зближи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 21 Mar 2020 09:30:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зближи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена и Гуте имаат своја тајна како да се биде среќен и во „четири ѕида“: „Времето поминато во изолација, само уште повеќе ќе ве зближи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-i-gute-imaat-svoja-tajna-kako-da-se-bide-srekjen-i-vo-chetiri-dzida-vremeto-pominato-vo-izolacija-samo-ushte-povekje-kje-ve-zblizi-video/ Sat, 21 Mar 2020 09:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140727

Брачната двојка распеани „Гранд ѕвезди“, нашата Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ, како и повеќето останати го поминуваат време во изолација. Елена е веќе во поодмината бременост, па затоа многу внимава на себе и своето здравје, но таа и Гуте умеат и да им дадат совети на сите останати, за тоа како да го искористат периодот на домашна изолација, додека трае вонредната состојба, не губејќи надеж, дека со доаѓањето на пролетта, сето ова бргу ќе помине. „Ова време во изолација, ние двајца многу добро го користиме. Мислам дека сè се случува со причина. Треба да научите да се сакате и гушкате меѓу себе, а оваа ситуација и времето поминато заедно, само уште повеќе дополнително ќе ве зближи. Слушајте музика, пејте и правите работи што ве прават позитивни и среќни“ -порачува Елена, при тоа среќна и радосна покажувајќи го детското креветче и сета останата опрема за детската соба на нивното бебе, кое наскоро треба „да го донесе штркот“. Гуте вели дека уште за време на натпреварувањето во „Ѕвездите на Гранд“ вежбал јога, а сега му се вратил на редовниот тренинг. „Иако не верував во овие приказни за вируси, сега користам маска и ракавици секогаш кога морам да излезам надвор, а рацете ги мијам, не знам ни самиот веќе, колку пати на ден. Моите совети се: да медитирате, да вежбате како што тоа ние двајца го правиме и да го пробате методот на 'студен туш“ - советува Гуте. Елена додаде дека најдобро е да сакаш и да бидеш сакан и на крајот го бакна сопругот Гуте. Погледнете го нивното споделено видео:
]]>