заштеда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Jul 2022 08:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заштеда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миа Костова ќе ви објасни како да заминете на убав одмор со ситни пари, без финансиски да заглавите кај „легалните лихвари“: „Кренете рачна, не кредит“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-kje-vi-objasni-kako-da-zaminete-na-ubav-odmor-so-sitni-pari-bez-finansiski-da-zaglavite-kaj-legalnite-lihvari-krenete-rachna-ne-kredit-video/ Wed, 27 Jul 2022 08:38:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260417

Доаѓа лето, време за годишен одмор. Ако не повеќе барем една седмица, за да се одмори и телото и душата од напорната работа, современата депресија или личната апатија во која најчесто секој од нас запаѓа барем еднаш во годината. Арно ма, повеќето од нас во држава во каква што живееме, западнати сме во финансиска криза со години, од која никако да се отарасиме. Оние 2% милионери, политичари, олигарски, криминалци... не ги броиме. Затоа кога нешто ни е потребно да купиме, а последниве години, ако не и децении и на одмор да заминеме, најчесто посегнуваме по кредит! Ни се чини дека е некако најлесно и најбрзо, а и најбезболно, иако баш и не е така, ниту оддалеку безазлено!  Ама за последиците во тој момент не рамислуваме, зашто желбата е посилна од разумот, а кога си „од желба изгорен“, кога ќе дојде време за наплата, остануваш  до коска „пеплосан“. Та бил кредитот банкарски или некој од оние, брзите од најновите „легални лихвари“ што држат таканаречени „продавници за пари“, а истите ги рекламираат разни актерки, гатачки, пејачки, ТВ водители и водителки или познати инфлуенсерки... Арно ама, токму една од нив, доскорешна водителка и позната инфлуенсерка, не мисли баш така. Имено, Миа Костова на својот Инстаграм сликовито објасни како да се помина убав одмор дури и на море во Грција со цели 200 евра... при тоа да не се зема никако кредит, дури ниту ситни пари, зашто подоцна заради вашата легална кредитна позајмица, можете да завршите во „финансиска кланица“!  Затоа нејзиниот совет е кредит - никако и по никоја цена, колку и да ви се чини дека понудата е поволна, зашто вистината потоа може да биде баеги болна! Русокосата Костова, предлага поинаква алтернатива, како да се оди на море, да се сонча, плива, ужива... Алтернатива која ем е посигурна, ем побезбедна и од која нема потоа да ве боли глава кога одморот и летото ќе минат, а вие ќе можете со животот мирно да си продолжите, зашто никому ништо нема да му должите! Затоа... „Кренете рачна, не кредит“ - порачува Миа Костова. Како изгледа нејзиниот рецепт за „мирно лето“ за вас и вашето поколение, погледнете во видеото во продолжение:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото: Фејсбук архива/Инстаграм принтскрин/miandrija]]>

Дваесет начини како да заштедите електрична енергија https://arhiva.vistina.com.mk/dvaeset-nachini-kako-da-zashtedite-elektrichna-energija/ Sat, 18 Jun 2022 08:03:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255037

Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија. Да се затворат вентилите на радијаторите во собите што не се користат. Да се постават термостатски вентили и термостатски глави. Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината за одржување на ефикасноста. Да се вгради дигитален термостат за греење и ладење за прецизно контролирање на температурата. Апаратите денес се направени да трошат помалку енергија. Секогаш можете да ја проверите неговата етикета со класа на потрошувачка пред да го купите. Најдобрата практика е се уште кога потрошувачот не е во употреба да се исклучи. Тоа сигурно ќе покаже на значително намалување на сметката за електрична енергија. Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди. Ќе се заштеди енергија, преку намалување на температурата на вашиот бојлер. Многу пати грејачот работи само за одржување на температурата на водата во бојлерот и ја затоплува многу повеќе отколку што некогаш ќе ја користите. Ќе заштедите енергија и кога ке го програмирате термостатот кога да се пали и кога да се гаси односно да се исклучи кога ќе си легнете или пак кога не сте дома. Ако сакате економично греење тогаш потребно е да инсталирате нов електронски, автоматски термостат за вашиот котел. Со овој термостат можете да ја контролирате температурата и кога не сте дома, за кога ќе се вратите вашиот дом ке ја има посакуваната температура. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот. Со овие два начини се заштедува на електрична енергија. Соларните бојлери не се нова технологија, тие на пазарот се повеќе години и заштедуваат многу повеќе електрична енергија од обичните. Што се однесува до бојлерите, една од опциите е да се замени постоечкиот бојлер со нов бојлер во зависност од потребите од системот за греење што го имате инсталирано во вашиот дом. Бојлерот рабори 24 часа дневно за да ја загрее водата, а понекогаш и по неколку пати во денот во зависност од потребите (за туширање, миење на садови итн ). Системите кои се користат веќе со децении во Европа ја загреваат водата само кога е потребно. На почетокот овие системи се скапа инвестиција, но имаат брз повраток на истата бидејќи подоцна овие системи ги заштедуваат вашите пари односно вашата сметка за електрична енергија не е многу висока. Монтирајте тајмер на вашиот бојлер. Тајмерот служи кога водата во бојлерот ке се загрее да го исклучи греачот и со тоа ќе заштедите на електрична енергија. Користете повеќе ладна вода додека перете или користете топла вода со пониска температура . Така ќе заштедите од 2 до 4 % од енергијата. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете.  Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%. Инсталирајте изолации на таванот и на ѕидовите, променете ги прозорците и вратите за да ја зачувате посакуваната топлина во вашиот дом.]]>

За 3 години заштедила пари за стан: На социјалните мрежи споделила генијален трик за штедење кој сите можеме да го примениме https://arhiva.vistina.com.mk/za-3-godini-zashtedila-pari-za-stan-na-socijalnite-mrezi-spodelila-genijalen-trik-za-shtedenje-koj-site-mozeme-da-go-primenime/ Fri, 29 Apr 2022 07:30:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248155

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а вака можат да штедат сите кои имаат доволно големи примања за да ги покријат сите животни трошоци. Шери Хауви станала вистински хит на интернет откако го споделила едноставниот трик со кој за три години успеала да заштеди пари од кои си купила стан. Таа уште во 2015 година си купила нов стан во Окленд откако за него штедела само три години. „Мојата мајка ме научи вака да го организирам трошењето пари и по три години можев да си купам стан“, напишала Шери. Ова е нејзиниот трик Таа тврди дека неопходно е своите примања да ги поделите на три различни делови. Во првиот дел одвојте пари за сметки и кирија. Во вториот дел пари за живот – одење на фризер, доктори, продавници, купување гардероба. Третиот дел е најважен, таму одвојте пари кои сакате да ги заштедите и трудете се таа сума на пари секој месец да биде малку поголема. Таа вели дека многу е важно да се придржувате до овие три поделби на вашите финансии и да не трошите повеќе од планираното. „Немојте да бидете во искушение од другите делови на парите, важно е да се придржувате до тоа што самите сте го одредиле“, советува Шери која објаснува како на овој начин не треба да штедите нужно за стан, туку за тоа што сакате да си го купите или пак за некое патување.]]>