здружение на џез музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Nov 2023 13:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здружение на џез музичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ЗЏМ Биг бенд ќе свири композиции на легендарните „Леб и сол“ на 9 декември во Националната опера и балет https://arhiva.vistina.com.mk/zdhm-big-bend-ke-sviri-kompozitsii-na-legendarnite-leb-i-sol-na-9-dekemvri-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Tue, 14 Nov 2023 12:59:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326896

На 9 декември, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет Здружението на џез музичари ќе одржи целовечерен концерт. Предвидено е да бидат изведени дел од композициите на легендарните “Леб и сол,” со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба. “Леб и сол” е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што следи долгогодишно испишување на една од најимпресивните музички кариери на овие балкански простори и, со сигурност, најдоминантната во македонската музичка историја. Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитијан ја сочинуваат стандардната постава на “Леб и сол,” иако во текот на годините во оваа група членувале и други значителни музички имиња меѓу кои Димитар Чочоровски-Чочор, Драгиша Солдатовиќ-Лабиш, Миодраг Петковски-Мики, Драгољуб Ѓуричиќ, Кирил Џајковски, Валентино Скендеровски, Димитар Божиков, Срѓан Дункиќ, Гоце Стевковски, Михаил Парушев, кои придонесле за развивање на уникатниот звук и негувањето на вистинските музички вредности. Билетите може да ги набавите online на https://mktickets.mk/, информираат органозаторите. фото:Фејсбук принтскрин/Здружение На Џез Музичари и Слободни Уметници]]>

Денот на џезот -30. април ќе се одбележи со онлајн концерти https://arhiva.vistina.com.mk/denot-na-dzezot-30-april-kje-se-odbelezi-so-onlajn-koncerti/ Wed, 29 Apr 2020 12:42:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147254

Оваа година Денот на џез-музиката, 30 април, ќе биде одбележан на малку поинаков начин. Здружението на џез-музичари ќе приреди концерт на својата фејсбук-страница преку онлајн видеостриминг, како и на страницата на Град Скопје и на Младинскиот културен центар. Утре, во текот на целиот ден, ќе имаме можност да проследиме неколку концерти на врвни македонски музичари и групи: соло-настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“. Ќе имаме можност да слушнеме и настап на ЗЏМ колектив – комбо-ансамбл, составен од изведувачи што се членови на Здружението на џез-музичари. Ќе биде изведена оригинална музика од членовите на ансамблот.
Перкусионистот Антоние Весковски ќе настапи со песни од својот албум „Wonderland“, кој набргу треба да биде објавен. „Кабадајас“ ќе изведат композиции од нивните два студиски албуми, како и нов материјал, кој е во подготовка за снимање, додека на концертна изведба на „Зулу 3.4.“ ќе слушнеме композиции од нивните два студиски албуми „FM to AM“ и „Expandability“. Концертот на бендот „Светлост“ ќе претстави дел од нивниот композиторски и изведувачки опус, како и нови композиции, но и музика што спонтано ќе произлезе од нивните креативни мигови.
]]>