здрава храна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Mar 2023 13:14:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здрава храна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Здрави намирници кои можат да ја загрозат здравствената состојба на човекот – со нив не треба да претерувате! https://arhiva.vistina.com.mk/zdravi-namirnitsi-koi-mozhat-da-ja-zagrozat-zdravstvenata-sostojba-na-chovekot-so-niv-ne-treba-da-preteruvate/ Thu, 09 Mar 2023 13:14:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292637

Нема ништо лошо да ни се случи доколку со текот на времето изедеме чоколадо, колач, чипс, но важно е да не ги консумираме секојдневно и премногу и дека оброците треба да се направени врз основа на здрави намирници кои докажано се богати со хранливи материи. Изборот не е мал, но можеби не сте знаеле дека ниту со нив не треба да претерувате затоа што и тие можат да предизвикаат здравствени проблеми. За кои намирници станува збор? Вода со лимон Жените обожуваат да ја пијат и со неа често го започнуваат денот затоа што слушнале дека така се губат килограмите, иако експертите тврдат дека нема особено делување освен тоа што лимонот го подобрува вкусот на водата. Никој не вели дека оваа комбинација не треба да се пие, како и за сè друго, но не смее да претерувате со неа. Големите количини напиток можат да ги оштетат забите, да ја оштетат површината на забот и да го отворат патот за појава на кариес. Овесни снегулки Многу од луѓето ги јадат за појадок затоа што брзо се подготвуваат, а со додатокот на овошје во нив се подготвува одличен десерт. И, треба да ги јадете затоа што се богати со растителни влакна, магнезиум и цинк. Меѓутоа, често содржат многу калории, особено доколку купувате веќе готова смеса за каша која може да биде полна со т.н. скриени шеќери. Затоа ве советуваме да купите обични овесни снегулки без никакви додатоци и да си подготвите слатка или солена каша, но да не користите повеќе од 50 грама овесни снегулки по оброк затоа што во 100 грама има речиси 400 калории. Риба Рибата е исклучително здрава, содржи витамини Б1, Б2, Б6, Б12, омега три масни киселини, но сепак не треба да биде на вашето мени секој ден. Доколку консумирате еднаш или двапати неделно риба, со тоа ќе го намалите ризикот од смрт предизвикан од проблеми со срцето за 36 отсто. Токму толку е доволно затоа што преголемата количина може да доведе до труење со жива, особено доколку јадете поголеми риби кои се хранат со помали риби. Извор: Курир.мк ]]>

Водеше битка со килограмите по бременоста: Луна Ѓогани откри како ослабела (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vodeshe-bitka-so-kilogramite-po-bremenosta-luna-gjogani-otkri-kako-oslabela-foto/ Thu, 11 Aug 2022 09:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262237

Луна признава дека и било тешко да ги изгуби вишокот килограми, но резултатите биле видливи веднаш штом се откажала од одредена храна. Победничката на Задруга 2, Луна Ѓогани призна дека по бременоста едвај успеала да се ослободи од вишокот килограми. Додека беше трудна, па дури и откако ја доби ќерката Миа со Марко Миљковиќ, Луна си даде пауза и јадеше речиси сè, но подоцна се бореше да си ја врати својата линија. "Кога се породив, не сакав да се откажам од храната, бидејќи ми требаше многу енергија поради ќерка ми Миа. Но, кога таа малку порасна, цврсто решив да ја вратам старата тежина. Мислев дека лесно би го направила тоа, но ништо не беше онака како што планирав. Со месеци се обидував да ослабам, се гледав и со нутриционист, но ништо не ми помогна да се вратам во форма“, рекла Луна, која подоцна решила да се откаже од нездравата храна. а резултатите веднаш беа видливи. "Престанав да јадам леб, целосно ги исклучив газираните пијалоци и ги намалив слатките на минимум. Дури тогаш почнав да слабеам. Не сум поддржувач на ригорозни диети и гладување, бидејќи тоа не е здраво. Треба да ја промените вашата свест од начинот на кој се храните. Со диетите се  добива краткорочен ефект, а кога ќе престанете да ги следите, килограмите брзо се враќаат. Затоа е подобро да се откажете од нездравата храна и да јадете се останато. Се разбира, умерено, бидејќи прејадувањето не е здраво. Сега имам 65 килограми и сум среќна. Тоа е мојата идеална тежина, која ја имав пред бременоста. Не сакам повеќе да слабеам“, изјави Луна, која не оди во теретана, бидејќи тренингот со нејзината ќерка е најдобар за неа. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Луна Ѓогани]]>

Александра Накова не е само на овошје, салати и вода: За да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-ne-e-samo-na-ovoshje-salati-i-voda-za-da-nema-zbrka-atraktivnata-ubavica-pokaza-deka-i-chorba-se-krka-foto/ Mon, 23 May 2022 09:13:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251629

Александра Накова, според многумина, една од најзгодните македонски топ модели и веројатно најзгодната газдарица на една продавница за облека во Македонија. Дека нејзиниот телесен раскош е навистина супериорен, познато е уште од времето кога се појави…Она што мајката природа и го подарила, гевгелиската убавица подоцна го надградила со помош на естетската хирургија, за денес Накова да изгледа во најмала рака како силиконските убавици од соседството, а можеби и „рамо до рамо“ со оние од „малку посеверно“! Атрактивната гевгеличанка речиси секоја сезона меѓу првите ја отвора истата, кога е летото во прашање. И тоа најчесто уште летото и пред да дојде. Ако не на море и езеро, тогаш на некој од нејзините омилени базени. сами или во друштво на некоја од своите верни пријателки убавцита во бикини ги споделува раскошните телесни убавини. Витата манекенска става, долгите тенки нозе, бујните силиконски гради, убавата заоблена задница... ја прават расната гевгеличанка да биде „секси кралица“ на привлечноста каде и да се појави. Гевгелиската убавица викендов се прошета до Дојран, кој и е на чекор од дома во комшии. Убавините на дојранското крајбрежје  ги сподели на тој начин што го искористи убавото време уште малку да се исонча, да го искористи денот за да го подготви тенот за она главното летово што доаѓа. Но она што најчесто многумина мажи и особено претставнички од понежниот пол  како прашање сои го поставуваат, е што тоа ваквите убавици обедуваат? Што и колку јадат, што пијат, што смеат што несмеат, за вака добро да изгледаат? Веројатно секоја си има има некаков свој режим, но ако помисливте дека Накова е само на овошје, салати и вода, мора да сте во тешка заблуда! Имено Накова, на својите Инстаграм приказни споделила една интересна фотографија на која се гледа кафеанска маса и на неа полна чинија... со дојранска чорба! Рибја, телешка или шкембе, остана нејасно, ама затоа е повеќе од јасно оноа, дека манекенките и топ моделите се само на „марула и брокула“ е обична флоскула! „Уметница мора бити здрава“, ама тоа не значи дека мора да биде само „на трава“ и дека ништо друго не смее да проба, па дури и чорба? Затоа, за да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! До душа, навиките за здрав живот треба да се негуваат од мали нозе,  а и ако сакаш да тргнеш по стапките на мама, уште од малечка треба да јадеш здрава храна!  Таа лекција ќеркичката на Накова добро ја нучила , па затоа за неа, оброкот се состои од салата од брокула. Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official        ]]>

Потрошувачите избраа: Виталиа – најпознат бренд за здрава храна за 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/potroshuvachite-izbraa-vitalia-najpoznat-brend-za-zdrava-hrana-za-2021/ Wed, 24 Nov 2021 09:47:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228581

Во истражувањето спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг - InsiderID, “Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија”, Виталиа ја задржува позицијата и во 2021 како најпознат бренд во категоријата ЗДРАВА ХРАНА. Анализирани се вкупно 18 категории на производи, а анкетирани се повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територијата на целата држава. Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните категории на светските пазари, а во Македонија станува се поинтензивна, се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави и функционални производи за одржување на нивното здравје, како и за превенција од болести. „Виталиа“ е добро препознатливо име на македонскиот пазар и кај македонскиот потрошувач, бренд, кој повеќе од 27 години, здравата исхрана ја поставува како приоритет. Виталиа е нашиот амбасадор, најуспешната компанија во оваа категорија, со застапеност на својата програма во повеќе од 55 земји во светот и  со белег на секој производ со знакот „Made in Macedonia“. “Не радува фактот што македонските купувачи ги препознаваат бенефитите на нашите производи и континуирано го бираат брендот Виталиа како главен сојузник за одржување на нивното здравје, особено денес, во услови кога светот се соочува со последиците од пандемијата. Потрошувачите знаат што е најдобро за нив, а ние ќе продолжиме со исполнување на нивните потреби и комплетна грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и иновативни  производи. Секој производ што го развиваме го создаваме со максимална посветеност ,од срце, и мора да ги задоволи, пред сè, нашите строги критериуми за квалитет и за функционалност , без компромис на вкусот” – изјавуваат од Виталиа. Само минатата година, во услови на пандемија, Виталиа ја зголеми својата производна програма со бројни иновации и нови продукти, со што забележа раст од 13 % на македонскиот пазар и над 5% на глобалните пазари. Воедно својата лидерска позиција ја зацврсти со проширување на позициите и до 80 % market share, со што се издигна на листата на премиум бренд со најдобар резултат и апсолутен успех. Со изградбата на нов објект од 1000м2, компанијата го продолжува трендот на инвестиции во развојните активности за проширување на капацитетите, со што во иднина се отвараат нови можности за зголемено производство и извоз на меѓународните пазари. Со младиот енергичен тим на компанијата кој во моментот ја раководи, ваквите цели се остварлив предизвик и мотивација за унапредување, иновирање, раст и развој.]]>

Сопругата на Маринко Роквиќ е совршенство: Славица не сака јавно да се експонира, иако изгледа двојно помлада од што има години (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugata-na-marinko-rokvikj-e-sovrshenstvo-slavica-ne-saka-javno-da-se-eksponira-iako-izgleda-dvojno-pomlada-od-shto-ima-godini-foto/ Thu, 03 Oct 2019 12:28:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110673

Маринко Роковиќ е во брак со сопругата Славица со години, но таа  не сака да се експонира во јавноста.   Двајцата ги имаат синовите Марко и Никола Роквиќ, а Маринко го има и вонбрачниот син Дарио. Многумина коментираат дека Славица изгледа совршено за своја возраст, па дури имногу помладо од годините што ги има.   Таа на на својот Инстаграм постојано споделува фотографии и коментари од кои се гледа и подразбира дека се залага за здрав начин на исхрана. Сепак, како што пишуваа српските медиуми, Маринко ја изневерил неговата Славица пред три години, поради што таа решила да го напушти. Сепак, по неколку месеци,  одлучи да се врати во семејниот дом и да му даде нова шанса на нивниот брак. Славица е и авторка на книгата „Данок во крв“ каде се опишани мноштво животни искуства.]]>

Извонредни совети за љубителите на пица и на здрава исхрана https://arhiva.vistina.com.mk/izvonredni-soveti-za-ljubitelite-na-pica-i-na-zdrava-ishrana/ Wed, 03 Oct 2018 16:23:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51123

Се трудите да се храните здраво. Мислите дека пицата не спаѓа во таа категорија? Размислете уште еднаш! Иако луѓето обично мислат дека пицата дебелее, тоа не мора да биде баш така. Ако ја приготвите или ја нарачате на вистинскиот начин, пицата може да биде многу хранлив, вкусен и нискокалоричен оброк.

Самите пригответе пица

За почеток направете или купете интегрално тесто од целовити зрна. Во него има повеќе влакна, витамини, минерали и антиоксиданси отколку во тестото од рафинирано брашно. Бидете креативни со тестото. Наместо полномасен, користете кашкавал со помалку маснотии. Самите направете сос и не користете премногу шеќер или сол. Додадете свежи билки, босилек и оригано и мелен црвен пипер. Не штедете на зеленчук. Бидете креативни со помош на рукола, спанаќ, тиквички, артичоки, чили пиперчиња, репка, рен или што и да ви текне друго. Не постојат граници. Колку повеќе зеленчук, толку повеќе влакна и вкусови.

Нарачајте пица

Нарачајте пица со тенко тесто, а ако во понудата имаат интегрално, уште подобро. Во тенкото тесто има помалку калории, а житарките ќе обезбедат витамини и минерали како и диетални влакна што помагаат при слабеењето  заради чувството на ситост. Барајте пица со помалку кашкавал. Повеќето пицерии не употребуваат кашкавал со помалку маснотии, па со помалку кашкавал на нарачаната пица ќе добиете и помалку калории и заситени масти. Распрашајте се дали во понудата има вегетаријанска пица. Избегнувајте протеински пици со висок удел на маснотии што се наоѓаат во колбасите, фефероните и сланината. Изберете пица со црвен сос зашто има пониско ниво маснотии и калории и е полн со ликопени, силни антиоксиданси што можат да помогнат да се намали ризикот од рак и срцеви болести.]]>

Како да се храните здраво ако не сакате да готвите? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-hranite-zdravo-ako-ne-sakate-da-gotvite/ Wed, 03 Oct 2018 14:45:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51152

Ако влегувате во групата на луѓе кои не сакаат да готват, сепак не грижете се за тоа што ќе јадете, бидејќи постојат неколку брзи и едноставни начини за подготовка на здрава и вкусна храна. Едноставни јадења Ако не сакате да се храните по рестораните за брза храна, неопходно е да поминете барем некое време во кујна. Готвењето не мора да се претвори во повеќечасовно мачење и подготвување на комплицирани оброци. Со неколку здрави и хранливи намирници ќе можете да ги подготвите некои од наједноставните, но и најздравите јадења, како салата или паста. Квалитетни намирници Користете намирници од врвен квалитет. Намирниците со висок квалитет имаат подобар вкус, па со самото тоа нема да морате специјално да ги обработувате за да подготвите вкусен оброк. Ако домашниот буџет ви е ограничен, тогаш едноставно одберете неколку клучни состојки од врвен квалитет, како добро маслиново масло. Подгответе поголеми количини на храна Во почетокот ќе мислите дека ви треба повеќе време за подготовка на поголеми количини на храна, но всушност нема некоја разлика во подготовката на една или четири порции. Убавината во готвењето на поголеми количини е тоа што остатокот можете да го замрзнете. Се што после треба да направите е всушност да ја подгреете замрзнатата порција, да додадете некој прилог и ќе имате вкусен и здрав оброк без премногу мачење. Ресторани Ако навистина не ви се готви, тука се секогаш рестораните со домашно готвена храна. Можеби ова не е најдобро решение за вас од финансиска гледна точка, но секако дека е подобро отколку да се храните од пекари и ресторани со брза храна.]]>

Сега е време: Јадете лубеница за подобро здравје https://arhiva.vistina.com.mk/sega-e-vreme-jadete-lubenica-za-podobro-zdravje/ Mon, 09 Jul 2018 17:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36714

Еден од хранливите материи кои ги содржи лубеницата е витаминот Ц, кој се наоѓа во изобилство. Лубеницата може да го намали ризикот од појава на астма, но исто така го намалува и крвниот притисок кај средовековните луѓе со прекумерена тежина. Истражувањата покажуваат дека лубеницата го подобрува работењето на артериите. Големото количество вода и влакна, помагаат во варењето на храната. Лубеницата е фантастична за човековата кожа бидејќи содржи витамин А – хранлива материја која ја навлажнува кожата. Овој витамин е потребен и за растењето на сите ткива, вклучувајќи ги и кожата и косата. Се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, бидејќи е одличен чистач на токсините. Оние кои се на диета и сакаат да одржуваат линија, може да ја јадат во неограничени количини.]]>

Овие намирници се многу понездрави отколку што мислите https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-namirnici-se-mnogu-ponezdravi-otkolku-shto-mislite/ Wed, 06 Jun 2018 12:26:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31110

Ако сакате да ослабете, многу е важно да ги броите калориите. Сепак, некои намирници се многу понездрави отколку што мислите. Слатки без шеќер Сите многу добро знаеме дека слатките без шеќер не се нужно добро освен ако спаѓате во групата на оние кои се присилени да ги консумираат поради здравствената состојба. Она што можеби не сте го знаеле е дека премногу слатки без шеќер може да предизвикаат дијареа. Шеќерните алкохоли кои се користат во овие слатки не можат до крај да се сварат и предизвикуваат гасови. Преливи на салати Сите знаеме дека треба да избегнуваме разноразни преливи за салати зашто колку и досадната зелена салата да ја прават повкусна, свесни сме дека богатството на вкус доаѓа со цена. Она што можеби не го знаете дека и безмасните преливи се лоши. Тие имаат помалку калории, но имаат повеќе шеќери. Исто така, им недостасува витамин Е. Помфрит од сладок компир Ако пазите на исхраната, веројатно сте слушнале дека помфритот од сладок компир е поздрав од обичниот. Но, тоа и не е баш точно. Во организмот нема да внесете идентична количина на калории, а се она што е корисно во слаткиот компит ќе се изгуби кога ќе го испржите во врело масло. Оревкасти плодови Солените оревкасти плодови се вкусни и често се чувствуваме добро кога така го убиваме чувството на глад зашто сме слушнале дека се здрави. Сепак, тие пресолени и се штетни за вашите бубрези. Кечап Само една лажица кечап има четири грама шеќер. Тоа е повеќе отколку просечен чоколаден кекс.]]>

Седум работи што не треба да се јадат за појадок https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-raboti-shto-ne-treba-da-se-jadat-za-pojadok/ Thu, 05 Apr 2018 12:33:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19586

Сите знаеме дека појадокот е многу важен оброк и треба да биде хранлив, богат и силен. Но здравата храна не е иста како и нездравата храна, па затоа ви ја претставуваме листата на работи кои не треба да се најдат на Вашата маса наутро. 1. Сланина, Шунка и Кобасици Конзумирањето на преработеното месо е поврзано со зголемување на ризикот од рак на дебелото црево. Центарот за истражување на ракот објави листа на работи кои се поврзани со зголемен ризик од рак и затоа треба да се избегнуваат и да се обработат нитратите од врвот на таа листа. Затоа е време да го исфрлите овој вид месо, не само од појадокот, туку и од другите оброци.
2. Слатки овесни снегулки Некои снегулки се полни со јаглени хидрати и шеќери, па кога ќе ги јадете, шеќерот во крвта нагло скокнува вертикално. Најверојатно не го сакате овој вид на колапс на енергија на почетокот на денот, најдобро е да се избегне појадок од слатки житни култури.
3. Палачинки со прелив Природни плодови и зеленчукови сирупи, како јаворни сирупи, може да бидат многу здрави засладувачи, но проблемот е во тоа што има премногу вештачки сирупи со сличен мирис и вкус, кои се сосема нездрави. Во овие производи, има премногу гликоза, што доведува до формирање на прекумерна маснотија во органите. Покрај растењето, оваа маст е многу опасна и поради тоа што може да доведе до рак.
4. Крофни и слатки пецива Јасно е дека оваа храна содржи огромни количества шеќер, така што тешко може да се смета за здрава. Но, шеќерот е најлош начин да ги пополните резервоарите наутро, бидејќи го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова значи дека по овој оброк ќе бидете гладни побрзо, но исто така се ставате на поголем ризик од дебелина и дијабетис.
5. Готови сендвичи кои само ги подгревате Почесто на пазарот и на рафтовите на некоја самопослуга или маркет ја гледаме оваа „здрава“ верзија на оброк, но почесто се среќаваме со производи кои се полни со адитиви и натриум. Кога ќе се размисли како овие компоненти можат да влијаат на организмот, времето што го поминуваваме во правењето свој сендвич за појадок, почнува да звучи како одлична инвестиција.
6. Овошни јогурти Овие производи го освојуваат пазарот бидејќи имаат само околу 100 калории и може да се најдат во различни вкусови, но тие се полни со вештачки засладувачи што се штетни за телото. Секогаш е подобро да се избере обичен јогурт со помал процент на маснотии.
7. Mафини Многу е погодно да се ,,тркне” во пекарницата секое утро и да се купи некоја од примамливата, шарена мафија, но запомнете дека содржи сè што не ви треба наутро: бело брашно, путер и многу шеќер. Ако навистина сакате мафин за појадок, држете се до помалите, а доволно се тие во големина на едно јајца.
А што е со појадокот? Познатиот нутриционист д-р Љубомир Пфаф советува како да изгледа Вашиот идеален појадок. Биолошки вредниот појадок мора да содржи производи од житарици, едно парче црн или интегрален леб, 200 грама млеко, јогурт или кисело млеко, 100-150 грама сирење и нешто зеленчук - вели д-р Пфаф.]]>