започнува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 Oct 2023 11:38:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png започнува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>

Вечерва во Драмски театар започнува регионалниот театарски фетивал „Рута“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-dramski-teatar-zapochnuva-regionalniot-teatarski-fetival-ruta/ Tue, 03 Oct 2023 12:12:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320896

Вечерва во Драмски театар започнува регионалниот театарски фетивал РУТА! Празник за сите кои го сакаат театарот!
Драмски со премиера на претставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ ја отвора РУТА. Играат Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ.
Во Скопје веќе започнаа да доаѓаат ансамблите на членките на РУТА: Београдско драмско позориште, Улисис од Хрватска, Камерни 55 од Сараево, Местно гледалиште Љубљана, Градско позориште Подгорица како и ансамблите и фестивалите што годинава учествуваат во претставите како копродукции, Народно позориште Ниш, Сараевски ратни театар и фестивалот Барски љетопис.
]]>

30-то јубилејно издание на „Охрид фест 2023“: Сите се добредојдени, влезот е слободен https://arhiva.vistina.com.mk/30-to-jubilejno-izdanie-na-ohrid-fest-2023-site-se-dobredojdeni-vlezot-e-sloboden/ Thu, 31 Aug 2023 10:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316108

Еден ден пред официјалниот старт на јубилејното, 30-то издание на „Охрид фест“: сцената на Долни Сарај е во полн блесок, водителите Ирена Спировска (Фолк вечер), Маријана Станојковска, Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ)- ги повторуваат ударните реплики, организаторите ветуваат две фантастични вечери полни со добра музика, а фактот дека влезот слободен, најавува добредојде за сите! Фестивалот, изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.
Во првата , Фолк вечер ќе слушнеме 19 новосоздадени песни, што ќе ги изведат Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група Сарај Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска - Новица Василевски и Наум Петревски - Лилија Семкова а во ревијалниот дел ќе настапи Сузана Спасовска. „Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали и надвор од границите и еден од значајните симболи на Охрид кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија.
Втората, Интернационална вечер, ќе слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“, и Дадо Топиќ годинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот.
Преносот на фестивалот е преку националниот сервис МТВ, а голем интерес за него го потврдуваат и странските телевизии што го пренесуваат, па така „Охрид фест“ се гледа и во Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора, Словенија, Албанија, Бугарија, односно преку - ТВ Црна Гора, ТВ 3,Би-ем -си мјузик, Би ем си- Етно, Хит ТВ, Нон Стоп ТВ, ТВ 3 , Net.tv Slovenija... Првата вечер преку директен пренос се емитува на првиот канал на МТВ од 20.15, а во истиот термин, следниот ден, сабота- 2 септември, Интернационалната вечер ќе се емитува на третиот канал на државен сервис а преку сателитскиот канал ќе може да се проследи и во Америка и Канада. „Охрид- фест“ повикува - да гледате, слушате и уживате!

Вечерва во Штип започнува 37-то издание на „Макфест 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-shtip-zapochnuva-37-to-izdanie-na-makfest-2022/ Fri, 21 Oct 2022 10:12:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272421

Вечерва,петок, 21 октомври 2022 година  во Штип започнува 37-то издание на еден од најреномираните фестивали во македонската музичка историја - „Макфест 2022“. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ вечерва (21-ви октормври) ќе се одржи првата вечер од фестивалот, односно вечер на млади ѕвезди, на која учество ќе земат нови музички надежи. Следната вечер, односно во сабота на 22-ри ќе се одржи ревијалната вечер на која ќе учествуваат веќе етаблирани имиња од македонската естрада. На сцената ќе ги видиме Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Викторија Лоба, Пајак и Лара Иванова, евровизиската претставничка Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, атрактивната Андријана Петрушовска, а ќе има и гостин од регионот, односно пејачот на легендарните „Бело Дугме“, Ален Исламовиќ... Само шест учесници од првата вечер кои ќе имаат најмногу бодови, ќе имаат привилегија да учествуваат и на втората вечер од фестивалот, односно сцената ќе ја делат со музичките ѕвезди од естрадата... Инаку ова 37-мо издание на фестивалот ќе биде различно по многу работи. Прва и основна е тоа што втората вечер ќе биде ревијална, нема да има победници. Исто така радува тоа што скоро сите песни на изведувачите се модерни и по терк на светските хитови. Исто така новина е што фестивалот ќе го водат дури пет водители. Двајца главни водители - познатата Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека пак презентери ќе бидат: Лила Филиповска, Миланка Рашиќ, Јана Бурчевска и познатиот ракометар Борко Ристовски, кој навистина ќе биде интересно да се види во една сосема поинаква улога. Уметнички директор на фестивалот е познатиот музичар и композитор, Роберт Саздов. Она што можеби многумина ќе ги изненади е тоа што на една иста сцена ќе застанат „лутите ривалки“, Марјана Станојковска и Лила Филиповска. За нивниот однос со години се зборува, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека двете речиси никогаш не се видени како се дружат во приватниот живот... Судејќи по сето ова, не очекува едно различно и возбудливо издание на фестивалот, па затоа не пропупштајте ја можноста да го проследите!]]>

Регионална трка за таленти: Во недела, 20. март започнува IDJShow https://arhiva.vistina.com.mk/regionalna-trka-za-talenti-vo-nedela-20-mart-zapochnuva-idjshow/ Sat, 19 Mar 2022 10:51:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243642

Целта на првите епизоди од ова натпреварување е да се изберат 24 натпреварувачи кои ќе имаат можност заедно да настапат на големата сцена со помош на IDJCoach. Од над 1.500 кандидати кои се пријавија на аудиции, најдобри ги избраа Реља, Теодора и Дарко Димитров. Публиката ќе има можност да ги запознае овие натпреварувачи преку воведни емисии. Само 12 од нив ќе работат на создавање ѕвездена патека во концептот на натпреварување, што досега не е виден на овие простори. По аудициите и првата студиска епизода, започнува натпреварувачкиот дел од IDJShow, односно епизодата од по 90 минути, со 12 фаворити. По секоја епизода и изведба поените ќе им ги даваат менторите, но и публиката со нивните кликови, лајкови, споделувања и прегледи. Популарноста на социјалните мрежи е она што ќе ги задржи конкурентите во идната игра или ќе ги исфрли од неа. Кандидатите, исто така, ги добиваат своите профили на тековните социјални мрежи од нула следбеници и го избираат својот nickname @idj со кој ќе ја започнат својата кариера. Во рамките на натпреварот е и IDJCoin, кој ја претставува заедничката популарност на сите кандидати. Токму оваа популарност ќе и даде вредност на IDJCoin, која на крајот е наменета за победникот или победникот од првата сезона на IDJShow! Во емисиите до крајот на сезоната кандидатите ќе добијат различни музички задачи. Она што се издвојува и што го одвојува IDJShow од другите музички натпревари е тоа што кандидатите добиваат своја песна, видео, дури и дует со познат изведувач, значи кариера пред финалето на серијата! Милион евра ќе бидат вложени во нивните кариери во песни, секунди на телевизија и спотови, додека на месечно ниво ќе имаат одреден буџет кој ќе го користат за маркетинг и продукциски цели со помош на своите соработници. Целта на овој револуционерен натпревар е да се создадат нови музички ѕвезди, а преку ова шоу учесниците ќе ги развијат своите дигитални платформи, а со тоа ќе добијат можност од титулата микро-инфлуенсер да се стекнат со титула на голема ѕвезда на јавната и музичката инфлуенсер сцена.

Денес започнува пролетта https://arhiva.vistina.com.mk/denes-zapochnuva-proletta/ Sat, 20 Mar 2021 10:59:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195159

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 10 часот и 37 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во пет часот и 32 минути, кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне во последниот викенд од месецов ноќта меѓу 27 и 28 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред. Се очекуваше од оваа година да биде последно помесување на времето. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.