затворање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 28 Feb 2024 13:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png затворање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лепа Брена и Здравко Чолиќ заедно ја затвораат ски-сезоната на Копаоник https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-i-zdravko-cholik-zaedno-ja-zatvoraat-ski-sezonata-na-kopaonik/ Wed, 28 Feb 2024 07:29:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340525

-Премиум спектакл на омилената зимска дестинација Копаоник Music Week става точка на зимската сезона во незаборавен стил! На 15 и 16 март, Event салата на хотелот Гранд Копаоник ќе стане епицентар на невиден сценски и музички спектакл, обележан со настапот на двете најголеми балкански ѕвезди - Лепа Брена и Здравко Чолиќ! Скајмјузик, синоним за врвна забава, ветува врвно искуство за избраните посетители, со внимателно режирани концерти на две музички легенди. Лепа Брена и Чола за прв пат се собраа под покровителство на еден фестивал, давајќи ѝ можност на публиката да доживее невидена комбинација од нивните хитови. Покрај незаборавните изведби на најистакнатите музички икони на овие простори, последниот викенд од скијачката сезона на Сребрена планина ќе биде одбележан и со спектакуларни сценски ефекти, извонреден звук и атмосфера која ќе ги помести границите на LIVE индустријата. Season Closing by Music Week поставува нови стандарди во светот на музичките фестивали, а Лепа Брена и Здравко Чолиќ ветуваат дека нивните концерти ќе бидат врвот на оваа музичка сезона. Билетите за овој ВИП музичко-сценски спектакл се пуштени во продажба исклучиво со јавување на телефонскиот број +381 60 6670 318. Сите контингенти влезници се исклучително ограничени.]]>

Копаоник Music Week за затворањето на ски сезоната со врвен спектакл: Чола и Брена конечно заедно! https://arhiva.vistina.com.mk/kopaonik-music-week-za-zatvoraneto-na-ski-sezonata-so-vrven-spektakl-chola-i-brena-konechno-zaedno/ Thu, 22 Feb 2024 10:42:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339749

Овој уникатен настан ќе ја одбележи средбата на двајца великани чија музичка кариера трае со децении и кои ја обликуваа музичката сцена на Балканот, оставајќи неизбришлива трага во музичката индустрија. Највозбудливиот момент за сите љубители на музиката конечно е тука! Двајца музички гиганти, Здравко Чолиќ и Лепа Брена, на 15 и 16 март ќе ја затворат зимската сезона на најпознатата ски-дестинација во регионот - Копаоник, во рамки на фестивалот Копаоник Music Week во луксузниот амбиент на Event Hall во хотелот Гранд! Здравко Чолиќ, синоним за беспрекорен вокал и неповторлива харизма, гарантира незаборавна ноќ со најголемите евергрин хитови. Чолиќ со енергијата која не недостасува ќе ја раздвижи публиката и ќе создаде атмосфера за паметење. Лепа Брена пак, кралицата на поп музиката со најимпресивната музичка кариера на овие простори, ќе го донесе својот незаменлив шарм и нумерите кои станаа химни на многу генерации. Како и секогаш, продукцијата Скај мјузик ќе се погрижи настапите на музичките великани да бидат придружени со најмодерни видео, звучни и светлосни ефекти. Влезниците за овој ВИП музичко-сценски спектакл се пуштени во продажба, и тоа исклучиво со јавување на телефонскиот број +381 60 6670 318. Сите контингенти билети се ограничени.]]>

Затворање на 6-то издание на „Скопје синема сити“ со филм за Леонард Коен и блок македонски филмови https://arhiva.vistina.com.mk/zatvoranje-na-6-to-izdanie-na-skopje-sinema-siti-so-film-za-leonard-koen-i-blok-makedonski-filmovi/ Thu, 01 Oct 2020 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169536

Во Кинотека, во рамите на шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, на 2 и 3 октомври ќе се организира вториот филмски викенд. На втори октомври со почеток во 19 часот, ќе бидат прикажани 4 краткометражни македонски филмови, а три од нив – „Кружниот пат на Марето“, „Кружниот пат на сенката“ и „Кружниот пат на монахот“- анимираните филмови на режисерот Жарко Иванов, зад чија музика е потпишан Оливер Јосифовски од бендот Љубојна. Претходно во 18 часот, во рамките на фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Во главата слушам песна“ од авторката Елизабета Баковска, која е во издание на на „Или-Или“. Премиерно ќе биде прикажан и филмот „Гребнатини на душата“ во продукција на „ВидиВака“. Во филмот се претставува брачна двојка од Холандија која ја поседува најбогатата колекција на македонска музика на светот. Тие посветуваат поголемо внимание на сочувување и собирање на македонското музичко наследство од институциите во државава. Веднаш потоа, од 20 часот, следи филмот „Модулации: Кино за увото“, којшто е всушност историја на електронската музика, од почетоците на авангардните композитори па сѐ до појавата на современите електронски форми и жанрови како техно, drum’n’bass, хаус, амбиент. Вториот викенд на „Скопје синема сити“ ќе се затвори на 3 октомври со проекција на филмот „Мериен и Леонард: Зборови за љубовта“ за Леонард Коен и неговата муза Мериен Илен, која инспирирала многу од неговите песни. Филмот ја прикажува нивната бурна врска и животни патишта од почетокот на островот Хидра сѐ до нејзиниот крај. Фестивалот е организиран во согласност со здравствените протоколи, а карти за проекциите можат да се набават на касата на Кинотеката.]]>

Панчо -ДНК со описна (пре)порака до министерот Филипче: „Ова мене ми испаѓа слично она – не го ставај цел, само до пола“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-opisna-pre-poraka-do-ministerot-filipche-ova-mene-mi-ispagja-slichno-ona-ne-go-stavaj-cel-samo-do-pola-foto/ Fri, 13 Mar 2020 08:45:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139187

Коронавирусот од зараза стана пандемија од светски размери. Светот се бори со неа, барајќи начини како да се справи. Вакцината против „Ковид 19“ е се' уште  само „мисловна именка“, а додека бројот на заболени расте,  се' повеќе од нив завршуваат фатално. Логичнио, заразата и паниката одат рака под рака, па маркетите и аптеките експресно се празнат, медиумите 24/7 известуваат со најразлични вести, социјалните мрежи оддамна се зовриени. Секој со свое мислење и размислување, рецепти и „100% ефикасни лекови“, упатства за превентива, пофалби и критики, пораки и препораки... И до населението и до оние кои се одговорни за заштитата на неговото здравје. Македонската влада и нејзиниот министер за здравство Венко Филипче со се' порадикални мерки и активности во превенција од ширење на вирусот. По воспитно-образовните институции и забраната за јавни собири, министерот го лимитираше и работното време на кафулињата, кафеаните, меаните, угостителските локали, клубовите, дискотеките... само до 18.00 часот. Меѓу реакциите на сите „обични смртници“ и оние, „необичните“, или поточно, познатите и популарни личности од различни сфери, па и од естрадата со коментари и (пре)пораки до народот и мерките на Владата. Еден од првите кои се најгласни, Панчо - ДНК. Имено, популарниот ДЈ Шорти се огласи со свој коментар на социјалните мрежи. На Панчо мерката на министерот за здравство за затворање на локалите и угостителските објекти од типот: „фифти-фифти“ не му се допаѓа. Особено не, познавајќи го менталитетот на нашиот народ, а Панчо добро го познава, зошто „цел живот“ лебот си го заработува во истите тие локали забавувајќи го истиот тој народ. И ако тргнете по она што Дј Шорти го тврди, неговата реакција има логика. Од 08 до 18 часот локалите отворени, а потоа фајронт? Излегува како „Ковид 19“ преку ден да спие, па се буди попладне и почнува да делува после 18 часот? А народот она што му е забрането му е најслатко, или поточно, она што не може навечер, го надополнува преку ден, па како што видовме уште веднаш „дневната шема - цвета“! Локалите преку ден полни како око, па излегува дека „попуста ти била Венко забрана, кога не е целосна“! Затоа Панчо на министерот Филипче и неговата експертска свита им предлага тотално затворање на угостителските локали со модус за целосно обесштетување на сопствениците, зашто „џабе паника“, кога ова нема логика!  Или што би рекол Панчо-ДНК, описно: „Вака, мене ми испаѓа слично на она: не го ставај цел, само до пола“!  ]]>