зборување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 12:24:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зборување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што значи доколку си зборувате самите со себе? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-znachi-dokolku-si-zboruvate-samite-so-sebe/ Thu, 31 Aug 2023 12:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316195

Веројатно сте забележале досега како понекогаш зборувате сами со себе, но не сте сигурни дали тоа е добра работа или не… Во едно истражување, психолозите објасниле дека е корисно, и дека е карактеристика на интелигентните луѓе. На пример, Алберт Ајнштајн наводно често повторувал некои реченици многу тивко. Ако зборувате сами со себе, тоа покажува дека сте полни со самодоверба, дека имате искуство во животот и свесни сте дека можете да сметате на себе кога ќе дојде време да разберете што е најдобро за вас. Според психолозите, ова се придобивките од разговорот со себе: Мозокот работи подобро Во еден експеримент, психолозите побарале од 20 волонтери да одат во супермаркет. Тие им навеле што треба да купат. Во првиот дел од експериментот учесниците биле обврзани да ја завршат задачата во тишина, додека во вториот дел гласно повторувале што треба да купат. На крајот, оние што повторувале гласно, можеле да запомнат повеќе намирници. Психолозите велат дека овој метод помага само доколку се работи за предмети кои се познати од порано. На пример, знаете дека бананата е жолта и има одредена форма, а повторувањето ја активира визуелизацијата во мозокот. Но, ако повторите нешто што не можете ни да го замислите, тогаш тоа може само да ве забави и збуни. Мислите се организирани Гласното зборување со себе помага да се организираат измешаните мисли во вашата глава. Ако ги кажувате вашите проблеми гласно и се слушате себеси – тоа ќе ви ги смири нервите, тврдат психолозите. Исто така, тоа помага при донесување важни и тешки одлуки или разјаснување на некоја проблематична ситуација во животот. Полесно е да се стигне до целта Правењето листа со цели во обидот да се постигнат истите, може да биде тежок предизвик. Многу подобар метод е тивко повторување. Така, патот до нив ќе биде полесен, помирен, а помалку ќе се плашите кога ќе наидете на проблем. Психолозите велат дека повторувањето на глас ви помага подобро да се фокусирате на целта, подобро да ги контролирате емоциите и полесно да продолжите понатаму кога ќе наидете на пречка. извор:курир.мк]]>

„Ќе ми фалите…“: Билјана Дебарлиева го направи своето последно појавување пред камери https://arhiva.vistina.com.mk/kje-mi-falite-biljana-debarlieva-go-napravi-svoeto-posledno-pojavuvanje-pred-kameri/ Mon, 12 Sep 2022 06:43:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266308

Познатата ТВ водителка и презентерка Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи ја извести јавноста и следбениците дека по 11 години работа во Канал 5 телевизија повеќе нема да се појавува пред камери на таа фреквенција. Дали ова е крај како медиумски работник и време за некои нови работни предизвици, Дебарлива не откри, но сакаше да се заблагодари јавно на колегите за долгогодишната соработка.
-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно... ќе ми фалите, пишува Билјана, а во прилог објави два фотографи, една од студиото за вести и другата од дескот со колегите. Во изминатите 11 години Дебарлиева ги презентираше вестите, еден период беше дел и од утринската програма, а цели осум години ја водеше емисијата за здравство „Визита“. Пред да работи во телевизијата од која сега се збогува, Билјана беше препознатливо лице од утринската програма на накогашната А1 телевизија, водеше утринска програма, „Бебе магазин“... Инаку, Дебарлива има три децении медиумсско искуство зад себе, а првпат пред камери се појавува во далечната 1993 година на Македонската телевизија. фото:Instagram/Facebook/Билјана Дебарлиева]]>