жанко зш голабоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Apr 2021 09:01:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жанко зш голабоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Охридскиот радио и ТВ водител Жанко – Зш во специјален аутфит дојде во Скопје на пелцување: Благодарност до другарот Путин за донацијата, без која ќе ни пропаднеше вакцинацијата! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridskiot-radio-i-tv-voditel-zanko-zsh-vo-specijalen-autfit-dojde-vo-skopje-na-pelcuvanje-blagodarnost-do-drugarot-putin-za-donacijata-bez-koj-kje-ni-propadneshe-vakcinacijata-foto/ Tue, 13 Apr 2021 08:32:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198706

Вакцинацијата во Македонија конечно почна, па Ковид-19 голготата низ која сите минуваме, очекуваме полека да ги намалува своите размери. Вакцини власта се' уште не набавила, или барем не пристигнале, а она што е пристигнато се донациите од неколку земји и нивните влади. Најмногу од Србија и Русија, нешто од Емиратите кои ќе ја спасуваат ситуацијата, за да не застане вакцинацијата на Заев и Филипче. По здравствените работници, војската, полицајците, пожарникарите... на ред дојдоа и новинарите. До душа само оние повозрасните од 40 години и хронично болните, а познавајќи ја тежината, природата и ризиците на професијата, во неа бргу се губи здравјето... И од вообичаените, хронични болести и особено од короната. Нејсе, меѓу сите кои влегуваат во споменатата новинарска категорија со примат за вакцинирање со руската вакцина “Спутњик V“  и тој... Охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „Зш“ Голабоски се појави во арената „Борис Трајковски“. Организацијата, рака на срце - беспрекорна, а протоколот - испочитуван, па Жанко од Скопје за Охрид се врати уредно пелцуван! При тоа уште со самата појава во салата како што е редот за него, Жанко го привлече внииманието. И со својата специфична појава, ама и со својот уште повпечатлив „ваксинајс аутфит“. Имено, знаеејќи со која вакцина ќе ги вакцинираат новинарите, односно кој тип вакцина ќе прими, охридскиот водител соодветно се подготвил. Специјална маичка со ликот на рускиот претседател, другарот Владимир Путин и натпис: „Се' оди според планот“! За време на имуназацијата, Жанко направи едно-две селфија за спомен и долго сеќавање или фотографии за сопствена докумунтација, па подоцна истите ги сподели на социјалните мрежи. И од она како дома се облекол и подготвил за вакцинирање во Скопје и миговите на за време на вакцинацијата, па на така стокмениот фотоколаж му допишал зборови на благодарност на рускиот вакцинодавател, воедно и руски претседател, другарот Владимир Путин, без чија донација ќе пропаднеше оваа вакцинација: „Благодарност до другарот Путин за вакцинирањето со Спутњик V. Ви посакувам добро и здравје на сите. Ве поздрави Путин и ви посака добро здравје на сите“ - напиша Жанко - Зш на својот Фејсбук профил споделувајќи ги претходно опишаните фотографии. Друг новинар со слична маичка на вакцинацијата како онаа на Жанко со ликот на Путин и натпис: „Се' оди според планот“ - не видовме... Никој не носеше маичка на пример, со ликот на Филипче и натпис: „Сe' е под контрола“! Фото: Фејсбук принтскрин/Zanko Zsh Golaboski  ]]>