здравство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 06:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здравство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Патувајте во Истанбул бесплатно со Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“ и консултирајте се со врвни специјалисти во болница Мемориал! https://arhiva.vistina.com.mk/patuvajte-vo-istanbul-besplatno-so-zdravstven-informativen-tsentar-medikal-karadhi-turs-i-konsultirajte-se-so-vrvni-spetsijalisti-vo-bolnitsa-memorial/ Thu, 26 Oct 2023 06:06:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323920

Здравствениот информативен центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ заедно со групацијата Меморијал болници со задоволство им даваат можност на сите пациенти кои сакаат да се консултираат со специјалисти од светска класа за нивниот здравствен проблем, да имаат БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ и ПРОМОТИВНА ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА НИВНИОТ ПРЕГЛЕД. При назначување на ДОПОЛНИТЕЛНИ прегледи од страна на специјалист, пациентите ќе имаат можност да добијат попуст на цената доколку одлучат да ги направат на лице место. Пациенти со: • Онколошки заболувања за консултација со медицински онколог • Очни болести • Ортопедски заболувања • Естетска хирургија • Баријатриска хирургија • Гастроентерологија • Општа хирургија • Пет Скен • Неврохирургија • Трансплантација на бубрег – црн дроб И ЗА СИТЕ ДРУГИ КОНСУЛТАЦИИ И ИСПИТУВАЊА ЗА ВАШИОТ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ. ШТО ДОБИВАТЕ: • Бесплатен превоз Македониа – Турција – Македонија • Промотивна цена со попуст за преглед / консултација со специјалист од избрана област и попуст на дополнителни прегледи. Сите оние кои сакаат да патуваат мора да ги исполнуваат следниве услови: За медицинската документација однапред ќе се разговара со координатор од Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“ и доколку има потреба ќе се преведе на англиски јазик. Karaci Tours International ќе се погрижи за логистиката на пациентите и ќе обезбеди нивно удобно и безбедно патување. Пациентите ќе бидат придружувани од координатор на Здравствен Информативен Центар „Медикал Караџи Турс“, кој ќе се грижи за нивниот душевен мир и ќе ги информира за се што им е потребно во текот на патувањето. Програма: На 12 ноември - поаѓање наутро во 06 часот од Гостивар - Автобусот ќе се движи по релација: Гостивар- Тетово- Скопје- Велес- Неготино – Демир Капија- Гевгелија. Слободно време(пауза) во Текирдаг за шопинг, ручек и сл. Ноќевање во регионот на Истанбул, 35 евра по лице, на 13 ноември прегледи во болница Мемориал, враќање на 13 ноември во вечерните часови околу 20 часот, возење во текот на ноќта. ПОНУДАТА НЕ ВКЛУЧУВА: • Лични трошоци • Дополнителни услуги и истражувања Потребни документи за преминување на граничните премини Македонија – Турција: • Патна исправа ( Пасош валиден над 6 месеци ) • За лица под 18 години кои патуваат со еден родител, заверено полномошно од другиот родител. • Патничко осигурување • Karaci Tours International може да им помогне на пациентите да добијат патничко осигурување - контактирајте ги координаторите на Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“ за повеќе информации. Турција-Македонија: • Патна исправа (Пасош валиден над 6 месеци) Искористете ја можноста навреме да се информирате за вашите здравствени проблеми и да ги добиете најдобрите опции за нивно решавање! Сите заинтересирани за повеќе информации и пријавување можат да се јават во Здравствен Информативен Центар-ЗИЦ „Медикал Караџи Турс“: ☎ +389 71 314 005 и за сите други дополнителни прашања.]]>

Трансфер од една фреквенција на друга : Еве каде и во каков проект ќе ја гледате Билјана Дебарлиева (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/transfer-od-edna-frekvencija-na-druga-eve-kade-i-vo-kakov-proekt-kje-ja-gledate-biljana-debarlieva-foto/ Tue, 27 Sep 2022 09:18:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268749

Познатата ТВ водителка и презентерка Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи неодамна ја извести јавноста и следбениците дека по 11 години работа во Канал 5 телевизија повеќе нема да се појавува пред камери на таа фреквенција. Бидејќ тогаш не најави дали е крај на ангажманите како медиумски работник, остана дилема дали Билјана повторно ќе се појавува пред камери. Сепак, не помина многу време за нејзината убавина и професионалност повторно да зрачат од ТВ екраните, само на друга фесквенција. Имено, Дебарлиева продолжи да ги води емисиите за здравство, односно „Визита“, ја замени со „Фактор здравје“ на телевизија 24 и дојде на местото на колегата Илија Николовски. Веќе почна и првата емисја на споменатата телевизија на тема есенски вируси со гостинска доктор во студиото која говореше на темата. Билјана ги воведе гледачите и посочи дека ќе можат да се гледаат секој работен ден наутро и да дознаат нешто повеќе на тема здравје. За потссетување, пред да работи во телевизијата од која се збогува, Билјана беше препознатливо лице од утринската програма на накогашната А1 телевизија, водеше утринска програма, „Бебе магазин“… фото:Принтскрин Фејсбук Фактор здравје/ Инстаграм Билјана Дебарлиева]]>

Почина бездомникот чие лекување ДНК се понудија да го платат, а Панчо „распали“ по институциите: „Човечкиот живот го вреднуваат со нула“! https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-bezdomnikot-chie-lekuvanje-dnk-se-ponudija-da-go-platat-a-pancho-raspali-po-instituciite-chovechkiot-zivot-go-vrednuvaat-so-nula/ Fri, 24 Sep 2021 07:14:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220429

Вчера, четврток 23 септември објавивме дека Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“  туку пред се’ хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. Така, двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомно лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош… Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки… Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-od-dnk-ponudija-lekuvanje-na-bezdomno-lice-estradnite-umetnici-povtorno-pokazaa-deka-se-mnogu-povekje-od-zabavuvachi-dodeka-vlasta-i-sistemot-odnovo-potvrdija-kolku-se-truli-i-raspadna/[/embed] Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите  на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. За жал, додека „инертните институции“ на „килавиот систем“ реагираат, бездомникот починал, а Панчо со жалење, лутина и гнев во попладневните чесови ја обзнани лошата вест одново преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.
„Туку што добив информација дека господинот Маријан Петковски предмалку починал.
Уште еден голем показател во какво труло и поделено општество живееме и какви поделби на класни разлики сеуште постојат во 2021. Уште пострашно е тоа што човечкиот живот го вреднуваат со НУЛА, и без пари си само обичен смртник.
Срамота за цел здравствен систем.
Лесна му земја на Маријан и фала на сите оние кои се понудивте за финансиска помош. Оние кој веќе ми испративте истите може да ви ги вратам или да ги дадеме на семејство или поединци на кои навистина им е потребна помош“ - споделил Панчо.
Уште еден изгубен човечки живот, уште една длабока и болна рана во општественото ткиво, заради инертноста на неговите институции. Нов срам за социјално-здравствениот систем менаџирани од крајно неспособната власт предводена од владата на СДСМ и премиерот Заев.
]]>

Филип Ачкоски, м-р по фармација и топедукатор: Здравствени предизвици во празничниот период (ИНТЕРВЈУ) https://arhiva.vistina.com.mk/filip-achkoski-m-r-po-farmacija-i-topedukator-zdravstveni-predizvici-vo-praznichniot-period-intervju/ Mon, 23 Dec 2019 10:51:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125373

Интервју на Филип Ачкоски, м-р по фармација и топедукатор за Здравство.мк
  1. Празничниот период е познат по богатите трпези и испиени големи количини на алкохолни и газирани пијалоци. Како овие прехрамбени навики се ефектуираат врз здравјето на населението?
Во предновогодишниот период на прослави кој е актуелен па и потоа во јануари, значајно е зголемен внесот на месо, пржени производи и сува и зачинета храна воопшто како и на алкохол и цигари. Овие навики предизвикуваат влошување на негативните дигестивни симптоми, па честопати имаме проблеми со надуеност, киселини, дијареа или запек. Причината за ова е пред се нарушувањето на нивото на добрите бактерии во цревата како и нарушување на желудечната функција. Не треба да заборавиме дека во овој период од годината студеното време и загадениот воздух иницираат зголемување на инфективните заболувања што само по себе условува зголемена примена на антибиотици.
  1. Потрошувачката на антибиотици е несомнено највисока во зимскиот период. Колку за здрава дигестија се штетни антибиотиците,и како да ги минимизираме нивните нус појави?
Антибиотиците се многу важни лекови за третман на бактериски инфекции, во одредени услови и животно спасувачки. Сепак треба да се има во обзир дека тие делуваат неселективно т.е. заедно со патогените бактерии ги уништуваат т.н. добри бактерии присутни во цревата. Ова доведува до непријатни гастроинтестинални тегоби од тип на дијареа и мачнина како и до пад на имунитетот. Претераната употреба на антибиотици го прави нашиот организам неспособен за одбрана од патогени а од друга страна се зголемува т.н. антибиотска резистенција на бактериите што значи дека кога навистина ќе ни требаат антибиотици тие ќе бидат неефикасни. Токму затоа е исклучително важно антибиотиците да не се користат на своја рака , туку само по препорака од лекар и да не се користат за вирусни инфекции (настинка, грип) бидејќи не делуваат на нив! Доколку навистина имаме препишана антибиотска терапија од лекар тогаш задолжително треба да паралелно да користиме соодветен пробиотик кој ќе ја врати здравата микрофлора на цревата во рамнотежа и на тој начин ќе ги намали штетните ефекти на антибиотската терапија – во прв ред ќе ја спречи дијареата. Притоа пробиотиците треба да се земат 3 часа пред или после антибиотикот со цел да стигнат во цревата во комплетен број.
  1. Оптеретувањето со масна храна и алкохол во овој период секако негативно ќе влијае и врз нашата телесна тежина но и крвната слика. Како да ги сочуваме овие параметри во нормала?
Клучот е во умереноста и избегнување на прејадувањето. Корисно е и да го прескокнеме десертот секогаш кога е можно бидејќи директно се зголемува нивото на триглицериди. Важно е да се продолжи со континуирано вежбање и во зимскиот период но притоа да се избегнува вежбање на отворено рано наутро и навечер (студено време) и при високо загаден воздух. Корисни се и додатоци во исхрана богати со црвен ориз, артичока, омега 3 и коензим Q10, бидејќи на природен начин го намалуваат нивото на масти во крвта и воопшто придонесуваат за подобро кардиоваскуларно здравје.
  1. Го споменавте зголеменото аерозагадување кое несомнено е голем здравствен проблем во актуелниот период. Има ли можности за намалување на штетата од загадениот воздух?
Покачените вредности на ПМ честиците, сулфур диоксид, азот диоксид и јаглерод моноксид, се сериозен ризик за човечкото здравје особено кај малите деца, хронично болните и постарите лица и штетно влијаат на развојот на белите дробови , носат ризик од хронични белодробни заболувања, алергии, астма и канцер. Заради сето ова е важно да преземеме се што е во наша моќ да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски а пред се да го провериме квалитетот на воздухот на мерните станици пред излегување од дома. Во услови на високо загадување прозорите треба да бидат затворени а престојот на отворено да биде краток и притоа да користите заштитна маска (најдобро со активен јаглен)! После престој на отворено можете да ги промиете носот и горните дишни патишта со спреј на база на физиолошки раствор. Ако сте во можност набавете прочистувач за дома, но при тоа внимавајте да биде со доволен капацитет за квадратурата на објектот и редовно менувајте ги филтрите.
  1. Ве молам за неколку практични здравствени совети како да го зачуваме своето здравје во празничниот период?
  • Внесувајте доволни количини на течности – идеално 2-3 литри вода дневно. Водата со додаден лимон е одлична за детоксикација на организмот, особено наутро до 12ч кога способноста за прочистување на органзимот е најголема. Не заборавајте да вклучите солени супи во исхраната или барем користете раствори на ОРС (орални рехидратациони соли) кои се клучни за добра хидратација, здрава столица и целокупното наше функционирање.
  • Внесувајте свеж, сезонски зеленчук и овошје секојдневно, во количини од 300-400 грама. Овошјето и зеленчукот се основен извор на витамин Ц и цинк кои се клучни за имунитетот а освен тоа се одлични за добро варење на храната.
  • Внимавајте внесот на алкохол и цигари да биде умерен! Алкохолот не дехидрира што води кон лоша столица, а заедно алкохолот и цигарите го иритираат желудникот и цревата и ги зголемуваат ризиците за појава на гастрит или чир.
  • Најдете време за вежбање и физичка активност (најмалку 3 пати неделно по 30 минути) бидејќи е особено важно за правилен метаболизам и мотилитет на цревата.
  • Ако сте во можност посетете спа центар. Комбинацијата на базен (хидротерапија) и сауна 1 неделно, е идеална за детосикација, топење на мастите и подигнување на Вашиот имунитет.
  • Немојте да користите антибиотици на своја рака! Антибиотиците не се ефикасни при настинка, грип и вирусни инфекции, туку само ја нарушуваат дигестивната микрофлора и го ослабуваат Вашиот имунитет.
  • Повремено користете пробиотски препарати кои ја стабилизираат цревната микрофлора и помагаат во регулацијата на варењето на храната.