засенат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Jun 2021 08:29:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png засенат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Антониа и Мартија подготвени за жешко лето: Младите убавици се на добар пат да им го „украдат шоуто“ на поискусните колешки (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-i-martija-podgotveni-za-zeshko-leto-mladite-ubavici-se-na-dobar-pat-da-im-go-ukradat-shouto-na-poiskusnite-koleshki-foto/ Fri, 25 Jun 2021 08:29:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208346

Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ се веројатно двете најпознати и најпопуларни млади пејачки имиња кои последниве 5-6 години се појавија на македонската естрада, а својот талент го оправдаа и со песните и со својата појава и она во што полека се развиваат: Во вистински убавици и зрели пејачки, кои се на добар пат веќе летово „да им го украдат шоуто“ на нивните посикусни македонски колешки! Обете млади, згодни, атрактивни, со сексапил кој допрва се развива,  во себе носат и вокален и музички и естетски потенцијал кој секојдневно се повеќе им ја зголемува популарноста, особено кај помладата и кај нивната генерација. Во години кога туку што ја достигнале својата зрелост, двете убавици во себе носат и доволно дрскост и имаат доволно смелост да се потрудат, веќе етаблираните пејачки да ги засенат! Социјалните мрежи секојдневнообилно им помагаат во тоа, па додека некои други ги бројат заблудите,  двете млади ѕвездички  ослободени од стегите и предрасудите гледаат да ја искористат својата шанса да блеснат во полн сјај, како вистински ѕвезди кои ќе го превземат тронот! Но до тронот не се доаѓа само со сликање, па затоа Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ уште навреме  ги засукаа ракавите и се фатија за работа, па речиси секојдневно информираат  преку социјалните мрежи дека работат на нови песни и видеа. Мартија  уште на почетокот на годината најави, а сега и потврди дека наскоро ќе открие што подготвувала додека траеше пандемијата и годината што естрадата сака што побргу да ја заборави. И покрај тоа што сподели видеа и фотки од снимањата, во кои откри и кој ќе биде до неа во новото видео, сепак не откри како ќе и се вика новата песна.
Антониа пак, е малку поконкретна, па веќе ја најави новата песната насловена „Магла“, со која го најавува и своето првенче, односно својот деби албум - „2001“. Русокосата убавица на првиот албум  покрај старите песни премиерно ќе престави  и неколку нови, меѓу кои и  најавната „Магла“, која кај да е, наскоро треба да биде промовирана. Фотографиите од снимањето на видеото доволно кажуваат, а на нив Антониа е во друштво на згодно момче. Не станува збор за нова љубов, зашто старата со Иван Јованов одлично функционира,  туку за згодниот модел Симон Антиќ, за кој се знае дека е сертифициран атлетичар, бодибилдер и фитнес тренер. За „погледите во Магла“,  како најава за истоимената нова песна на Антониа која излегува наскоро и нејзиниот секси стајлинг со кој разоглена кокетира и заведува како увертира на она што наскоро следува... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/pogledi-vo-magla-antonia-gigovska-kako-riba-vo-mreza-pod-koja-ne-nosi-nishto-foto/ ...Како и за „малата сирена“ Мартија која е навистина добра „партија“,  веќе пишувавме?! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/martija-odnovo-pokaza-deka-e-dobra-partija-malata-sirena-vo-bikini-gi-sobra-vlaznite-pogledi-i-vozdishkite-na-mashkite-foto/ Ако некој не прочитал, еве му можност  и прилика, а и  за оние што прочитале, а не можат да се сетат - да се потсетат... Додека не излезат новите песни и видеа на Антониа и Мартија, двете млади музички ѕвезди(чки) чија блескава кариера допрва следи, со реални шанси со „заслепувачки блесок“ да засенат некои од постарите колешки, чија ѕвезда, полека се гаси! Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic  ]]>