запалил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Dec 2022 11:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png запалил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сузана Манчиќ ја прогонувал насилник – и го запалил автомобилот па и оставил и заканувачки пораки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-manchikj-ja-progonuval-nasilnik-i-go-zapalil-avtomobilot-pa-i-ostavil-i-zakanuvachki-poraki-foto/ Mon, 05 Dec 2022 11:49:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278690

Популарната водителка Сузана Манчиќ првпат отворено проговорила за трауматичното искуство што го доживеала. Познатите жени многу често се мета на разни критики, осуди, но и психичко малтретирање преку социјалните мрежи. Во таква ситуација се нашла и популарната водителка Сузана Манчиќ, која за прв пат отворено проговори за трауматичното искуство. Имено, поранешната Лото девојка била малтретирана од непознат маж по телефон, испраќајќи ѝ вознемирувачки и заканувачки пораки кои со текот на времето станувале се поопасни. И не само тоа, за работите да бидат уште поморничави, вакви пораки почнаа да пристигнуваат и до нејзините наследници. - Не знам како тој човек успеа да го најде мојот телефонски број. Тој бараше да се види со мене, а откако сфатив со кого имам работа, не одговарав ниту на пораките ниту на повиците. Меѓутоа, пораките од час во час стануваа се поопасни. Тој напиша дека знае каде живеам, каде се движам, дека главата ми е во торба, дека никаде не сум безбедна. Ужасно се плашев, пред се за безбедноста на децата бидејќи се чинеше дека оваа личност е подготвена да ги изврши заканите. Работата да биде уште полоша, некој потоа ми го запали автомобилот пред мојата куќа, па прогонот беше само шлаг на тортата. Потоа се обратив во полиција - рекла Сузана. -Потоа својата агресија и гнев ја пренасочи кон мојата колешка и пријателка Драгана Катиќ. Страшно е кога некој ќе ве доведе во ситуација да живеете во страв. Постојано сте во грч – објаснила таа. Преку социјалните мрежи, ситуацијата со психичко малтретирање што ја доживеала Манчиќ постојано се влошува. И покрај возраста и животното искуство, човекот не може да остане имун на закани, дури и ако тие се безопасни. - Агресија и гнев секогаш ќе има, но мораме некако да ги спречиме, а не да се браниме од нив. Ако ви се случи нешто лошо, ако некој сака, ве малтретира или ви се заканува, треба веднаш да реагирате – изјавила водителката. Фото: Принтскрин/Владимир Спорчиќ]]>

Уапсен Ламбе Алабакоски: Пејачот ја запалил вратата на „Ванчо Михаилов“, културниот центар на Бугарите во Битола!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/uapsen-lambe-alabakoski-pejachot-ja-zapalil-vratata-na-vancho-mihailov-kulturniot-centar-na-bugarite-vo-bitola-foto/ Tue, 07 Jun 2022 09:26:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253307

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен сторителот кој ја потпали влезната врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. „Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, објави министерот Спасовски. Како што објави „Слободен печат“ неофицијално се дознава дека уапсениот е популарниот македонски пејач Ламбе Алабакоски кој неодамна се врати со семејството од САД во родниот крај и изјави дека повеќе сака да живее во Македонија. Описот на лицето што го запалило влезот на клубот на Бугарите во Битола, го даде бугарската министерка Теодора Генчовска која веднаш по настонот се упати од Скопје во Битола каде беше брифирана за сторителот во полициската станица. Палењето на влезната врата од клубот „Иван Ванчо Михајлов“ предизвика остри реакции кај бугарските политичари кои инцидентот го оценија како варварски чин и провокација, но и кај македонскиот државен врв кои го осудија уништувањето на клубот на Бугарите во Македонија кој пред месец дена помпезно беше отворен со присуство на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, премиерот Петков и министри во неговата влада. Инаку, пејачот настапи како 19-ти изведувач по ред на фестивалската вечер на Фолк фест  Валандово, на 5-ти јуни (недела) со песната ,,Нема збогум”., а беше најавен дека ќе настапи на големиот концерт на групата „Меморија“ оваа сабота како еден од изведувачите кои требаше да ја загреат атмосферата пред почетокот на концертот. Извор: Слободен печат Фото: Јутјуб принтскрин/ Инстаграм/lambealabakovski]]>