заспиј ако можеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Sep 2023 10:04:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заспиј ако можеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новинарот и водител на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ се пофали дека е „алфа и омега“ и за по дома: E aj сега… „не го земај за маж, ако можеш“! https://arhiva.vistina.com.mk/novinarot-i-voditel-na-tv-alfa-dragan-milosavlevik-se-pofali-deka-e-alfa-i-omega-i-za-po-doma-e-aj-sega-ne-go-zemaj-za-mazh-ako-mozhesh/ Thu, 28 Sep 2023 10:04:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320126

Него го гледате секоја вечер на телевизија... Секој работен ден, навечер на ТВ Алфа во политичкото ток шоу „Заспиј ако можеш“ ... Некои  со него и неговиот колега Горан Момировски дури слатко и заспиваат, други сон не ги фаќа од нивните прозивки, трети сонуваат да бидат на нивно место... Зависи... Кој какви соништа има во животот! Новинарот и водител на ТВ Алфа, Драган Милосављевиќ се пофали дека не го бива само за на телевизија. Симпатичниот „буцко“ деновиве на својот Фејсбук обзнани дека е „алфа и омега“ и за по дома! Добро, „домашното“ оддамна „го има напишано“, тоа е барем евидентно по најубавото семејно наследство кое го има, арно ама  во бракот освен „брачните“ има и мноштво други обврски, кои човек мора или не мора да ги исполни. Зависи кого колку и за што се' го бива!   А Драган  како старо мајсториште покажа дека „го бива“ ако не друго, барем да смени рачка на фрижидерот! Оти тешко се купува  нов  со новинарска плата, а и чувството по мајсторлукот е  како да си сменил цевка на платформа за нафта! И не само тоа, зашто самодовербата расте до плафон и е толку голема, што во најблиска иднина на ред се и ролетните, а и кречење на ходникот пред влезната врата. Макар поликолорот го купил и од своја плата! И ајде после да те видам „не го земај за маж, ако можеш“? Конечно, Драган е убеден дека кога Венди (како што ја вика сопругата Весна) го зела за сопруг дечкото, исто како да и паднала премија на лото! Па од сега може да очекува потсетување кој е и што е и по дома, со следниот стих од познатата српска турбо-фолк песна: „Што ме сада тражиш поред њих толико, где си била кад сам био нико“? И можеби вредниот мајстор не е далеку од вистината, иако преголемата самодоверба лесно може да се одрази на нејзината доверба, ако „мајсторот“ со самобендисаноста ја претера... Па да не се пее потоа рефренот од еден друг познат српски турбо-фолк класик, кој отприлика оди вака: „Отишла си преко прага и однела дете, а ја сам сузама лепио тапете“!? Фото: Фејсбук/Dragan Milosavljevic/Vesna Jadroska Milosavljevic  ]]>

Лила заведува во црна секси ноќница: „Јас вака, за Вас не знам… ама препорачувам“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-zaveduva-vo-crna-seksi-nokjica-jas-vaka-za-vas-ne-znam-ama-preporachuvam-foto/ Sat, 19 Mar 2022 07:56:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227942

Не само најпозната македонска ТВ водителка, туку Лила Филиповска дефинитивно е и најпознатата наша инфлуенсерка,  „Жив подвижен билборд“, топ 1, на самиот врв кога е новата професија или подобро речено, новиот начин како да се заработи во прашање. Во кеш, роба, услуги... сеедно, важно е да капне, а кај неа не капе, туку секојдневно врне-истура од нови понуди за рекламирање на најразлични нешта. Последната „спонзорирана прошетка“ на Лила беше во Обединатеите Арапски Емирати. Дубаи-градот на соништата разбирливо и неа ја обзема и маѓепса, ама зато и Лила не остана должна. Само што таа  маѓепсува поинаку, со своите објави на социјалните мрежи каде умешно и вешто ги спојува убавото со корисното, практичното со привлечното. Последната објава на Лила одново ја буди еротската фантазија кај оние што ја имаат, а и желбата за пријатна дремка, кај оние - останатите. А како и не би кога водителката на секоја нова фотографија заведува во црна секси ноќница со длабоко деколте и околу него црна тантела. А во деколтето собрано сето што го замрзнува погледот, не дозволувајќи ви да трпнете додека ја гледате, потонати во својот копнеж наречен желба. „Јас вака…за вас не знам…ама препорачувам“ - порачува водителката. И сосема е во право. Препораката ептен и држи... До душа, само под еден услов: Ако вака сензуалната, ултра-женска ноќница, оди во пакет и со така згодна, привлечна, пожелна и сексапилна убавица на која најубаво и прилега ваква секси ноќница.  А потоа... Заспиј ако можеш да те видам, покрај неа. Всушност, спиењето секако следува потоа. Некој задоволен со мирни сништа по бурната ноќ, а некој само (воз)буден со еротски сништа длабоко по полноќ! Кому како му се посреќило! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/You Tube/Filip Peshevski ft. Lila - Teshko mene so tebe
   ]]>