зати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jun 2023 11:00:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во бујните гради на Сања – Барбика чука – „Срце Балканско“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-bujnite-gradi-na-sana-barbika-chuka-srtse-balkansko-video/ Fri, 23 Jun 2023 06:56:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307469

Познатата фолк-пејачка Сања Цинцева или попозната како Сања Барбика вчера, четврток, 22 јуни 2023 година,  на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“. Барби, која важи за една од нашите најпознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект покажува како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк.   Покрај одличната песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и доста интересен видеоспот, во кој покрај неа и згодните танчерки, се појавуваат и триесетина дечиња кои танцуваа на ритамот на „Срце Балканско“. „Јас сум презадоволна од целиот проект. Можеби еден од најдобрите за мене досега. Одбрав одлична екипа за да го сработиме ова и крајниот производ мислам дека ќе и се допадне на публиката. Едноставно уживав и во процесот на снимање на песната во студио, а уште повеќе и за време на снимањето на спотот. Мислам дека ваков спот досега немало кај нас и поради тоа сум пресреќна“ - вели Цинцева. Како автор на музиката се потпишува Бернат Демирали, текстот е дело на Орце Зафировски, а за трубата во песната беше задолжен познатиот Енис Папазов. Довербата да го сними видеоспотот, Барби му ја довери на режисерот Зати, со кого таа има соработувано и во минатото. Инаку оваа нова песна на Сања е само најава за тоа што допрва следува, таа ветува нова музика, нови проекти во иднина, а во меѓувреме ја очекува и доста напорно лето, со оглед на тоа дека таа важи за една од нашите најбарани фолк-пејачки.   Слушнете ја и погледнете го спотот за новата песна на барби во чии гради чука - „Срце Балканско“.

Повеќе на vistina.mk]]>

Познатата фолк-пејачка Сања Цинцева или попозната како Сања Барбика вчера, четврток, 22 јуни 2023 година,  на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“. Барби, која важи за една од нашите најпознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект покажува како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк.   Покрај одличната песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и доста интересен видеоспот, во кој покрај неа и згодните танчерки, се појавуваат и триесетина дечиња кои танцуваа на ритамот на „Срце Балканско“. „Јас сум презадоволна од целиот проект. Можеби еден од најдобрите за мене досега. Одбрав одлична екипа за да го сработиме ова и крајниот производ мислам дека ќе и се допадне на публиката. Едноставно уживав и во процесот на снимање на песната во студио, а уште повеќе и за време на снимањето на спотот. Мислам дека ваков спот досега немало кај нас и поради тоа сум пресреќна“ - вели Цинцева. Како автор на музиката се потпишува Бернат Демирали, текстот е дело на Орце Зафировски, а за трубата во песната беше задолжен познатиот Енис Папазов. Довербата да го сними видеоспотот, Барби му ја довери на режисерот Зати, со кого таа има соработувано и во минатото. Инаку оваа нова песна на Сања е само најава за тоа што допрва следува, таа ветува нова музика, нови проекти во иднина, а во меѓувреме ја очекува и доста напорно лето, со оглед на тоа дека таа важи за една од нашите најбарани фолк-пејачки.   Слушнете ја и погледнете го спотот за новата песна на барби во чии гради чука - „Срце Балканско“. ]]>
Зорица, новото музичко име со љубовна балада за сите вљубени срца – „Јас и ти” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-i-ti-ljubovna-balada-za-site-vljubeni-srca-na-novoto-muzichko-ime-zorica/ Sat, 07 May 2022 08:23:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249170

Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот автор и изведувач Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како „Јас и Ти“: „Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе. Таа е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така што и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман)  што ја насловив 'Јас и Ти'. Музички аудио продуцент  е Љупчо Павловски, а аудио продукцијата и снимањето на песната беа направени во студиото 'Анастасија' во Скопје. Исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим, со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е „By Zati”. За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта… Проследете го и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица.

Повеќе на vistina.mk]]>

Овие денови во центарот на вниманието е едно ново име на нашата музичка сцена, едноставно потпишана како Зорица. Со оглед на тоа кој стои зад нејзината прва песна, имаме мотив да веруваме дека истата ќе стане хит кој можеби ќе изроди и други нови хитови во иднина. Станува збор за познатиот и надалеку популарниот автор и изведувач Јордан Митев кој не ги штедеше зборовите за новото име и песна насловена како „Јас и Ти“: „Зорица е ново име на македонската фолк сцена. Дали ќе продолжи посериозно да се занимава со фолк музиката тоа најверојатно ќе зависи од повеќе работи во иднина. Желбата да се направи нешто квалитетно беше голема и јас во рамките на нашите македонски технички и продукциски сили дадов се од себе. Таа е интересна личност и има специфична боја и интерпретација така што и посакувам многу среќа и успех понатаму. Рецепт и гаранција за успех нема бидејќи тоа зависи од многу фактори. Инаку, јас сум комплетен автор на песната ( музика, текст и аранжман)  што ја насловив 'Јас и Ти'. Музички аудио продуцент  е Љупчо Павловски, а аудио продукцијата и снимањето на песната беа направени во студиото 'Анастасија' во Скопје. Исто така и видеото се работеше под моја режија заедно со мојот тим, со кој што ги работам речиси сите мои видео записи. Главен оператор и технички реализатор на видеото е „By Zati”. За сите вљубени срца, за сите оние кои копнеат по топол збор од саканиот, за сите оние кои воздивнуваат во ритамот на љубовта… Проследете го и уживајте во вашиот, можеби омилен, музички хит на Зорица. ]]>
Јордан Митев со песна и оро посака – „Да се живи здрави младоженците” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-pesna-i-oro-posaka-da-se-zivi-zdravi-mladozencite-video/ Fri, 19 Nov 2021 07:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228134

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година. „Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор“ - вели Јордан Митев. Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл. „Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“ -  додава Митев. И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти.

Повеќе на vistina.mk]]>

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година. „Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор“ - вели Јордан Митев. Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл. „Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“ -  додава Митев. И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти. ]]>
Јордан Митев со трогателна животна приказна за последното испраќање во – „Татко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-trogatelna-zivotna-prikazna-za-poslednoto-isprakjanje-vo-tatko-video/ Mon, 05 Apr 2021 13:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197617

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи како уникатен автор и изведувач на домашната естрада. Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а музички приодуцент бил Љупчо Павловски. Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој неможел да присуствува на последното испраќање од овој свет на неговиот татко. За песната снимен е и видеоспот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на авторот и пејач Митев, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник Зати. Видеото е снимено во познатиот скопски ресторан „Камин Кама“, а до крајот на април Митев најавува уште еден проект. https://www.youtube.com/watch?v=4HPQ-NjZfTI

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи како уникатен автор и изведувач на домашната естрада. Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а музички приодуцент бил Љупчо Павловски. Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој неможел да присуствува на последното испраќање од овој свет на неговиот татко. За песната снимен е и видеоспот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на авторот и пејач Митев, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник Зати. Видеото е снимено во познатиот скопски ресторан „Камин Кама“, а до крајот на април Митев најавува уште еден проект. https://www.youtube.com/watch?v=4HPQ-NjZfTI]]>
Јордан Митев со милион бакнежи, песна и видео од Милано само – „За тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-milion-baknezi-pesna-i-video-od-milano-samo-za-tebe-video/ Thu, 19 Sep 2019 10:06:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107831

„За тебе“ е насловот на песната за која Јордан Митев промовира спот. Со овој видеозапис снимен во Милано, за песна која има помодерен фолк звук, нашиот пејач ги најавува и останатите новитети кои престојниов период следуваат кај него на музички план. Комплетен автор на песната ( музика, текст, аранжман) е самиот Митев, а музички продуцент е Љупчо Павловски и истата е снимена во студиото „Анастасија“. Видеото со живописната архитектура од центарот на Милано е изработено од охриѓанецот „Зати“ по идеја, сценарио и режија на самиот Јордан. „За  песнава планирав неколку месеци наназад да снимам видео, но поради обврските, како што и најавив тогаш, решив тоа да почека до сега, кога еве и се случи промоцијата. Спотот го снимавме во Милано, бидејќи самата песна и нејзиниот помодерен звук го бараа тоа. Во неа се пее за љубовта, па затоа овој град беше идеална локација да се снимаат кадрите за спотот. Исто така време е да покажеме дека и нашата фолк сцена може да ги следи модерните трендови, доколку тоа некој знае добро да го направи и спакува“ - вели Митев. Јордан додава дека освен традиционалниот пристап кон фолклорот, професионалците треба да се позанимаваат и со нешто што е својствено за 2019-та година, за да повеќе се доближат до помладата публика.     Дека престојната есен ќе биде богата на музички план за нашиот пејач, говори и најавата за најновата песна „Роден крај“, чија премиера ќе се случи за неколку дена, а повторно како автор се јавува самиот Митев. Во најава е и снимање на спот за истата, како и турнеја по Австралија која ќе трае месец и половина. Во меѓувреме, уживајте во кадрите од видеото „За тебе“ од Јордан Митев: https://www.youtube.com/watch?v=hOK1x8d7-Rc

Повеќе на vistina.mk]]>

„За тебе“ е насловот на песната за која Јордан Митев промовира спот. Со овој видеозапис снимен во Милано, за песна која има помодерен фолк звук, нашиот пејач ги најавува и останатите новитети кои престојниов период следуваат кај него на музички план. Комплетен автор на песната ( музика, текст, аранжман) е самиот Митев, а музички продуцент е Љупчо Павловски и истата е снимена во студиото „Анастасија“. Видеото со живописната архитектура од центарот на Милано е изработено од охриѓанецот „Зати“ по идеја, сценарио и режија на самиот Јордан. „За  песнава планирав неколку месеци наназад да снимам видео, но поради обврските, како што и најавив тогаш, решив тоа да почека до сега, кога еве и се случи промоцијата. Спотот го снимавме во Милано, бидејќи самата песна и нејзиниот помодерен звук го бараа тоа. Во неа се пее за љубовта, па затоа овој град беше идеална локација да се снимаат кадрите за спотот. Исто така време е да покажеме дека и нашата фолк сцена може да ги следи модерните трендови, доколку тоа некој знае добро да го направи и спакува“ - вели Митев. Јордан додава дека освен традиционалниот пристап кон фолклорот, професионалците треба да се позанимаваат и со нешто што е својствено за 2019-та година, за да повеќе се доближат до помладата публика.     Дека престојната есен ќе биде богата на музички план за нашиот пејач, говори и најавата за најновата песна „Роден крај“, чија премиера ќе се случи за неколку дена, а повторно како автор се јавува самиот Митев. Во најава е и снимање на спот за истата, како и турнеја по Австралија која ќе трае месец и половина. Во меѓувреме, уживајте во кадрите од видеото „За тебе“ од Јордан Митев: https://www.youtube.com/watch?v=hOK1x8d7-Rc]]>