жанко голабоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 May 2023 10:00:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png жанко голабоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 18 години „Охриде, не бери гајле“ на Супер радио https://arhiva.vistina.com.mk/18-godini-ohride-ne-beri-gajle-na-super-radio/ Tue, 16 May 2023 10:00:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302180

Изминаа полни 18 години од стартот на радио емисијата „Охриде не бери гајле“ на охридското Супер радио, водечкиот медиум во овој дел на државата. Жанко и утринската екипа и понатаму остануваат верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет. Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации од спортот, локални вести, проверени информации и многу забава. „За нас е многу важно да го започнеме секој ден со насмевка, убава музика и позитивна енергија. Убаво е што емисијата и целокупната програма ја создаваме заедно со нашите слушатели, и тие ја прифаќаат како своја. Годиниве кои се зад нас имавме многу поддржувачи и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме и понатаму“ - вели Жанко. "Супер радио и понатаму останува водечки медиум во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен неделен досег од 19,1% и дневен од 8,8%, охридското Супер радио и во периодот јануари-март 2024 година останува број 1 медиум во својот регион и еден од најпопуларните во Република Македонија. Податоците се објавени во последната официјална анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални радио и Тв станици во вкупната слушаност и гледаност во периодот јануари-март 2023 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Република Македонија. Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот.]]>

Охридска итрина среде Грција: Жанко – „З’ш“ го развеа македонското знаме на врвот на Олимп меѓу боговите, па сомбрерото го стави на „вистинско место“ на брегот, покрај брановите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridska-itrina-srede-grcija-zanko-z-sh-go-razvea-makedonskoto-zname-na-vrvot-na-olimp-megju-bogovite-pa-sombreroto-go-stavi-na-vistinsko-mesto-na-bregot-pokraj-branovite-foto/ Thu, 01 Jul 2021 07:19:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209122

Откако пред извесно време ја прими и втората доза на руската вакцина, охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „З'ш“ Голабоски така уредно пелцуван тргна во нова авантура. Меѓу останатото, познат и како непоправлив „трагач по возбуди“, Жанко реши да ја освои и Грција... Или поточно, јужните соседи да ги „гледа од високо“, па своите алпинистичко - качувачки вештини ги пушти на најсилно и се здаде во нов планинарски поход - да го освои Олимп! Нималку лесна задача, ама затоа предизвикот поголем од препреката, а инаетот и желбата посилни од сите напори... И Жанко тргна... Охрид, Солун, Паралија, Литохоро... и конечно Олимп! Искачен на еден од највисоките врвови на вечниот Олимп -  Митикас (2918 метри) охридскиот водител стигна на гости во домот на боговите! А таму итриот Жанко направи договор, многу подобар од „Преспанскиот“  со најпрочуениот во грчката митологија, Зевс - кралот на боговите, владетелот на Олимп и богот на небото и громот. Тој ни прати нам поздрави од својот планински престол, а Жанко во наше име гордо го развеа македонското знаме... на врвот на Олимп, среде домот на боговите! Откако ги пренесе поздравите од „другарот Зевс“ покрај кого блескаше македонското сонце, Жанко тргна назад, надолу кон морето, па пред сончевите зраци зад хоризонтот да се скријат, застана да се одмори во Паралиа! Кога стигна,  исцрпен од авантурата, посла пешкир и се испружи на песочната плажа покрај брегот, онака како што тоа го први и во својот Охрид многу често, а сомбрерото го стави „на вистинското место“! Нееее... не на главата, неа ја заштити со шамија, очите со очила за сонце, а шапката сламена, овој пат имаше... „малку поинаква“ намена! За храбриот планинар да не стане „црвен жар“ без потреба, таму кај што не треба! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/zankogolaboski
     ]]>

“Имат- Немат„ ново музичко шоу на ТВ Алфа https://arhiva.vistina.com.mk/imat-nemat-novo-muzichko-shou-na-alfa/ Mon, 01 Mar 2021 13:21:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191881

Македонска музика, хумор, забава се нешта кои недостасуваат на Македонските ТВ канали. “Ин продукција” го реализира новото телевизиско шоу кое наскоро ќе започне со емитување на тв Алфа. Станува збор за музичко шоу во кое учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди, Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова… Телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш, кој воедно е задолжен и за хуморот во емисијата. Веќе се снимени четири епизоди, по протокол за состојбата во која моментално се наоѓаме. Емисијата освен на “Алфа” ќе се емитува и на сателитската “Ин Тв” и “Фолк клуб”. https://www.youtube.com/watch?v=RYrxuZxoriE&feature=emb_logo]]>

Ова слатко детенце денес е познат македонски радио и ТВ водител… и голем шегаџија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-slatko-detence-denes-e-poznat-makedonski-radio-i-tv-voditel-i-golem-shegadzija-foto/ Wed, 02 May 2018 07:10:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24336

Старите фотографии од детството се тие кои не враќаат во најубавите години... време на безгрижност, игри, дружење со другарите, за некого можеби и време на првата љубов... Тие се тука да не потсетат дека времето лета, а со годините и ние се менуваме. И како личности, но и физички. некој добива, како вишок килограми на пример, некој губи, како забите или косата...
Ама не е важно важно е да се зачува физичкото здравје, кондицијата и здравиот дух... Се друго се надоместува! Но старите фотографии понекогаш можат да послужат некому и како доказ. Како на пример, на популарниот охридски радио и ТВ водител Жанко „З'ш“ Голабоски.
Познат е како голем љубител на природата, ама и голем шегаџија, најчесто, на сопствена сметка. Така и овој пат, Жанко реши на сите „неверни Томовци“ да им покаже и докаже дека некогаш и тој имал коса, а немал брада и мустаќи! Добро не баш кога се родил, ама посочената фотографија е некаде од првите училишни или последните предучилишни, првоодделенски денови.
Охридските сеирџии пак, не би биле тоа што се, да не му вратија со нова „закачка“, задевајќи го дека „мамит“!
Жанко пак, одново им врати, дека ако не веруваат каков бил како дете, сега ќе им покаже каков ќе биде како старец. И направи нов фото-скок... Од минатотото, директно во иднината!