замјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Feb 2023 11:16:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png замјотрес – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По земјотресот во Турција Емина Јаховиќ емотивно скрешена, а плановите комплетно променети (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-zemjotresot-vo-turtsija-emina-jahovik-emotivno-skreshena-a-planovite-kompletno-promeneti-foto/ Wed, 22 Feb 2023 11:16:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290048

Главното оружје на Емина Јаховиќ, покрај убавината и талентот за музика, се и емоциите. Поп-ѕвездата е крајно емотивна, а сите предизвици со кои се соочила на својот животен пат, радости и болки, можела вешто да ги стави на хартија низ годините на кариерата и на тој начин се родиле некои од најголемите хитови посветени на жените. Чувствителна, кревка, а би рекле и ранлива, пејачката моментално минува низ уште еден тежок и многу болен период. Голема е тагата на Емина Јаховиќ во изминатите денови, која отвори рани во нејзината душа и предизвика пресудни промени во претходните планови.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Имено, поп-пејачката пред еден месец најави дека како подарок за оние кои ја сакаат нејзината музика на Денот на вљубените ќе објави дует песна со Ацо Пејовиќ на која работи долго време. За жал, споменатата идеја не се реализираше и причина е тагата на Емина Јаховиќ поради земјотресот кој ја погоди Турција. Татковината на нејзините синови Јавуз и Јаман и нејзините жители се соочуваат со страшна судбина. Многу луѓе ги загубија своите животи и домови, а во таа насока таа сметаше дека е невкусно да се објави нова песна во овој момент, додека турскиот народ страда. Како што дознавме од нејзината колешка Пејовиќ, дуетот најверојатно ќе го здогледа светлото на денот околу 8 март, Денот на жената, а вака Емина им ја објаснила својата одлука на следбениците на Инстаграм. - Моите прекрасни обожаватели и љубители на мојата музика... Добив многу пораки во врска со објавувањето на дуетската песна со колегата Ацо Пејовиќ на Денот на вљубените. Како што сите знаат, Турција беше погодена од два силни земјотреси, еден по друг. Ова е едно од најтешките времиња со кои се соочила оваа земја и јас, како и сите граѓани, сум емотивно скршена. Турција загуби многу животи и претрпе огромни штети. Во следните два дена, доколку работите се подобрат овде, ќе ве известам за датумот на објавување на новата песна. Ви благодариме за разбирањето. Ве сакам Е – напиша пејачката. фото:Инстаграм принтскрин/Емина Јаховиќ]]>