според единствената ќерка на Есма и солистка на „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“, Елеонора Бони, здружението засега функционира само во Белгија, но е заинтересирано за соработка и со други слични организации од други земји за промоција на своите заложби и надвор од белгиските граници.
Таа додава дека „Есма – Крстосница на културите“ досега во Белгија има организирано изложба на фотографии посветена на Есма и нејзиното животно дело, како и неколку настапи на „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“.
- Во моментов работиме на театарска претстава, што следната година ќе ја има својата премиера, најверојатно во Шарлроа, а се надевам потоа ќе ја изведеме и тука во Брисел. Со театарската претстава ја промовираме ромската култура и зборуваме за ограничувањата со кои се соочува жената Ромка, вели Елеонора Бони.
Таа посочува дека во ромската заедница постои традиција дека жената мора да седи дома, да одгледува деца, да биде мајка, односно да биде се, само не пејачка. Според неа, вообичаено Ромките кои се пејачки не се прифатени од своите семејства и од локалната ромска заедница.
- Јас тоа го почувствував на своја кожа и сакам да дадам се од себе идните генерации да го немаат тој проблем. Даваме се од себе и се бориме да им ги отвориме очите на луѓето, додава таа.
Шефот на „Есма’с Бенд Некст Џенерејшн“, координатор на здружението и син на Есма, Симеон Атанасов, посочува дека „Есма – Крстосница на културите“ е единствена организација од овој тип затоа што ја промовира ромската култура на „вистински начин“.
- Што значи тоа на вистински начин. Не само она што се снима по филмовите, сиромаштија и ред други работи, туку да се промовира вистинската ромска култура и традиција. Затоа сега ја отворивме канцеларијата овде во Брисел за да бидеме достапни до сите и да може секој да дојде и да препорача некоја своја идеја за да реализираме проекти, вели Атанасов за МИА.
Според него, здружението е отворено за луѓето од целиот Балкан, но негова примарна цел е промоција на ромската и македонската култура.
Во однос на состојбата околу Спомен музејот на Есма во Скопје, Атанасов посочува дека веќе седум години се води судски спор во кој нејзините два тестаменти - за куќата и за авторските права, се оспорени од страна семејството Реџепови.
- Се уште се влечеме по судските ходници. Но, она што мене ме изненадува е зошто властите не преземаат нешто околу тоа и да се реши тој случај побрзо, затоа што единствен наследник на куќата според тестаментот е Министерството за култура, а тоа ништо не презема за да го заштити својот имот, вели Атанасов.
Тој посочува дека засега ова прашање е статус кво, а музејот е руиниран и од е него се однесено.
- Јас и Елеонора сме малку разочарани околу тоа. Тука се трудиме да ја одржиме таа традиција на Есма, но во Македонија тоа оди многу тешко, додава Атанасов.
Фото: Фејсбук/Esma's Band Next Generation
]]>

Здружение „Без глутен“: Тргуваат со нашата болест, зголемена цената на единствениот лек – брашното https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenie-bez-gluten-trguvaat-so-nashata-bolest-zgolemena-cenata-na-edinstveniot-lek-brashnoto/ Thu, 23 Jan 2020 10:53:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130571

Здружението „Без глутен“ преку социјалните мрежи реагира на поскапувањето на, како што посочуваат, единствениот лек, брашното кое го земаат на рецепт. Тие велат дека храната која може да ја јадат и ја купуваат тука и во Германија е со иста цена, но со огромна разлика во платите. -Жално, но вистинито. Но, за да бидеме НИЕ здрави, треба да одделиме барем 50% од домашниот буџет за нашата храна, бидејќи НАМ само храната ни е лек, односно брашното на кое имаме право 30кг на месец. Жално е тоа што храната што ја купуваме овде и во Германија, цената е иста, а уште пожално е тоа што платите ни се различни. Исто така би сакале да изразиме ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до Фондот за Здраствено осигурување што ни го покачи единствениот лек – брашното што го зимаме на рецепта (на приватно може да се купи и е 280 денари – 1кг.) и беше 75 денари – 1кг., од 17.01.2020 цената станува правосилна и е 106,6729 денари. ?Дали ФЗО не праша НАМ засегнатите дали можеме да си ја дозволиме оваа цена? ?Дали ФЗО треба да се полни на товар на болните луѓе? ?Зошто никој не се огласи после оваа донесена одлука? ❓Минимална плата – 30кг брашно = 14.500 – 3200,19❓ ❗❗❗Ние НЕ избравме да бидеме со оваа хронична автоимуна болест – Целијакија, за да се тргува со нашата болест. ]]>

Една година од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска https://arhiva.vistina.com.mk/edna-godina-od-smrtta-na-kralicata-na-romskata-muzika-esma-redzepova-teodosievska/ Tue, 12 Dec 2017 12:33:17 +0000 http://vistina.mk/?p=6409

На денешен ден се упокои великата Есма Реџепова Теодосиевска, балканска хуманитарка, европска донаторка и светски гласовен гениј.
Хуманитарното здружение денес, пред куќата на Есма Реџепова подели новогодишни пакетчиња на децата од соседството на Есма и на тој начин ја продолжи нејзината традицијата.
„Ти беше земен ангел и знаеме дека си во рајот. Ти благодариме за твојата добрина, љубов, искреност, топлина и твоето големо срце што го отвораше кон сите. Живеевме со тебе, а ти вечно ќе живееш во нашите срца, ум, емоции, сеќавања, моменти и животни радости. Твоето, хуманитарно здружение Есма и Стево Теодосиевски“ - напишала на својот Фејсбук профил нејзината ПР менаџерка, соработничка и блиска пријателка Зорана Костовска која со останатите членови на здружението го продолжува хуманиот пат на Есма - единствената кралица на ромската музика.

„Baby It’s Cold Outside“: Концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници https://arhiva.vistina.com.mk/baby-it-s-cold-outside-koncert-na-zdruzenieto-na-dzez-muzichari-i-slobodni-umetnici/ Tue, 12 Dec 2017 06:57:08 +0000 http://vistina.mk/?p=6431

Здружението на џез-музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје вечер од 20 часот во Македонската филхармонија ќе одржи предновогодишен џез-концерт насловен „Baby It’s Cold Outside“. Концертот ќе биде составен од два дела и ќе го води диригентот Џијан Емин. Првиот дел, со наслов „Charlie Parker With Strings“, ќе се реализира во соработка меѓу ритам-секцијата на ЗЏМ Биг бендот и гудачката секција на Македонската филхармонија и солистот на алто-саксофон Кирил Кузманов. ЗЏМ соопшти дека оваа програма ќе биде изведена премиерно на концерт наменет за пошироката публика. „Станува збор за изведба на компилациски албум на еден од најпознатите џез-саксофонисти и композитори на сите времиња, Чарли Паркер, кој е прогласен за најпродаван и е награден со Греми награда во 1988 година“, информира ЗЏМ. Вториот дел е концертен настап на ЗЏМ Биг бенд оркестарот на кој ќе настапат и вокалните солисти Џон Илија Апелгрен и Марија Димитријевиќ. Во вториот дел од вечерашниот концерт ќе бидат изведени дела од најголемите имиња од областа на џез-музиката.]]>