заработка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 13:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заработка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската пејачка наместо со екстра заработка со празнична главоболка: Место бакшиш – апчиња, па за да ја поправи работата, Марија му ја „кидна“ за Германија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-namesto-so-ekstra-zarabotka-so-praznichna-glavobolka-mesto-bakshish-apchina-pa-za-da-ja-popravi-rabota-marija-mu-ja-kidna-za-germanija-foto/ Sat, 13 Jan 2024 09:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333636

На „кралицата на бакшишот“,  Марија Луиса Тодоровска, по се изгледа не и испадна математиката за Нова Година!? Или барем така тоа изгледа од она што пејачката на една од своите последни Инстаграм стории го споделила, каде беше многу загрижена. На фотката сајзерот наместо накитен со девизи и денари, полн со таблети и лекови... Оние што се разбираат во фармација велат: Ништо страшно, „битолската фолк грација“ изгледа малку ја стегнале крајниците, зашто меѓу апчињата повеќето се „бонбончиња за лижење“ кога ќе те загребе грлото, па во нив пејачката го побарала спасот кога и подзарипнал гласот. Покрај нив уште некоја парацетамол таблета  и уште по нешто за препотување... ама бакшишот го нема никаде? Можеби токму затоа, за да ја надополни заработката и излечи главоболката,  Марија му ја „кидна“ за Германија. И тоа правец - Минхен, кај што има мноштво нашинци кои празнично расположени, би требало да и ја поправат работата со заработката на фолкерката. А кога ќе дојдеш со „ситниш“ на Запад, не ти останува ништо друго освен и кафето да го пиеш на улица, по сокаци... До душа, Мариен Плац не е Широк Сокак, ама ако... Во добро друштво кафето и вака е слатко! Но, штом дојде време за вечерниот настап, расположението веднаш се менува и тоа правопропорционално со заработката... Зашто сега сајзерот среде свирка на секоја дирка наместо со лекови, апчиња, таблети, е богато накитен со двоцифрени и троцифрени европски банкноти! Па затоа другиот ден кафето веќе не се пие на улица, туку во голем шопинг мол, каде се чека редица пред ексклузивна продавница, за да се потроши нешто од бакшишот, на некое луксузно парче или скап акцесоар, купен сама себеси на дар! Единствено остана дилемата со таблетите на пејачката оставени среде свирка на сајзерот од почетокот на приказната... Дали сите беа за грло, главоболка, настинка...? Антибиотик како замена за инјекција или сепак меѓу таблетите имаше скриено по некоја и за... контрацепција? Фото: Инстаграм/luisa.todorovska]]>

Мадона го обнови рекордниот статус: Поп пејачката повторно е најпродаваната изведувачка на сите времиња (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/madona-go-obnovi-rekordniot-status-pop-pejachkata-povtorno-e-najprodavanata-izveduvachka-na-site-vremina-foto/ Thu, 26 Oct 2023 11:05:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324049

Се чини дека кралицата на попот Мадона е неодостижна кога станува збор за продажба на музика и заработка од неа, според Гинисовата книга на рекорди. Познатата американска пејачка, која деновиве е на турнеја низ светот на својата турнеја „Celebration“ по повод одбележувањето на четириесет години од својата легендарна кариера, го обнови рекордниот статус на најпродавана изведувачка на сите времиња. Мадона минатата година за време на интервјуто за „Ноќното шоу“ со Џими Фалон изјави дека во текот на нејзината кариера има продадено над 400 милиони плочи - албуми, синглови и дигитални синглови. Иако е тешко да се добијат точни бројки за продажбата, нашироко е познато дека само Битлси, Елвис Присли и Мајкл Џексон продале повеќе плочи ширум светот, што ја прави Мадона најпродаваната пејачка на сите времиња. Уште поимпресивно е што таа го држи овој рекорд од 2009 година, а никој друг не се доближил да ја победи, според Гинисовата книга на рекорди. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона/Х]]>

Прија зема 1.000.000 евра: По три концерти, пејачката станува рекордерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/prija-zema-1-000-000-evra-po-tri-kontserti-pejachkata-stanuva-rekorderka-foto/ Thu, 28 Sep 2023 11:28:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320217

Најуспешната млада ѕвезда Александра Пријовиќ вечерва ќе пее во Белград, која иако не платила ниту динар за маркетиншки трошоци, успеала да распродаде билети за дури три концерти во „Штарк арена“. Според  пресметките, по 28, 29 и 30 септември, кога ќе ги плати сите трошоци и даноци, ќе земе 946.206 евра. Прија, која резервира три белградски арени и со тоа стана не само првата натпреварувачка на „Ѕвезда Гранда“ која настапува во најголемата сала на Балканот, туку и единствената српска пејачка која ќе пее три вечери по ред. Покрај тоа што ќе влезе во историјата, Пријовиќ добро ќе заработи од распродадените настапи и тоа со својата работа и труд. Според информациите достапни на официјалната веб-страница, капацитетот на „Старк Арена“ е 19.866 седишта. А ако го собереме бројот на седишта во приземјето, трибините, боксовите и помножиме со цените на билетите за тие места, ќе дојдеме до бројка од 415.261 евро по концерт. Кога оваа чудесна бројка ќе се помножи со три концерти, вкупната заработка е 1.245.784 евра за сите три ноќи. Сепак, Прија треба да плати за организацијата на концертите, вклучувајќи ја сцената, воведниците и танчерите. оркестар, флота од автомобили и многу други работи, што вкупно излегува на околу 100.000 евра. Исто така, таа треба да плаќа данок на државата, што е 41.426 евра по концерт, како и плаќање на закупот на „Старк арената“. Кога ќе го плати сето ова, на Александра, според  пресметката, ќе и останат 946.206 евра. За трошоците што ги очекува пејачката проговори и нејзин близок извор, кој истакна дека Прија не очекувала да закаже дури три концерти, па затоа и трошоците, но и заработката се поголеми: - Александра не се надеваше на втор, а камоли на трет концерт. Секако дека за секој од нив ќе треба да плаќа данок на државата, а покрај тоа е и закупот на Арена за три вечери - вели изворот, кој додава дека трошоците на организацијата се поголеми од претходните години: - Не треба да се заборават и трошоците на организацијата, во кои спаѓаат рекламната кампања, возниот парк, обезбедувањето, музичари, играчи, кои чини околу 100.000 евра - вели извор близок на пејачката. Фото: Принтскрин/Инстаграм/А.Пријовиќ]]>

Пееше за ситни пари, а сега заработува 15.000 евра по настап: Теа Таировиќ откри колкав и бил првиот хонорар (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/peeshe-za-sitni-pari-a-sega-zarabotuva-15-000-evra-po-nastap-tea-tairovik-otkri-kolkav-i-bil-prviot-honorar-foto/ Fri, 01 Sep 2023 11:31:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316361

Теа Таировиќ е една од пејачките кои најмногу заработуваат на  јавната сцена, а сега откри дека од првиот хонорар можела да купи само неколку ситници. Додека сега заработува и по 15.000 евра по настап, небеше така кога почнуваше. - Првата заработка ми беше доволна за да купам сендвич, кафе и гуми за џвакање - рекла пејачката, а потоа се осврнала на изјавата на нејзината колешка Галена со која настапила на Ташмајдан, која наводно рекла дека „луѓето во Србија се шовинисти. “. - Што и да кажам ќе биде погрешно, но познавајќи ја, верувам дека жената воопшто не е во тој стил. Тоа можеби звучеше малку непристојно, но сигурна сум дека беше извадено од контекст. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ]]>

Високата цифра ја потрошила само на едно: Еве колку пари од тужби „легнаа“ на сметката на Јелена Крлеуша (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/visokata-tsifra-ja-potroshila-samo-na-edno-eve-kolku-pari-od-tuzhbi-legnaa-na-smetkata-na-jelena-krleusha-foto/ Tue, 22 Aug 2023 08:36:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314708

Јелена Карлеуша го објави новиот албум „Алфа“, а по цели 11 години публиката слушна сосема нов звук на музичка ѕвезда која не штедеше време, пари, енергија за да го направи овој проект совршено спакуван. Неколку дена по објавувањето на песните, следуваше роденденската забава на Јелена. Во величествениот двор на својата вила на Дедиње, поп дивата ги собра своите блиски пријатели и соработници, а секој детаљ беше во духот на албумот „Алфа“. Освен пофалбите и честитките од публиката, Карлеуша беше осудена и од дел од јавноста поради костимите и текстот на песните, а меѓу критичарите беа и неколку нејзини колеги, но и медиумски компании против кои поднесе кривична пријава, како што тврди, поради предизвикана душевна болка и лажни информации кои се шират за неа. Пејачката за тоа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и откри колку заработила во изминатите неколку години од судски спорови кои завршиле во нејзина корист. - Во последните неколку години, верувале или не, заработив околу 10 милиони динари од судските спорови добиени во моја корист. Поголемиот дел го дадов во прифатилиштата за животни во Србија - открила Кралеуша во својата објава. фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Карлеуша]]>

Снеже Велков си замисли како би било кога би и плаќале за возење точак, а од желба до реализација и не е така далеку (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-si-zamisli-kako-bi-bilo-koga-bi-i-plakale-za-vozene-tochak-a-od-zhelba-do-realizatsija-i-ne-e-taka-daleku-foto/ Wed, 16 Aug 2023 06:04:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313948

Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку и да вежба, нејзина здрава навика и нејзина секојдневна рутина која не ја запоставува во никој случај е нејзиниот велосипед кој е тука во секое време и за сѐ. Токму поради тоа таа сериозно се замисли како да најде начин да заработува по некој денар од тоа што со задоволство го прави. Убаво би било качена на велосипед да ги билда мускулите, но и банкарската сметка. Така, таа  на социјалната мрежа Инстаграм неодамна за добро утро на сите нејзини следбеници им напиша: - Замислете некој да ми плаќаше да возам секој ден точак, па јас боржуазија ќе станев - напиша таа. За нејзината идеа таа направи и анкета со фановите од која заклучи дека од тоа нема да се наполни со пари но, иако има бенефит за здравјето таа очигледно веќе не е задоволна само со тоа па, повторно праша: - Значи утврдивме ако некој ми плаќа да возам чорбаџика нема да станам . А вака со собирање на плусеви за возење секој ден, некој купон нешто од некаде да земам, м? Снеже упорно размислувајќи на таа тема ископа информација еднаква на нејзината желба и  сепак најде  начин од кој со возење точак може и да заработи. - Kако зрачиш така привлачиш викаат и гледајте што ми стигна: - Значи и има луѓе што ти плаќаат да возиш. До душа треба и да победиш. Ако победам, честам. Се разбира, за секоја награда треба и победа, но и голема желба како онаа на Снеже која ја однесе до целта па можеби и до добивката која секој би си ја посакал. Среќно! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Филмот „Барби“ со заработка од над една милијарда долари https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-barbi-so-zarabotka-od-nad-edna-milijarda-dolari/ Mon, 07 Aug 2023 07:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312755

Филмот постави рекорд за Грета Гервиг, која стана прва режисерка која ја надмина границата од милијарда долари заработка. Дистрибутерите на филмот велат дека тој ги надминал нивните „најоптимистички предвидувања“. Филмот „Барби“ по само две и пол недели прикажувања во кината ширум светот, донесе заработка од над 1 милијарда долари (повеќе од 900 милиони евра), соопшти „Ворнер Брос Пикчрс“. Според продукциската фирма, само во САД и Канада досега се продадени билети во вредност од 549 милиони долари, а од почетокот на прикажувањето на филмот на 21 јули во светот се продадени билети во вредност од 572,1 милиони долари. „Како шефови на дистрибуција, ние не остануваме толку често без зборови поради изведба на некој филм, но Барбилион ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања“, велат Џеф Голдстајн и Ендру Крипс, кои се задолжени за домашната и меѓународната дистрибуција на филмот. Продажбата е потврдена и од фирмата за медиумска анализа Комскор. Главниот конкурент на „Барби“ во последните две недели, биографскиот филм за Опенхајмер на Кристофер Нолан, во меѓувреме собра 228,6 милиони долари дома и 552,9 милиони долари на глобално ниво, што го прави филм со најголема заработка меѓу филмовите кои се само за возрасни. Филмот „Барби“ постави рекорд за режисерката и косценарист Грета Гервиг, со што таа стана првата соло режисерка која ја надмина границата од 1 милијарда долари заработка. Други режисерки ја имаат надминато оваа граница, но како корежисерки.]]>

На Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ и Сандра – Африка бизнисот им цвета – најбарани се ова лето и ќе заработат милион евра (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-militsa-pavlovik-rada-manojlovik-i-sandra-afrika-biznisot-im-tsveta-najbarani-se-ova-leto-i-ke-zarabotat-milion-evra-foto/ Tue, 01 Aug 2023 09:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312271

Повеќето пејачки летната сезона ја поминуваат работно и наместо на одмор, настапуваат со „полна пареа“, а меѓу оние кои се најбарани и најангажирани ова лето се Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ и Сандра Африка. Тие се најбарани оваа летна сезона и работат со полна пареа, што и тоа како ќе им се исплати. Трите заедно, наводно, летово ќе заработат повеќе од милион евра, што е секако богата естрадна жетва. „Милица е најголемото изненадување за сите менаџери. Некогаш работеше за 8.000 евра, а сега зема 12.000 евра, понекогаш и повеќе, зависи каде настапува. Сите нејзини песни се хитови, клубовите каде што пее се полни. и сосема е логично што ја покачи цената на настапите. Па, неодамна 150 луѓе останаа пред клуб во Хрватска, бидејќи немаше место за сите, па сопственикот веднаш и го резервира првиот достапен термин повторно за неа. Сите го знаат тоа, убавата журка е загарантирана каде и да пее, а кафеаните се полни без никаков маркетинг. Знам дека летово ќе настапува на 40 локации и ќе заработи повеќе од 480.000 евра“, изјави менаџерот, кој откри и како котира Рада Манојловиќ. „Рада летово закажа 43 настапи, а во просек зема по 7.000 евра по тезга, се разбира, без бакшиш. Така на крајот на летото ќе биде побогата за минимум 301.000 евра! ​​Претходните години земала по 5.000 евра по настап, но откако нејзината сестра почна да ја води кариерата, цената ѝ скокна. Најмногу пее во клубови и на приватни прослави, а кога ќе „убоде“ на настап на плоштад, може да заработи двојно повеќе“, вели менаџерот, кој истакнува дека Сандра Африка е на третото место за годинешната заработувачка ова лето. „Сандра ми кажа дека сите пари од летната сезона ќе ги вложи во недвижнини, па од есен ќе изгради уште една зграда! Во тоа и помага менаџерот Александар Московљевиќ Микиша, со кој некогаш била во врска. Буквално секое евро што ќе го заработат го инвестираат во станови. Таа моментално има 35 закажани тезги, но веројатно нема да заврши тука, бидејќи сопствениците на многу клубови во Црна Гора и Хрватска веќе ја бараат.Со оглед на тоа што во просек добива 8.000 евра по настап веќе се знае дека за два месеци ќе заработи најмалку 280.000 евра!“, тврди изворот. Фото: Инстаграм/senoritamilica/radamanojlovic/sandraafrika
]]>

Еве колку „тежи“ Тејлор Свифт: Светски познатата пејачка е на пат да оствари најголема заработка во музичката историја (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kolku-tezhi-tejlor-svift-svetski-poznatata-pejachka-e-na-pat-da-ostvari-najgolema-zarabotka-vo-muzichkata-istorija-foto/ Tue, 04 Jul 2023 12:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308913

Американската пејачка Тејлор Свифт од продажба на билети за концерт во турнејата заработи повеќе од 13 милиони долари на вечер и е на пат да оствари најголема заработка во музичката историја. Најголем дел од парите одат на трошоците на организацијата, а во таа сума не се вклучени дополнителни милиони долари од продажбата на стока во рамките на турнејата „Eras“, пренесува Bloomberg. Свифт е на пат да заработи повеќе од милијарда долари, праг што ниеден уметник никогаш не го достигнал. Според индустриското издание Polstar, во текот на 22-те дена од турнејата, таа заработила 300 милиони долари. Планирани се 50 настапи во САД, а потоа продолжува шестата концертна турнеја на кантавторот во странство. Полстар проценува дека вкупната заработка од турнејата може да надмине 1,3 милијарди долари. Просечниот билет за концерт на Тејлор Свифт чини 254 долари. Седум од 25-те најпродавани дела во првата половина од годината исто така наплаќаат повеќе од 200 долари по претстава. На листата се наоѓаат Брус Спрингстин со 224 долари, Фиш со 206 долари и Џорџ Стрејт со 282 долари. Пред само пет години, единствените двајца уметници кои направија 200 долари беа Бритни Спирс и Селин Дион. Најдобриот изведувач таа година, Ед Ширан, настапуваше во просек за 89 долари за вечер. Гледањето на Тејлор Свифт во живо чини 134 долари повеќе отколку пред само пет години, додава американската агенција. Фото: Принтскрин/Епа Имаџес]]>

Сериозна цифра: Еве колку ќе заработи Ана Николиќ ова лето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/seriozna-tsifra-eve-kolku-ke-zaraboti-ana-nikolik-ova-leto-foto/ Thu, 22 Jun 2023 07:04:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307203

Ана Николиќ минатата година ги одбиваше настапите, па работеше само кога таа сакаше, но сега ситуацијата е поинаква. Имено, со оглед дека и требаат пари за секојдневните луксузи, потоа ќерката Тара, па и многу други работи, Николиќ сфатила дека мора да се врати на работа многу порано. Сега исплива колку Ана добива за настап за време на летната турнеја, а цифрата воопшто не е мала. За јуни, јули и август таа има договорено 35 настапи, а цената за еден е 15.000 евра, па така на крајот на сезоната таа ќе биде побогата за 250.000 евра. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Николиќ]]>