заработат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 06 Oct 2022 08:30:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заработат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поранешните членки на „Хурикејн“ се подготвени да настапат заедно: „Ураганките“ ќе пеат на свадби за 50.000 евра (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshnite-chlenki-na-hurikejn-se-podgotveni-da-nastapat-zaedno-uraganite-kje-peat-na-svadbi-za-50-000-evra-foto/ Thu, 06 Oct 2022 08:14:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270296

Поранешните членови на групата „Хурикајн“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ се подготвени повторно да настапат заедно. Нема да имаат проблем да се соберат и да пеат на приватни веселби и свадби за 50.000 евра, иако соло кариерата ја започнаа пред еден месец. - Групата „Хурикејн“ работеше многу добро, девојките беа барани во сите клубови, но и на приватни забави. Тие правеа феноменална атмосфера со песни, оро, но и флертувајќи со публиката и гостите. Бендот се распадна, почнаа соло кариера, но луѓето се уште ги бараат! Сакаат да ги слушаат, и тоа исклучиво заедно! И не само менаџерите на клубовите, туку и оние кои организираат приватни прослави и свадби - вели добро упатен извор. Според него, „Ураганите“ решиле да ја зголемат цената: - За нив владее општо бунило веќе неколку недели, но ги одбиле сите понуди, бидејќи им била понудена цифрата за која настапувале досега - 30.000 евра. Ако некој им даде повеќе пари, со задоволство ќе пеат заедно. Тие не се скарани, редовно се слушаат и се поддржуваат. Затоа не би им било проблем да настапат заедно, а единствениот услов им е да добијат 50.000 евра за тоа! Тој додава дека бендот се распаднал затоа што Сања, Ксенија и Ивана сакале да заработат повеќе. - Хонорарот им беше 30.000 евра. Меѓутоа, додека ги поделат парите со музичарите, менаџерите и другите луѓе кои работат за нив, не им останува многу. Кога сфатија дека индивидуално можат многу повеќе да заработат, решија да се разделат - вели соговорникот. Приказна ја потврди и Ксенија Кнежевиќ: -Ако некој добро плати, пак ќе се собереме да пееме на некоја прослава или настап. Заедно сме супер, често се допишуваме и не би ни било проблем да пееме заедно - вели Ксенија и открива со која членка на „Хурикејн“ подобро се согласувала: - Сања ме нервира повеќе отколку Ивана, бидејќи постојано ме критикуваше дека доцнам. Но, таа беше во право бидејќи јас ретко пристигнувам во одреденото време. Фото:Принтскрин/Марко Џоковиќ/Д.Живанчевиќ]]>