збремени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Feb 2023 12:43:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png збремени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Карлеуша ќе забремени по трет пат, а моќен Американец е човекот што ќе и го освои срцето“ – тврди водителката Јована Јеремиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-ke-zabremeni-po-tret-pat-a-moken-amerikanets-e-chovekot-shto-ke-i-go-osvoi-srtseto-tvrdi-voditelkata-jovana-jeremik-video/ Fri, 17 Feb 2023 12:43:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289500

Контроверзната водителка на телевизија „Пинк“, Јована Јеремиќ, на сите им е добро позната по своите настапи и испади во медиумите, како и тоа дека го кажува своето мислење на различни теми. Овој пат како што во видеото може да се слушне, Јеремиќ го послушала своето седмо сетило за поп-фолк дивата Јелена Карлеуша, па коментираше за нејзината брачна состојба, како и за можноста таа да остане бремена по трет пат. Според српската водителка разводот на Јелена и Душко е неминовен, како и тоа дека Карлеуша ќе стане мајка по трет пат. „Јас Душко често го гледам по ресторани, бидејќи ручаме во исти ресторани. Тој таму руча со своите ќерки. Се поздравувам со Душко и со неговите ќерки кога ќе ги видам. Душко е господин, секогаш се поздравува, тој е приземен човек. Тоа меѓу него и Карлеуша мора да го решат на убав начин. Ако истекол рокот на нивниот брак нека се разделат како луѓе и да останат пријатели, рече Јована, предвидувајќи дека популарниот пар ќе се разведе, како и дека популарната пејачка повторно ќе се омажи, но овој пат за моќен Американец, како и тоа дека Јелена ќе стане мајка и по трет пат. „Јас мислам, односно имам интуиција дека Јелена Карлеуша ќе најде трет маж и тој ќе биде странец од американското поднебје. Тој ќе биде сериозно моќен на светско ниво. Можеби ќе му роди дете. Јас тоа го прогнозирам за Јелена, јас едноставно ја гледам со некој трет човек кој не е од оваа земја. Можеби грешам, но јас така ја гледам Карлеуша во иднина“, истакна водителката. За потсетување Јелена Карлеуша на средина од минатата година објави дека по 14 години брак со фудбалерот Душко Тошиќ решила да стави крај и да се разведе. Иако според Тошиќ тоа нема да се случи, а според пејачката тоа е веќе завршена работа, па затоа свое мислење даде и Јована Јеремиќ.
@kurir.rs Jovana Jeremić proriče sudbinu estradi! #jovanajeremic #jelenakarleusa #duškotosic #razvod ♬ original sound - Kurir
]]>