започна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 10:52:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png започна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На македонската “Гранд ѕвезда“ Елена Миленковска новата 2024-та година не можеше да и започне поубаво: „Бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskata-grand-zvezda-elena-milenkovska-novata-2024-ta-godina-ne-mozheshe-da-i-zapochne-poubavo-baknezh-i-snajka-za-dvojna-lubovna-bajka-foto/ Tue, 02 Jan 2024 09:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333236

Македонската пејачка Елена Миленковска е една од оние ретките на  која регионалното музичко талент натпреварување „Ѕведите на Гранд“ и донесе двојна среќа. Со учеството и забележителните настапи во него стана регионално позната и популарна и надвор од границите на Македонија, а во истото го запозна својот сегашен сопруг Гуте Маринковиќ, со кого се вљубија, земаа и подоцна како плод на брачната среќа добија две прекрасни дечиња, Максим и Миона. И додека баба и дедо од Скопје беа дојдени во Белград каде сега Елена и Гуте живеат и работат за да ги чуваат внуците зашто младата естрадно-брачна двојка имаше работни ангажмани за новогодишните празници и деновите пред и по нив, Елена и во првиот ден од Новата 2024-година имаше причина за двојна среќа! Едноставно новата година на македонската “Гранд ѕвезда“ не можеше да и започне поубаво. Елена во првото јануарско утро доби бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка! Имено нејзиниот брат Дејан во Скопје решил да ја запроси својата девојка  Андријана со што ја изненадил не само неа туку и целото семејство, па и сестра му Елена која воодушевена од гестот, радосната вест ја споделила на своите Инстаграм приказни со фотографија и пост: „Поубаво не можеше да почне годинава. Си добив и снајка. ве сакам и нека ви е со среќа“ - напишала гордата сестра. Она што првиот ден во Новата 2024-та двојно и го направи среќен радосен и љубовен, беше моментот кога нејзиниот син максим стана од спиење, па веднаш дотрча до мама Елена за со еден тополи искрен бакнеж да и ја честита Новата Година. „Прва фотографија во оваа година. Целата нека биде вака љубовна“ - споделила во постот покрај фотографијата пресреќната мама Елена, на која  навистина Новата 2024-та година не можеше да и започне поубаво... Со бакнеж и снајка за двојна љубовна бајка! Нека е со среќа и целата нека биде навистина ваква... Неизмерно љубовна! Фото: Инстаграм/elenamilenkovskaa]]>

„Танцот на ѕвездите“ низ животот: Сара Мејс славеше роденден, сопругот Димитар Атанасовски и го честиташе со емотивно видео од местото каде љубовта се роди (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tancot-na-dzvezdite-niz-zivotot-sara-mejs-slaveshe-rodenden-soprugot-dimitar-atanasovski-i-go-chestitashe-so-emotivno-video-od-mestoto-kade-ljubovta-se-rodi-video/ Fri, 21 Oct 2022 07:50:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272333

Македонската харфистка и поп пејачка Сара Костадиновска, попозната како Сара Мејс која пред два месеци се реализираше како мајка по вторпат, откако на свет го донесе синчето Кирил, сега славеше роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, без оглед дали тие ги кријат или јавнмо кажуваат, ама затоа се брои нешто друго. Најмногу честитките, прегратките и бакнежите кои ги добиваат од драгите луѓе околу нив, кои им се повеќе или помалку блиски, но доволно искрени да им посакаат остварување на најубавите роденденски желби. Токму такви Сара за роденденот доби многу, но една е секако посебна и специјална! Нејзиниот сопруг,  водителот и марктетинг директор Димитар Атанасовски покрај оние директно упатените „во четири очи“, на својата убава сопруга и сподели јавна роденденнска честитка со која буквално ја трогна! Имено, се работи за едно видео, кое датира од времето на нивното прво запознавање или поточно, првите „средби од трет вид“ и тоа од местото каде нивната љубов ќе се роди. Оние кои се сеќеваат, паметат дека обајцата беа дел од лиценцираното музичко - танцово шоу, „Танц со ѕвездите“ кое ТВ гледачите го паметат како еден од најуспешните забавни проекти  на МТВ последниве години. До душа, нивната прва официјална средба била во емисијата „Тротоар“. Сара била гостинка, а Димитар водител на емисијата. Сепак, почнале да излегуваат години подоцна, за време на емитувањето на  „Танцот со ѕвездите“ каде и двајцата се натпреваруваа. „Често се гледавме, па така почна да се развива љубовта. Првиот бакнеж ни беше по завршувањето на емисијата посветена на англискиот валцер“ - ќе открие своевремено Сара. Токму со видеото кое „му го позајмил“ тогашниот танцов партнер на Сара, Мишо Спасовски, водителот ја потсети својата сопруга на времето и местото каде се' започна... Местото каде нивната љубов ќе се роди! На една од танцовите пробите за  „Танцот на ѕвездите“! „Драга Сара, ти посакувам… ма знаеш што се’ ти посакувам, а и тоа што не ми текнало, ти можеш сама да си го оствариш... Биди ни вечно здрава, насмеана, смела, инаетлива кога сакаш да си го оствариш своето и учи ги нашите деца да бидат точно тоа што си ти - бестрашна лавица!  Среќен роденден (кој иако е само бројка), партнерке во се“ - напишал во честиткта до својата сопруга водителот. При тоа му се заблагодарил и на нејзиниот танц-партнер за видеото и коментарите: „П.С. Мишо Спасовски -  фала ти за коментариве, одамна не сум го глеал видеово“ - додал Димитар. Славеничката по ова очигледно остана без зборови... Стаписан од среќа, Сара само во една реченица му возвратила на својот сопруг благодарност што направил повторно да заплови низ спомените: „Зашто ме расплакуваш вака сега? Те сакам најмногу на свет, бе“ - напишала таа, додавајќи љубовни емотикони со срциња. Исти онакви, како што нивните срца за прв пат затреперија токму на тоа место - „Танцот на ѕвездите“, од каде започна и нивниот „љубовен танц низ животот“!
Фото: Инстаграм принтскрин/Sarah Mace/dimitaratanasovski_  ]]>