запросување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Nov 2023 08:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png запросување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Филмска романтика: Познатата македонска пејачка кажа „Да“ пред Ајфеловата кула во Париз (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/filmska-romantika-poznatata-makedonska-pejachka-kazha-da-pred-ajfelovata-kula-vo-pariz-foto/ Mon, 13 Nov 2023 07:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326489

Во својата последна и најнова песна таа пее, „Утрото ќе промени се’“, но во случајов за еден од најдобрите женски вокали во земјава, струмичанката Александра Јенева, „вечерта промени се’“. Имено, Александра викендов беше запросена од своето момче Иван на нивното заедничко романтично патување во Париз, па градот на светлината, им осветли нов животен пат – брачен. Возбуда, еуфорија и неописливо чувство на среќа за кое таа се пофали на својот Инстаграм. Во прилог беа фотографиите од големиот чин пред Ајфеловата кула, а во описот Јанева се потруди тоа да не биде само регуларното „кажав да“, туку многу повеќе од тоа. Длабоко емотивно и инспиративно, младата идна невеста уште еднаш се покажа дека е вешта и во пишувањето, особено кога темата е љубов. -Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан. Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе. Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење- напиша Александра понесена и преплавена од емоции. Честитки со добра мисла за вечна љубов се нижат една под друга, а тие насмеани и распеани го прават ова магично патување со спомени кои ќе им бидат врежани во срцата засекогаш. За потстување, Александра Јенева кон средината на месец јули 2021 година за првпат реши да открие дека е во врска со сега веќе својот свршеник Иван Ангелов. Од нив двајцата постојано осамнуваа нови фотограии, особено од авантуристички патувања за кои и двајцата се на иста фреквенција. Инаку, свршеникот на пејачката исто така не е анонимус. Имено, се работи за македонски ракометар кој игра на позицијата лев бек, кој е и поранешен младински репрезентативец. Штипјанецот беше дел од Вардар Јуниор, пред да замине во грчкиот Аеропос Едеса, каде што одигра една сезона, по што се врати во Македонија за да настапува за екипата на „РК Драчево“ која е дел од македонската машка ракометна Прва лига. фото:Инстаграм принтскрин/Александра Јанева]]>

Анастасија Ражнатовиќ кажа „Да“: Немања Гудељ на романтична вечера ја запроси ќерката на Цеца (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-razhnatovik-kazha-da-nemana-gudel-na-romantichna-vechera-ja-zaprosi-kerkata-na-tsetsa-video/ Sat, 29 Jul 2023 10:02:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312003

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ се свршија. Тој приредил романтично изненадување. На подот ливчиња од роза кои го покажуваат патот до интимната вечера. Тие ангажирале танчери на оган за церемонијата, а украсите вклучувале балони и луксузни детали. Кога Анастасија Ражантовиќ кажа „ДА“, започна огнометот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Загубата на бебето која им се случи неодамна дополнително ги зближи и ги направи да бидат попсилни и во искушенија, а сега дојде време за нешто кое дополнително ќе им ја јакне љубовта - бракот. фото: Instagram printskrin]]>

Лавина емоции и солзи радосници: Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера во Рим (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/lavina-emotsii-i-solzi-radosnitsi-miro-katsarov-ja-zaprosi-sakanata-na-romantichna-vechera-vo-rim-video/ Sun, 18 Jun 2023 08:15:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306684

ТВ водителот и автор на „Голден карпет“, Миро Кацаров реши да се жени. Тој преку својот профил на Инстаграм обзнани дека патувањето во вечниот град Рим, не било само обично туристичко патување во Италија, туку многу повеќе од тоа. Миро плански тргнал со саканата Ивана со која од не така одамна е во врска, шетале, разгледувале знаменитости, уживале во непознатото и невидениото и се' надидум било така нормално за едно романтично патување на момче и девока. Кога дошло време за вечера, таа ноќ станала повеќе од посебна. Додека виолинистот свири, а Ивана занесена во звуците, Миро го вади скриениот прстен и клекнува пред саканата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Miro Kacarov (@miroslavkacarov)

Таа во лавина емоции од она штио очигледно не го очекуаше, го покри лицето со дланките и заплака од среќа. Виеото од овој романтичен момент Миро го објави на својот профил, а наедно им се извини на сите кои му честитале, а тој во еурофија од убаво не успеал да им врати. Честитки! фото:Instagram printskrin]]>

Свадба се спрема: Ване Маркоски сподели убави вести, честитки прима, но со една важна напомена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/svadba-se-sprema-vane-markoski-spodeli-ubavi-vesti-chestitki-prima-no-so-edna-vazhna-napomena-foto/ Mon, 22 May 2023 07:00:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303029

Еден од нашите најпознати ТВ и радио водители, Ване Маркоски со своите следбеници пеку социјалните мрежи сподели убави вести. Неговите профили редовно се полни со нови објави околу професионалните и инфлуенсерски ангажмани, но овој пат Ване сподели нешто многу лично што и како го направи радосен и му затрепери душа, него и на неговото семејство. Имено, неговиот помлад брат Бојан решил да се жени и ја запросил девојката која кажала „да“ на понудата. -Брат ми и снашка. Здравје и среќа само. А, да ... и без коментари: ај и на твоја глава, пишува Ване во описот на фотографијата каде позира со младите, но има и посебна забелешка, да не му посакуваат и нему да „рипне во тавче“. Коментарите се редеа, а многумина сакаа да бидат духовити, па тргнаа со намера току спротивна, да го „чепнат“ за она што не му одговара, па тоа „ај и на твоја глава“, се редеше низ повеќе коментари на кои тој не возврати. Бојан кој инаку по просесија е полицаец и е шест години помлад од Ване, го претрка постариот брат кога е брак во прашање, а дали на Ване не му се споиле коцките на љубовно поле или пак воопшто на сака да размислува на брак зашто му се арно во ергенскиот живот, знае самиот, а и оние поблиските до него. фото:Фејсбук/Ване Маркоски]]>

Тргна со естрадните бракови: И Виктор Апостоловски се жени- девојката ја запроси на Босфор (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/trgna-so-estradnite-brakovi-i-viktor-apostolovski-se-zheni-devojkata-za-zaprosi-na-bosfor-video/ Sun, 22 Jan 2023 08:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285176

На македонската естрада викендиов и тргнало со многу љубов, запросувања и бракови... И битолчанецот Виктор Апостоловски синоќа пријатно ги изненади фановите. Имено, пејачот кој јавноста го познава од шоуто „Македонски Идол“ деновиве е на романтилно патување во Истанбул со саканата Милена Доневска која се решил да ја побара за жена и да му стави крај на ергенскиот живот. Запросувањето го смислил како едноставно и спонтано, а токму тоа ја шокираше неговата избраничка која се тресеше од среќа. Додека таа се подготвуваше да му позира за фотографија свртена со грб, тој го извади прстенот, клекна и веќе претпоставувате што следуваше...
Виктор Апостоловски е од оние естрадни ликови кои не сакаат да зборуваат и објавуваат моменти од приватноста, па така, малкумина знаеја дека тој е во долгогодишна врска. Сепак, овој интимен момент сакаше да го сподели со сите и да им каже клкава е неговата љубов! Среќно! фотоќ:Инсатграм/Виктор Апостоловски]]>

Втор брак за Даниел Кајмакоски: Пејачот ја побара раката на саканата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vtor-brak-za-daniel-kajmakoski-pejachot-ja-pobra-rakata-na-sakanata-foto/ Sun, 22 Jan 2023 08:40:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285163

„Ти си она што секогаш сум го барал“ гласеше описот на една од објавите на Инстаграм кои  македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски го напиша неодамна за својата сакана. Изминатото лето Кајмакоски за првпат покажа дека е во љубовна врска и дека на љубовен план му цветаат ружи со убавата црнокоса што  се уште не открил која е. Убавите вести Даниел ги објави преку фотографија  на своите „стори“ на Инстаграм каде што пишува „штотуку венчани“. Откако осамна утрото, осамна и уште една објава од која младите го пијат утринското кафе покажувајќи ги бурмите на рацете со што открија дека по запросувањето набрзо следел и граѓански брак, па ги ставиле и прстените. За потсетување, откако во 2019 година пејачот се разведе од мисицата и пејачка Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, а неговиот приватен живот беше непознат за пошироката јавност. Даниел и Кристина го имаат заедничкото синче Давид за кое се грижи мајката, а како што тргнало со новините во Новата Година, овој пат нема да изненади и ако открие дека станува татко по вторпат. Нека е со среќа на младите! фото:Инстаграм/Даниел Кајмакоси]]>

Веќе долго време сте заедно, а уште не ве запросил: Ова се можните причини https://arhiva.vistina.com.mk/vekje-dolgo-vreme-ste-zaedno-a-ushte-ne-ve-zaprosil-ova-se-moznite-prichini/ Fri, 23 Dec 2022 13:50:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281452

Има жени кои нетрпеливо го чекаат моментот кога маж ќе ги запроси. Врз основа на доказите пронајдени на интернет, оваа опсесија е всушност доста честа појава кај жените, пренесува Twodrifters.us. Има многу парови кои долго време се во врска, дури имаат и дете, но поради некоја причина мажот не ја запросил својата поубава половина. Во продолжение во текстот ќе ги дознаете вообичаените причини зошто се уште не ве запросил. 1. Страв од обврзување, посветеност, промена и губење на слободата Ова се карактеризира како најважна причина за мажите. За многумина губењето на слободата е број еден причина поради која чувствуваат страв и го одложуваат моментот на посветеност на вечната љубов. 2. Не чувствува дека е таму каде што треба да биде Причината број два е кога мажот едноставно не е подготвен да го направи овој чекор или не е сигурен дека токму тука сака да биде. Ова често е поврзано со кариерата и заработката. 3. Никогаш не сте разговарале за тоа заедно Дали е можно вашиот партнер да не знае дека размислувате за таков чекор во врската? Можеби размислувате за прстен, но треба заедно да разговарате за овој чекор. 4. Не верува во институцијата брак Често излегува дека мажот не сака брак, со никого, никогаш. Ако е така, мора да дознаете за овој факт што е можно поскоро. 5. Тој е притиснат од вашите очекувања Можно е уште да не ве запросил, бидејќи е преплавен од вашите очекувања или од очекувањата на општеството. 6. Вашиот тајминг не се совпаѓа Некои веруваат дека тајмингот на бракот е порано, некои подоцна, па можно е вие ​​и вашиот партнер да имате различни ставови за совршеното време за брак. 7. Едноставно не е подготвен за брак Некои мажи сметаат дека не се подготвени за брак. Можеби треба да порасне, да реши некои проблеми или други работи што го кочат. извор:popara.mk]]>

Се прашувате дали вашиот партнер планира да ве запроси? https://arhiva.vistina.com.mk/se-prashuvate-dali-vashiot-partner-planira-da-ve-zaprosi/ Wed, 23 Nov 2022 13:40:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277144

Ќе се изненадите како се мажите се однесуваат во периодот на подготовка, па доколку забележите дека тој се однесува чудно и невообичаено обрнете внимание на овие знаци: Се однесува нервозно Доколку прашате момче кои се најзастрашувачките работи во неговиот живот тој ќе ви одговори дека првата е кога за прв пат поканува девојка на состанок, а втората е кога ја запросува. Токму и затоа нервозата се задолжителен дел. Замислете колку време го подготвувал настанот, па потоа потрагата по вистинскиот прстен и сето тоа заедно со многу измешани емоции, паника и стрес. Грижа за финансии Тој одеднаш започнува да се грижи за финансиите и започнува да штеди пари. Доколку забележите дека вашето момче избегнува да троши пари како досега, а не ви кажал дека има во план поголем трошок, тогаш сигурно заштедува за вашиот прстен. Поинакво однесување на туѓите венчавки Можеби досега одел на венчавки само затоа што вие сте го натерале, но сега неговото однесување е променето. Доколку се повеќе ве прашува за самата венчавка, за тоа кои традиции сакате да ги задржите, за уредување на просторот на венчавка и воопшто за целата церемонија тогаш тој со сигурност е во фаза на подготовки. Покажува повеќе грижа Со текот на времето можеби тој ќе заборави да ја отвори вратата за вас, да ги измие чиниите или да го исчисти нередот зад себе, но тоа нема да го стори доколку планира да ве запроси. Наеднаш ќе забележите дека тој прави се што може со цел повеќе да ве разгали и да ви направи да ви биде удобно. Чудно се однесува кон пријателите Ако забележите дека тој се однесува чудно кон пријателите и почувствувате некаква тензија во атмосферата тогаш тоа е уште еден знак. Вашето момче сигурно не е сам во целата ситуација, тој веќе ги повикал и пријателите на помош, токму и затоа ви изгледа дека тој се однесува невообичаено. Драстични промени Кога мажите се одлучуваат на ваков голем чекор тие несвесно се одлучуваат и да стават крај на некои дотогашни работи. Доколку петок вечер ви бил резервиран за излегување тој можеби ќе посака да останувате дома што повеќе бидејќи се подготвува на следниот чекор во вашата врска. Ако се почесто ги користи зборовите „наше”, „ние” наместо „мое” или „јас” тоа ви е огромен знак дека прстенот е на патот. Разговори за иднината Кога вие сте почнувале разговори за иднината тој веројатно веднаш ја менувал темата, но овој пат е сосема поинаку. Тој се почесто ве прашува за вашите планови, кариерата, соништа и желби. Токму овие разговори се оние кои водат кон заедничкиот живот. Тој чепка низ накитот Со сигурност ќе го забележите како константно чепка низ вашиот накит и скоро секогаш има празни изговори кога ќе го прашате што бара. Тој разгледува што имате, каков накит најчесто носите и секако бара прстен што би му послужил како пример околу точната големина. Закажува семеен ручек Можеби досега тој ги откажувал семејните ручеци со неговите или вашите родители, но сега се почесто сака да одите кај родителите на гости, да се дружите со другите блиски роднини и се обидува колку што може повеќе да биде добар пријател со вашите родители. Големиот план Лесно би можеле да го откриете големиот план, односно денот кога тој планира да ве запроси. Тој наеднаш ви кажува дека резервирал во некој луксузен ресторан или букирал соба надвор од градот или ви кажува дека ќе заминете на патување. Во деновите како Нова година, Валентајн, годишнината на вашата врска и слични датуми кои ви се од голема важност доколку тој испланирал нешто неочекувано, тогаш бидете сигурни дека тој ќе ве запроси. извор:попара.мк]]>

Стјепан Хаусер ќе се жени: Ја запроси девојката, а побарал и благослов од родителите?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stjepan-hauser-kje-se-zeni-ja-zaprosi-devojkata-a-pobaral-i-blagoslov-od-roditelite-foto/ Fri, 30 Sep 2022 09:11:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269454

По раскинувањето на свршувачката и врската со Јелена Розга, хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, познат во целиот свет, стана вистински магнет за понежниот пол. Бидејќи од тој момент никој не можеше да го види во друштво на дама, освен кога прави промо кадри за „Инстаграм“, многумина заклучија дека тој „скока од цвет на цвет“ и дека ниту една жена се уште не го заслужила неговото внимание до тој степен љубов и внимание да се презентира во јавноста. Нема сомнеж дека Стјепан со години ужива во улогата на заводник и таканаречен „вечен ерген“, а очигледно тоа наскоро ќе се промени. Стјепан Хаузер се жени е вест која како бомба одекна на Балканот, се поради неколку фотографии кои сведочат за запросувањето. Имено, виолончелистот ја побарал раката на убавата бринета пред објективот на својот фотограф, додека двајцата заедно позирале покрај скап автомобил. Секако, одговорот беше потврден и тоа беше доволно за да почнат шпекулации на таа тема во Хрватска, а сега и кај нас. Прашања од типот дали свекорот и свекрвата ја запознале невестата, дали дале благослов и дали заљубениот пар ќе се венча околу Нова Година или на пролет, се разбира дека немало одговор од виолончелистот. Во одреден момент, на жалење на обожавателите на музичарот, се дозна дека веста „Стјепан Хаузер се жени“ е само уште една од шегите на шармантниот Хрват, познат по својот специфичен хумор, кој на овој начин ја постигнал својата цел , што тда пишува и зборува за него. фото:Instagram/Стјепан Хаусер]]>

Едниот од браќата од „Некст Тајм“ реши да се жени: По долгогодишната врска близнакот ја побара раката на Андреа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/edniot-od-brakjata-nekst-tajm-reshi-da-se-zeni-po-dolgogodishna-vrska-ja-pobara-rakata-na-andrea-foto/ Wed, 21 Sep 2022 08:14:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267909

По повеќе од седум години врска, едниот од браќата „Некст тајм“, гитаристот Мартин Филиповски реши да се жени. Тој ја побара раката на својата сакана и долгогодишна девојка, ракоментарката Андреа Белеска, а моментот од запросувањето тој го објави на својот Инстаграм профил. Мартин и Андреа се заедно речиси осум години, а низ годините заедно нивната врска успеа да функционира и на далечина, бидејќи Андреа играше за шведски женски ракометен клуб, па според ангажманите доаѓаше и во Скопје.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by маRтин (@martin_filipovski)

Андра по потекло е од Кичево, а во својата спортска кариера честопати е прогласувана за најдобар играч во тимот. Мартин и Стефан славењето го започнаа заеднички со нивниот 36-ти роденден, а деновите за убави мигови за паметење продолжија со запросувањето.
 
Честитки! фото:Инстаграм/Мартин Филиповски]]>