заспана убавица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 01 Feb 2020 12:40:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заспана убавица – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Заспаната убавица“-работи кои не сте ги знаеле за анимираната бајка https://arhiva.vistina.com.mk/zaspanata-ubavica-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-animiranata-bajka/ Sat, 01 Feb 2020 12:40:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132204

Долгометражната анимирана бајка на Дизни, „Заспаната убавица“, е адаптација на истоименото дело на францускиот книжевник Шарл Перо. Тој е автор и на комерцијалните верзии на „Пепелашка“, „Црвенкапа“, „Мачорот во чизми“ и многу други бајки. „Заспаната убавица“ првпат е прикажана во кината во јануари 1959-та година, а филмот добил измешани критики, но не и доволна заработка, па по него, Дизни не снимиле бајка сè до „Малата сирена“ во 1989 година. Ова се неколку малку познати факти за овој филм: 1. Биле потребни 8 години за да се сними, бидејќи самиот проект бил доста скап и била потребна доста сложена технологија. Дури и самиот Волт Дизни неколкупати се дистанцирал од филмот, земајќи паузи. 2. Замокот на Заспаната убавица постоел во Дизниленд уште пред филмот да биде прикажан. Таму можеле да се видат извадоци кои никогаш не влегле во крајната верзија на цртаниот филм. 3. Музиката е инспирирана од истоименото дело и балет на Петар Илич Чајковски. 4. Ликови од „Заспаната убавица“ се појавуваат подоцна и во други филмови на Дизни, а шаблоните и скиците се користеле за снимање на подоцнежните проекти. 5. Цртаниот филм е речиси ист како и бајката на Шарл Перо, освен тоа што во делото има седум, а во филмот три самовили. 6. Филмот е реобјавуван четири пати. Првиот пат не го остварил саканиот приход и профит, но затоа со прикажувањата во 1970, 1979, 1986 и 1995 станал еден од најпрофитабилните проекти на Дизни.
]]>