засади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Nov 2019 09:06:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png засади – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пепа Димитрова со цвеќе им ги „затна дупките“ на скопскиот асфалт, ама и устата на општинската и градската власт, што се фали дека многу работи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pepa-dimitrova-so-cvekje-im-gi-zatna-dupkite-na-skopskiot-asfalt-ama-i-ustata-na-opshtinskata-i-gradskata-vlast-shto-se-fali-deka-mnogu-raboti-foto/ Fri, 15 Nov 2019 08:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118663

Една стара поговорка вели: „Кој по тебе со камења - ти него со леб“! Водена отприлика по поуката од оваа мудра мисла, македонската пејачка Пепа Димитрова реши да ја потсети општинската, а и градската власт дека не треба само вербално да се фалат во медиумите дека многу работат, кога се далеку од тоа! Имено, пејачката револтирана од дупките кои зјаат по скопскиот асфалт, а секојдневно стануваат се подлабоки и поопасни за учесниците во сообраќајот, реши да им покаже на општинските власти што им е работата, кога ним веќе не им текнува да си ја сработат! За својата борба против „лажните ветувања, без остварувања“ го избра најмоќното оружје - цвеќето! Како симбол на убавината, но и на мирот и своевидниот мирен протест против пропустите и глупостите! Па заедно со својата ќеркичка седна во автомобилот и тргна по вообичаената рута низ која секојдневно се движи и поминува - скопската населба Козле и општина Карпош! Она што пејачката го забележила, решила да го исправи кога веќе оние кои за тоа ги плаќаме од наши пари и на кои меѓудругото тоа им е работа, не им текнува да го направат или поправат - да ги пополнат огромните дупки во асфалтот на најпрометните улици! Затоа пак Пепа, дупка по дупка, секоја дупка ја „асфалтираше“ со китки свежо цвеќе. И тоа среде улица! А цвеќето како најмоќно оружје... Ем впечатливо и забележливо оддалеку, па секој ќе го види и ќе прикочи, за разлика од црната дупка на коловозот која никој не ја гледа и ќе го искрши автомобилот или не дај Боже, ќе направи поголема белја сакајќи да ја избегне дупката во последен момент, особено во шпицовите, среде градскиот метеж! Освен тоа, кога ќе го видат цвеќето наидувајќи на него, белким ќе им текне и на оние од власта на кои тоа им е и обврска и работа и задача, конечно да почнат да си ја вршат должноста и да ги закрпат длабоките  дупки на коловозот! Впрочем, добар дел од нив токму и на еден од тие потези живеат и секојдневно тука и самите поминуваат: Капиштец - црква Свети Јован со Факултетот за Богословија и улицата што води до „буџите“ на Водно! Ама додека ним им текне и текна на Пепа Димитрова... Микрофонот и сцената за миг ги замени со одговорен граѓански активизам, па штипјанката со скопска адреса на живеење, со цвеќе им ги затна дупките на скопскиот асфалт,  ама и устата на општинската и градската власт, што се фали дека многу работи! Па ако не им цвета работата, а владеењето им венее, барем вака нека „цутат“ улиците! Кој знае, после ова може ќе им текне... Или ќе чекаат да падне дожд за да го залее и цвеќето?!  ]]>