занимливости – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Mar 2020 11:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png занимливости – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Занимливости за сексот кои најверојатно не сте ги слушнале досега https://arhiva.vistina.com.mk/zanimlivosti-za-seksot-koi-najverojatno-ne-ste-gi-slushnale-dosega/ Wed, 18 Mar 2020 13:15:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140205

Сексот е секогаш актуелна тема. Научниците постојано ги откриваат и најдлабоките сексуални тајни. Еве неколку занимливости кои можеби не сте ги слушнале досега. - Околу 1% од жените доживуваат оргазам со стимулирање на брадавиците - Женскиот оргазам во просек трае помеѓу 10 и 15 секунди - Жените освен еден подолг оргазам можат да доживеат неколку во пократок период - Дури 12% од жените користат мобилен во текот на секс - 15 проценти од мажите имаат подолг пенис од 17,78 сантиметри - Дури 22 проценти од жените спијат со некој маж поради сожалување - Најчеста причина за повреди на пенисот е поради честа мастурбација - Вагината од сексулната возбуда се зголемува за 200% - Дури 73 проценти од жените имаат секс за една ноќ - Спермата содржи повеќе од 30 состојки меѓу кои се витамин Б12, млечна киселина, креатин и холестерол - Еден од 100 мажи имаат главоболка по оргазмот - Вибраторот е измислен во 19 век и се користел за лечење хистерија - Околу 30 минути секс се трошат 200 калории - Околу 12% имаат секс на работното место - Жените во просек имаат 4, а мажите 7 сексуални партнери - Лажичка сперма содржи околу 5 калории - Еден од 50 луѓе имал секс во авион - 47% жени имаат вибратор - Сперматозоидите во женското тело живеат 3 до 5 дена - Жени на возраст помеѓу 19 и 26 години имаат 6% да останат бремени доколку имаат секс еднаш месечно -Повеќе од две третини мажи и жени користат лубрикант за време на секс - Истражувањето покажа дека само 25% жени доживуваат оргазам во текот на сексуалниот однос, додека мажите 85 проценти.]]>

Како настанало сè: 10 занимливости кои ќе ви ги откријат сите тајни за Божиќ https://arhiva.vistina.com.mk/kako-nastanalo-se-10-zanimlivosti-koi-kje-vi-gi-otkrijat-site-tajni-za-bozikj/ Fri, 27 Dec 2019 13:06:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126271

Божиќ е еден од најголемите празници насекаде во светот. Но, дали некогаш сте се запрашале како сето тоа се случило, зошто се слави токму на 25 декември односно 7 јануари и од каде потекнува традицијата за китење елка? Како се појави Дедо Мраз во обликот во кој денес го познаваме и каква поврзаност помеѓу сите овие нешта има Холандија? Еве ги и одговорите: 1. Како прво, дел од православните верници Божиќ го слават на 7-ми јануари затоа што се раководат по стариот Јулијански календар, но сите останати верници го прославуваат овој празник на 25 декември, раководејќи се според Грегоријанскиот календар. Божиќ воопшто не се славел до III век. Во самата Библија не се споменува декември во делот кој се однесува на раѓањето на Исус, па многу историчари веруваат дека Исус, за кого се слави Божиќ, е роден на пролет. Но, она што се случува во декември е Сатурналија, антички римски фестивал што се одржува во чест на богот Сатурн. Овој фестивал во минатото бил повод за размена на подароци и жртвување животни за наредната година да биде плодна и успешна. 2. Првиот божиќен саем бил отворен во XVI век во баварскиот град Нирнберг. Уште во 1570 година, на тој саем се продавале храна и пијалаци на штандови, а со текот на годините саемите во оваа германска област, познати како „кристкиндмаркс“, се прошириле низ цела Европа, а потоа и во Америка. 3. Првото украсување на елка слично како денес е забележано околу 1600 година во Рајнската област во Германија и оттаму оваа традиција се проширила низ целиот христијански свет. Се смета дека Германците за овој ритуал пронашле инспирација во античките верувања. Зимзеленото дрво во нивниот свет ја симболизира плодноста, а гранките биле осветлени со свеќи за да се посака добра жетва и да се одвратат злите сили. Германскиот принц Алберт ја вовел традицијата на китење елки за својата сопруга, кралицата Викторија од Англија, и тоа како традицијата започнало да се шири низ целиот свет. Исто така, кралицата Викторија ја испратила првата официјална божиќна честитка на некој службеник во Англија. 4. Кај нас постојат многу фолклорни обичаи кои се поврзани со Божиќ, како што се: внесувањето слама и бадникови гранчиња во куќата, коледарските песни и огнот. Порано елките се кителе со јаболка, јаткасти плодови и бонбони, а од репка се изработувала ѕвезда која стоела на врвот од елката како алузија на настаните од Витлеем. 5. Најчесто елките ги украсуваме со златни или црвени украси. Но, ова не е случајно. Се смета дека сите овие бои се поврзани со вистинското значење на Божиќ. Црвената боја го симболизира Исус и неговата последна жртва, зелената – живот, а златната – светлина и изобилство. 6. Дедо Мраз всушност е инспириран од Свети Никола. Според легендата, Свети Никола од Патара, град кој денес е во Турција, бил епископ, заштитник на децата и жените, кој решил да им го подари сето свое богатство на оние кои немаат ништо. За него се вели дека починал на 6 декември 343 година, а со текот на годините приказната за неговите дела се раширила низ целиот свет. Токму овој светец одиграл важна улога во Холандија во времето на Реформацијата. Бидејќи неговото име на холандски јазик е „Sinter Klass“,на англиски се именувал како „Santa Claus“, а на македонски е познат како Дедо Мраз. 7. Ликот на Дедо Мраз го искористила Кока Кола, прва компанија во историјата која го претставила овој лик во комерцијални цели. Тие го прилагодиле ликот на Дедо Мраз на студеното време, дизајнирале костим што стана препознатлив низ целиот свет и секоја година редизајнираат божиќни реклами за нивниот производ со Дедо Мраз. Хадон Сундблом, илустраторот кој го дизајнирал Дедо Мраз каков што го знаеме денес, ја одиграл важна улога кога за првпат го илустрирал најпознатиот дедо на светот во 1931 година. 8. Омилениот ирвас на Дедо Мраз, Рудолф, е создаден за да ги охрабри децата и родителите да купуваат боенки со божиќни мотиви во 1960-тите. Но, тој тогаш немал црвен блескав нос. Поточно, во тоа време, црвениот нос бил поврзуван со болести и алкохолни состојби, а бидејќи боенките биле наменети за деца, компанијата „Монтгомери Вард“ сакала да ја избегне таквата асоцијација по секоја цена. Тие, исто така, имале намера ирвасот да го наречат Реџиналд или Роло. 9. Една од најпознатите и најпродаваните божиќни приказни на сите времиња е „Божиќна приказна“ („Christmas Carol“) од Чарлс Дикенс. Приказна го следи животот на старецот Скруџ и трите духови што го водат низ минатото, сегашноста и иднината од неговиот живот. Оваа приказна Дикенс ја пишувал неколку дена и тоа по нарачка. Ја напишал приказната за да ги исплати своите долгови. Во негово време, температурите биле многу пониски отколку што се денес, така што тој редовно имал можност да го доживува вистинскиот бел Божиќ опишан во книгата. Токму овој опис ги поттикнал и другите да пишуваат и зборуваат за „Белиот Божиќ“. 10. За една од најубавите традиционални божиќни песни се смета „Тивка ноќ, света ноќ“. Песната е првично наречена „Stille Nacht, heilige Nacht”и е создадена во малиот град Оберндорф близу Салцбург во 1818 година. Ја напишал свештеникот Џозеф Мохр и за првпат била изведена таму на Бадник од страна на црковен хор. Во 2011 година оваа песна била вклучена во списокот на УНЕСКО за заштитено нематеријално културно наследство. „Тивка ноќ, света ноќ“ е препеана на многу јазици ширум светот. извор:кафепауза.мк]]>