жарко димитриовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Nov 2021 09:07:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жарко димитриовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жарко Димитриоски би да биде Иван Ивановиќ, ама… „Еден на еден“ или „Copy – Рaste“ систем? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zarko-dimitrioski-bi-da-bide-ivan-ivanovikj-ama-eden-na-eden-ili-copy-raste-sistem-foto-video/ Thu, 11 Nov 2021 09:02:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226804

Жарко Димитриоски, ТВ водител и продуцент, оддамна познат најавноста по своето ток - шоу „Еден на еден“, во последно време беше во фокусот на вниманието и на медиумите  и на  социјалните мрежи, заради скандалот со 300-те илјади евра во 9 тендери добиени само годинава од различни институции во време на владение на Владата на премиерот Зоран Заев. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-so-vladinite-tenderi-na-zarko-dimitrievski-negovata-emisija-go-menuva-imeto-padna-predlog-kako-da-se-vika-eden-na-eden-i-eve-koj-e-noviot-kum-na-imeto-foto/[/embed] Откако малку „прашината легна“, а легнаа или се на добар пат  да легнат и 18-те милиони денари во тендери, Жаре ја најави новата, 13-та по ред сезона на својата емисија, овој пат на Канал 5 телевизија. И додека фејсбукџиите, твитерџиите и инстаграмџиите, искажуваа револт или тераа мајтапи на социјалните мрежи, Жаре мирно си ја тера работата започнувајќи го шоуто во новата сезона. Слично како и минатите, ама сепак нешто поразлично, со нов бенд и понекоја нова рубрика, меѓу кои и една, наречена  „Лајме од иднината“. Колку за појаснување, тоа „Лајме“ во превод на албански би значело вести... Или можеби по сите тендер - скандали е асоцијација за нешто друго,  од типот „лај ме“  колку сакаш - карванот си врви, кој да знае освен Жаре? И зошто албанскиот му е пред македонскиот, па биле тоа и измислени  „Вести од иднината“, кои всушност и не се измислени... Не барем како оригинална рубрика! Жарко Димитриовски би сакал да биде Иван Ивановиќ, ама... не оди тоа баш така, зашто Иван не живее од тендери од власта, напротив, неговите критики се „трн во око“ на власта во Србија, а од друга страна, не му недостасуваат нуту духовитост, ниту оригиналност! Зашто „Лајме од иднината“ е всушност прекопирана рубрика токму од шоуто на Иван Ивановиќ, кој  со години ја има својата рубрика „Вести из будуќности“ (Вести од иднината) или вести кои допрва ќе се случат. А, на Жаре му се случи рубриката да му биде „позјмена“, ВЕСТИ-те да му бидат ЛАЈМЕ, или што би рекле „Еден на еден“ со албански наслов по српски „Copy - Рaste“ терк?! Па дури и презентерот на „копија вестите“ му е брадосан лик. Копија верна на оригиналот! Што би рекле: „Оригинал фалсификат“? Или секоја „случајност“ е... „слична“!?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Еден на Еден (@edennaeden)

Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/edennaeden/Veče sa Ivanom Ivanovićem    ]]>

На Жаре – „1 на 1“ му се бројат ребрата… еве „на што е“ водителот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-zare-1-na-1-mu-se-brojat-rebrata-eve-na-shto-e-voditelot-foto/ Fri, 21 Sep 2018 08:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49137

Новата сезона на едно од најгледаните македонски ток шоу „1 на 1“  стартува!  Екипата подготвена како никогаш до сега...
... Студиото и техниката спремни за акција...
...Градот преплавен со билборди...
А, водителот? Што е со Жарко Димитриовски? Јавна тајна е дека за познатите личности кружат разни приказни дека товарот на професијата тешко се носи ако не си „на нешто“! Па, така барем се зборува низ чаршијата, дека некој е на „бело“, друг на литар, два, три... „течна храна“, трети се на јога, пилатес, стероиди, теретана, четврти на само на овошје и зеленчук... А кој ќе ги знае? Кој веќе може во морето од пласирани информации и дезинформации, од спинувани, лажни  и точни вести да знае што не е, а што е вистина?
Ама затоа пак Вистина.мк има секогаш црно на бело... За се', па и за Жаре „1 на 1“! Оние кој летоска го виделе велат дека на водителот му се „бројат ребрата“! И тоа може да се види со голо око! Па луѓето почнаа да се прашуваат: „Добро, па „на што е“ тој Жаре? Затоа, ние решивме да ја одгатнеме мистеријата. Па ако лаже чаршијата, не лаже фотографијата, нели?! Точно е дека Жаре Димитриовски неодамна е виден како„ му се бројат ребрата“. Точно шест на број!  И тоа на скара! Водителот сам свој мајстор, ала „Чичко Стоилко“, што би рекол и самиот! И машала, да не го урочиме и за ова го бива, а и се гледа дека добро му оди!
Што би рекле Жаре  секогаш има „план Б“, односно алтернативна професија, ако не дај Боже, затреба! А, што се однесува на она: „на што е водителот“? Неееее... Жаре не е само на ребра! Кој сака да проба од она што на Жаре му дава „ветер во грб“, нека крене рака!
Зашто, ретко се наоѓа место за вистински грав во кафеана! И тоа во друштво со Жаре!    ]]>

Кој сточар, кој со ѓаволчето на рамо – приказните на Бранко Огњановски, Лупевска и Жан Митрев (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-stochar-koj-so-gjavolcheto-na-ramo-prikaznite-na-branko-ognjanovski-lupevska-i-zan-mitrev-video/ Thu, 05 Apr 2018 09:31:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19528

На 03 април, во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain.
Жан Митрев ги сподели техниките за мотивација кои ги користел и сеуште ги користи, и им зададе задача на присутните млади со која можат да започнат да го “тренираат” својот мозок, Лупевска им пренесе на младите колку е битно да работиш со пасија и адреналин – бидејќи тоа те тера напред во својата професија и живот, додека Бранко Огњановски на крај им порача на младите да научат да креираат и создаваат самите, наместо да чекаат вработување во државна администрација. Нивните целосни говори и животни приказни може да ги проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=ppZiELnThBA
Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја. Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа. Наредниот настан ќе се одржи во Прилеп на 17ти април на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климет Охридски”, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.]]>