здравј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Oct 2020 11:37:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здравј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како ќе реагира вашето тело ако почнете да одите боси почесто? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-kje-reagira-vasheto-telo-ako-pochnete-da-odite-bosi-pochesto/ Thu, 01 Oct 2020 12:40:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169480

Ако одите боси, се поврзувате со земјата или со природната површина преку нозете, така што вашите органи ја апсорбираат нејзината магнетна енергија. Дури и ако немате градина, можете да шетате боси низ куќата. Во продолжение прочитајте кои се придобивките од одењето боси. 1. Ги лекува негативните емоции Слободното одење без чевли го намалува стресот и поттикнува некои телесни функции, како дишење, оксигенација на крвта и пулс. Исто така, одењето боси ве враќа во детството, што е преточено во позитивно чувство. 2. Ја обновува кожата Многу е важно да им дозволите на нозете да дишат природно и да бидат ослободени од ограничувањата на обувките. На овој начин ќе ја спречите појавата на влажност и нема да имате проблем со појавата на бактерии и лош мирис на стапалата. 3. Ја зголемува енергијата На нозете има безброј нервни завршетоци. Тие се суштински во некои видови алтернативна медицина, како што се акупунктурата и рефлексологијата. Кога директно ја допирате земјата со нозете, ги активирате овие нервни завршетоци, што резултира со автоматско зголемување на енергијата. 4. Го ослободува притисокот врз зглобовите Човечките суштества биле создадени да можат да преживеат без чевли. Кога одите боси, механиката на вашето тело се приспособува на тоа, создавајќи природно порамнување на зглобовите. Ова е причината зошто некои спортови, како што се пилатес или јога, се практикуваат боси. 5. Го зајакнува вашиот одбранбен систем Одењето боси ви помага да им се спротивставите на настинките. Ладната земја го предизвикува телото да произведува дополнителна топлина и на тој начин го зајакнува имунитетот. Методот топло-ладно се користи за лекување болка кај хронични опструктивни белодробни заболувања, вклучително и астма и анксиозност. 6. Ја стимулира циркулацијата За уште подобра циркулација, најдобро е да одите во ладна вода, по влажна трева, во река или во море. Плус, ова ќе ви помогне да ги намалите воспаленијата во нозете. Бонус Одете боси еден час дневно, по можност на природни површини и, ако можете, одете на прсти и на потпетици. Спортувајте без обувки за зајакнување на вашите мускули и лигаменти. Грижете се за хигиената на стапалата затоа што одењето боси на тротоар или во куќата може да предизвика сувост и грубост на кожата и може да се насобере нечистотија. извор:кафепауза.мк]]>

Појадокот како најважен дел од денот https://arhiva.vistina.com.mk/pojadokot-kako-najvazen-del-od-denot/ Thu, 16 Aug 2018 16:07:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43218

Кога бевте мали, сигурно вашата мајка постојано ви повторуваше дека појадокот е најважниот оброк во денот. Иако таа реченица ви е врежана во главата, веројатно често ви се случува наутро брзајќи да летнете низ врата без да ставите нешто в уста, или пак, велејќи си дека со прескокнување на појадокот ќе заштедите некоја калорија, да гладувате до ручек. Секое прескокнување на појадокот е грешка која го засегнува и вашето здравје и вашиот изглед. Појадокот е најважниот оброк во денот. Но, зошто е појадокот толку важен? Еве ги најубедливите причини поради кои треба да појадувате секој ден:

Појадокот ги подобрува концентрацијата, фокусот и продуктивноста

Појадокот не само што го снабдува со енергија вашето тело, туку го храни и вашиот мозок. Докажано е дека децата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати на тестовите на училиште, а возрасните се попродуктивни на работа. Ако цело утро зјапате во екранот од мониторот без да исполните ниту една задача, тогаш причината за вашата непродуктивност можеби се крие во тоа што сте го започнале денот со две чаши кафе наместо со обилен здрав оброк. Јадењето наутро ја подобрува концентрацијата и ја зголемува способноста за фокусирање. Веројатно имате почувствувано дека е тешко да се сконцентрирате додека ви кркори стомакот.

Појадокот ја зголемува енергијата

Луѓето кои го започнуваат денот со појадок имаат повеќе енергија и можат да издржат поинтензивна физичка активност. Тоа значи дека ако појадувате, поголема е веројатноста да го издржите напорниот час по аеробик и полесно да го оформувате вашето тело.

Појадокот го подобрува расположението

Луѓето кои појадуваат го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот, што резултира со чувство на благосостојба. Ако не појадувате, поголема е веројатноста да бидете раздразливи и нервозни. Истражувањата покажуваат дека „појадувачите“ помалку страдаат од анксиозност, депресија и хиперактивност.

Појадокот го забрзува метаболизмот

Кога не јадете подолг период (во текот на ноќта), телото започнува да „мисли“ дека гладувате и складира повеќе масти. Појадокот го стимулира метаболизмот и го поттикнува телото да согорува калории.

Појадокот го контролира апетитот

Иако можеби си мислите дека со утринското гладување ќе го намалите внесувањето на калории и ќе го забрзате слабеењето, реалноста е дека тоа е погрешна стратегија. Ако гладувате во почетокот на денот, истражувањата покажуваат дека подоцна ќе бидете посклони кон прејадување. Луѓето кои не појадуваат прават и полош и понездрав избор на храна во остатокот од денот.

Појадокот го намалува ризикот од дијабетес

Кај луѓето кои појадуваат се намалува ризикот од појава на дијабетес, прекумерна дебелина или кардиоваскуларни заболувања.

ИДЕИ ЗА ЗДРАВ И БРЗ ПОЈАДОК

Немате време за богат појадок? Еве три брзи предлози за да го започнете денот здраво и енергично:
  • Овесна каша со млеко. Измешајте овесни снегулки со млеко и додајте неколку тенки парчиња јаболко и суво грозје или сушена брусница.
  • Интегрален леб премачкан со путер од кикиритки и јаболко.
  • Тврдо варени јајца, интегрален леб и банана.
]]>