здрав пијалак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 28 Nov 2023 12:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png здрав пијалак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рецепт за здрав пијалак од целер кој има многу придобивки https://arhiva.vistina.com.mk/retsept-za-zdrav-pijalak-od-tseler-koj-ima-mnogu-pridobivki/ Tue, 28 Nov 2023 13:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328939

Напитокот од целер има бројни придобивки за организмот, а неодамна стана популарен, благодарение на Ентони Вилијам од Medical Medium. Со консумирање на сок од целер го детоксицирате телото, но и правите добро за вашата кожа и коса. Има многу придобивки од целерот. Овој зеленчук е познат уште од античко време. Пронајден е во пирамидата на Тутанкамон, која датира од 1323 година п.н.е.. Се користел во древна Хелада, а се споменува дури и во Хомеровите „Илијада“ и „Одисеја“. Целерот е растение кое содржи бројни витамини, но влијае и на процесот на стареење. Целерот содржи и витамин К и го штити здравјето на коските и срцето. Одличен извор е на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамини Б и Б6, витамин Ц и многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Коренот, стеблото и листовите се користат во храната. Незаменлив дел е од супите, салатите, варивата и чорбите, а како посебен зачин се користат суви семки од целер. Иако е честа состојка во правењето супи, целерот може да се консумира и во сок, кој можете да го направите на следниот начин. Сѐ што ќе ви стреба се 2 стебленца целер и лимета. Напитокот подгответе го така што ќе го исечкате целерот, ќе додадете лимета или овошје по желба и сѐ ќе изблендирате во блендер. Извор: Кајгана.мк]]>