заздравување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Oct 2022 11:22:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заздравување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Клои Кардашијан откри дека итно и отстраниле тумор од лицето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kloi-kardashijan-otkri-deka-itno-i-otstranile-tumor-od-liceto-foto/ Wed, 12 Oct 2022 11:17:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271001

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека неодамна и е отстранет тумор од лицето и објасни како воопшто забележала дека го има. - Откако забележав мала грутка на моето лице и претпоставив дека е нешто помало како мозолче, решив да направам биопсија седум месеци откако сфатив дека не ми поминува. Неколку дена подоцна ми рекоа дека морам итно да направам операција за да го извадам туморот од лицето – напишала Клои, откако обожавателите ја прашале зошто носи фластер на лицето. Моментално е во процес на заздравување. „Веројатно ќе ја видите лузната и дупчето на мојот образ од отстранувањето на туморот, но дотогаш се надевам дека ќе уживате како правам овие фластери за лице да изгледаат фантастично“, напиша таа. Клои зборуваше за ова  за да ги охрабри и другите да одат на лекар доколку забележат нешто необично на нивното тело. Открила и дека има предиспозиција за рак на кожата. - На 19 години имав меланом на грбот, а имав и операција, па сум склона кон меланоми. Треба постојано да се проверуваме. Јас сум некој што носи крема за сончање секој ден, па никој не е ослободен од овие работи. Ве молам, сфатете го ова сериозно и одете на редовни контроли – додаде Кардашијан. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Клои Крадашијан]]>