заслуга и развој – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Apr 2022 09:16:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заслуга и развој – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добриот глас надалеку се слуша, но најдраго е кога ќе те признаат дома: Ленче Кукиќ родното Босилово ја одликуваша со плакета (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dobriot-glas-nadaleku-se-slusha-no-najdrago-e-koga-kje-te-priznaat-doma-lenche-kukikj-rodnoto-bosilovo-ja-odlikuvasha-so-plaketa-foto/ Mon, 18 Apr 2022 08:57:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=246720

Легендарната македонска фолк пејачка Ленче Кукиќ пред неколку дена се закити со уште едно значајно признание кое овојпат дојде од нејзиното родно Босилово. Имено, градоначалникот Ристо Манчев и Советот на општина Босилово, на свечената седница по повод 70-годишниот јубилеј на општината и доделија Плакета за значаен придонес и промоција на општина Босилово во областа на музиката. Со овој гест покажаа дека кога вистинските луѓе ќе дојдат на вистински места, знаат и умеат да ги препознаат и вреднуваат и вистинските вредности! Оваа плакета очигледно особено емотивно ја трогна пејачката, па таа преку својот Фејсбук профил јавно им се заблагодари на општинските челници за укажаната чест и внимание. Оние кои добро се сеќаваат на Ленче од нејзините почетоци знаат дека нејзиното презиме е Дедејска и дека името го градела уште додека била девојче. Нејзиното појавување на естрадата беше вистинско освежување за музичката сцена, а музичките стручњаци ја прогласија за наследничка на легендарната Петранка Костадинова. Успешна кариера на пејачката трае повеќе од 30 години. Најпрво со групата „Пицикато“, а потоа како соло пејачка и сега со својот сопруг пејачот и музичар Горан Кукиќ.  Настапувала на многубројни фестивали на народна музика, на многу сцени во Македонија, а Ленче е добитничка и на голем број награди: од успешен дебитант до први награда на жирито, награди за најдобра интерпретација и награди од публиката на многубројни фестивали. Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, таа ја однесе победата со што ја запозна и целиот регион. Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари од страна на жирито, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел. Инаку, неколку сезони пред неа, победата ја однесе и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ! По оваа победа стана многу барана и во регионот, на просторите на поранешна Југославија, а наскоро за „Гранд продукција“ треба да излезе и нејзиното ЦД со македонски и српски песни, со што за Ленче се отвора едно ново, уште поинтересно поглавје во кариерата. Таа заедно со сопругот веќе често  настапуваат во соседството, а нејзината новоснимена песна „Бисер“ за „Гранд продукција“ е вистински хит. https://www.youtube.com/watch?v=gN-BA8GEYOw Фото: Фејсбук принтскрин/Lence Kukic]]>