замолчи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Sep 2022 10:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png замолчи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пандев го замолчи Милевски по изгубениот меч против Бугарија и тоа без изустен збор преку директна порака на Инстаграм (ФОТО https://arhiva.vistina.com.mk/pandev-go-zamolchi-milevski-po-izgubeniot-mech-protiv-bugarija-i-toa-bez-izusten-zbor-preku-direktna-poraka-na-instagram-foto/ Tue, 27 Sep 2022 06:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268830

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, македонската фудбалска легенда која неодамна ја обзнани свпојата фудбалска пензија Горан Пандев, преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм му испрати директна порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1). Во објавениот пост Пандев буквално го замолчи Милевски и тоа без изустен збор, споделувајќи само три емотикони со затворен патент на устата кои означуваат: „Замолчи“! Пораката повеќе од јасна иако остана  нејасно дали истата е заради несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации и е на прав пат, или можеби штотуку пензионираната фудбалска легенда е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани вчеравечер на прес-конференцијата, дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите. Инаку, македонската фудбалска репрезентација  учеството во „Лигата на нации 2022“ го заврши на третото место во четвртата група, со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат, откако со вчерапшниот пораз и остави простор на Бугарија да не помине и да го освои второто место во групата зад првопласираната Грузија.]]>